Искреноста е доблест?

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Ако сме искрени секогаш сме грешно протолкувани.
Јас на пример ако сум искрена и кажам нешто нанекого одма ми се лутат..па секогаш сум искрена и затоа може немам многу пријатели.
И да, доблест е според мене што ја нема секој. Не е секој храбар за да ја има..малце луѓе ја имааат
се најдовме,само јас скоро и да ги немам пријатели.сама останав.и не е доблест во ваква средина
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Види, има луѓе со различни темпераменти. Мене рецимо не ме боли за туѓо мислење, но има ликови кои и те како се чувствителни на туѓо мислење. Има луѓе кои ако си намќор можеш да им го контролираш расположението како ќе посакаш, паѓаат на секакви сугестии. Што ќе ме кошта ако му го кажам некому она што тој сака да го чуе? Ништо. Зборувам за примерите кои ги наведов погоре. Ајде сега да и речам на баба ми колачињава ти се срање, или на другар ми брат добра кошулата за бишење прашина. Нема ништо да смени ако го кажеш спротивното мислење. Штознам, јас вака играм...
добро е кога можеш така да играш,јас неможам ни на баба ми а да не и плеснам у фаца.кој се загрижи па јас како се чуствувам,не е:cenzuraам жива сила бе.си кажувам најискрено
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Дали искреноста е доблест,или сепак во повекето случаеви испага дека е маана?
Ви се случило ли заради тоа што претежно сте директни и искрени да бидете погрешно протолкувани а со самото тоа и осудувани?
Се сметата ли себе си за искрена личност?

За мене постојат два вида на искреност.
Искреност до степен на сарказам,само колку да се постигне ефектот за да се биде во центарот на внимание.
И искреност во случај кога се плашиме да бидеме неискрени за да не некој ни ја провали лагата.
Доблест е само во случаеви кога не сме сурово искрени,но секако не и наивни.
Искреноста уствари е мок,сила,но ние лугето најчесто сме слаби
и без тоа сум центар за луѓето,не се плашам да бидам неискрена,сурово искрена зависи како налага ситуацијата ама во секој случај непознавам несурова искреност.и нема ради што да сум слаба за да бидам искрена.искрена сум до коска
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
и без тоа сум центар за луѓето,не се плашам да бидам неискрена,сурово искрена зависи како налага ситуацијата ама во секој случај непознавам несурова искреност.и нема ради што да сум слаба за да бидам искрена.искрена сум до коска
Вака сега,секој за себе си одлучува колку ке биде искрен и кој пат ке го избере.Можеш да пробаш своето мислење да го напишеш во еден пост без да ги цитираш другите а ние пак ке прочитаме и ке го разбериме твојот став.Да не ме сватиш погрешно,не ми е цел да те искарам,оти знам дека си нова и можеби сеуште се прилагодуваш и мислиш дека така треба.Нели плус сакаш да бидам со тебе искрена до коска :)
И јас преферирам искреност,но не до коска.Има некои моменти кога можеби едвај ама успевам да ги премолчам,а тоа не значи дека не сум искрена.
Околу примеров за колачињата на баба ми,се согласувам дека нема потреба да бидам сурово искрена.Немам баба,двете се починати,на едната дури и не се секавам,но со другава гледав да ја избегнам секоја ситуација за да не ја повредам.
Таа беше толку позитивна изнапатена женичка која секогаш се трудеше да не засмејува.Израснала шест деца и на сите по две внуци,некои ги чувала преку цели денови а некои со индирекна помош.Неможев да бидам искрена и да и кажам на баба ми дека ако ми направела пица ке бев позадоволна отколку парчето домашен леб,попрскан со вода и шекер,кога бевме мали уживавме да го добиеме од рацете на баба ми,а сега сум пораснала и тоа веке не чини.Тоа не значи дека ја лажев,и дека не бев искрена,едноставно се трудев да уживам во се што таа нудеше и да имам во предвид низ се што таа поминала во животот за сега да ужива во малите нешта.Попрво ке го изедам парчето леб со шекер,па макар и сосила,нема да ме отруе,отколку да ја повредам со мојата искреност до коска.
Примеров со колачињата и парчето леб со шекер е само еден пример од моментите во кои не чувствувам вина ако не сум искрена.на тоа дури не сметам ни дека сум излажала.
А како што спомна Мортидо,има личности а и моменти во кои мораме да пазиме до кој степен ке сме искрени.Некогаш е доволно само да го исчекаме правиот момент,и да го изнајдиме правилниот начин како ке го кажеме она што е искрено.
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
фала,башка полесно беше да се надоврзам на мисленјата кога цитирав,и да се искажам и јас.во ред јас сум си природна многу и не се трудам да пазам околу искреноста.во принцип несакам да се пазам,е:cenzuraате живот ако се пазам и ако пазам на се,па и да им угодувам на народов
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Зависно во каква ситуација.Навитина треба да се пази и да се одмери до каде треба да оди таа искреност и колку е подготвена таа личност да ја поднесе таа искреност.
Еве на пример од мене барале да бидам искрена и на крај со таа моја искреност сум успеала да повредам до бесвест.
Затоа пазам многу и одмерувам каде и колку да бидам искрена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
искреноста е скап поклон,не го очекувај од ефтини луѓе !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Секој денес очекува да бидеш искрен со него, а кога си-тогаш се лути!

Не мислам дека е доблест... Всушност, многумина се способни да ти плеснат се в лице без срам и перде, но не го прават тоа од она горенапишаново: луѓето не знаат да ја прифатат искреноста!
Дури и да си прашан за искрено мислење од тебе се очекува да го кажеш она што сакаат да го слушнат. Ако не им ја исполниш желбата тогаш си љубоморен, им завидуваш, не им мислиш добро, не си се гледаш себе, туку другите и ред други работи.
Често, дури и пречесто сум отворена и искрена... Независно дали се работи за тоа колку е вкусна тортата на баба ми, дали фустанот на другарка ми е убав или не или пак сум прашана за совет. Секогаш одговарам директно и искрено, зашто тоа е мое мислење, а тебе не мора да ти се допадне. Кога ме прашуваш, слушни што мислам навистина.
И тука доаѓа до конфузија, зашто соговорникот не е спремен да ја чуе вистината.
Малкумина знаат да ја прифатат искреноста која си спремен да му ја дадеш, па затоа колку често што сум искрена со оние кои знам дека ќе ме сфатат на вистински начин толку често одговарам со она што сакаат да го чујат на оние со кои не сум толку блиска или знам дека мојата искреност нема да биде сфатена правилно.
Затоа, на овие вториве полесно ми е да им одговорам по нивно отколку да давам милион објаснувања и да ги трпам нивните намуртени фаци. И онака, никогаш нема да сфатат, зашто и тие кон некој трет не се искрени.
Но, оние кои добро ги познавам и на кои не им пречи искреноста, радо би им објаснила зошто мислам така и притоа сум сигурна дека ќе го прифатат тоа и нема да се налутат.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Искреноста е доблест, и не е секој доволно храбар за да биде искрен. И не знаат сите како да ја користат искреноста.

Некои ја користат како напад и навреда, а некои за давање на комплименти. Ни во еден од овие два случаја "Па искрено..." не е вистина. Или планираш да навредиш некого, или пак се обидуваш да им помогнеш да се чувствуваат подобро - со помош на подлажнување.

1. Наместо искрен одговор ќе добиеш некој поблаг одговор, да се чувствуваш подобро. Или некој да ти побара искрено мислење, ама тајно да се надева дека ќе добие добар и убав одговор.

Или лажеш или некој очекува да ги излажеш. Ништо искрено нема тука. На англиски се вика "sugarcoating". Го преливаш одговорот со шеќер затоа што се плашиш дека некој нема да може да ја поднесе горчливоста.

2. Други ја користат искреноста како напад. И во овој случај искреноста не е искрена, туку се обидуваат некого на го навредат затоа што тоа "Па, искрено.." луѓето го сфаќаат премногу сериозно. Повеќе отколку што треба.

Па, ако му кажеш на некого "Па, искрено..." и потоа наредиш број негативни мислења - шансите се големи дека ќе се почувствува некој лошо затоа што мисли дека некоја личност му дала искрено мислење, кога всушност само се обидувала да си го нахрани егото со тоа што другите ги бутка.

Ви се случило ли заради тоа што претежно сте директни и искрени да бидете погрешно протолкувани а со самото тоа и осудувани?

Да, но не често. Кога си навистина искрен луѓето го знаат тоа. Кога ќе дадеш свое искрено мислење, без да преовеличуваш или да пробуваш да ублажиш - луѓето го знаат тоа и често ќе пронајдат и свое мислење во тоа. Без разлика дали е нешто позитивно или негативно. Се има случувано нешто негативно да кажат за некого и таа личност да се согласи. И на мене ми се има случено тоа.

Сепак, треба да се запомни тоа дека тоа е само нечие мислење. Ако некој го мисли тоа, не мора да значи дека сите ќе го мислат тоа.

Се сметате ли себе си за искрена личност?

Во поголем дел од времето - да.

Сите го повторуваат тоа "Кажи ми искрено", а всушност поим немаат што значи тоа.

И ги има и тие скептици. Веднаш те обвинуваат за лажење секој пат кога искрено ќе им кажеш нешто позитивно.

"Ти велам, навистина убаво изгледаш денес!"
"Значи ме лажеш. Го викаш тоа само затоа што си ми другар/ка и мораш."
"Не, искрено ти викам. Супер изгледаш!"
"Да бе, колку само да се осеќам подобро!"
"Добро, ај, како сакаш..."
"..."
"Ама стварно мислиш дека убаво изгледам!?"
"ಠ_ಠ"
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Други, пак, ја користат искреноста како напад. И во овој случај искреноста не е искрена, туку се обидуваат некого на го навредат затоа што тоа "Па, искрено.." луѓето го сфаќаат премногу сериозно. Повеќе отколку што треба.

Па, ако му кажеш на некого "Па, искрено..." и потоа наредиш број негативни мислења - шансите се големи дека ќе се почувствува некој лошо затоа што мисли дека некоја личност му дала искрено мислење, кога всушност само се обидувала да си го нахрани егото со тоа што другите ги бутка.
"
Ете на ова мислев кога ја напишав искреност до степен на сарказам,за кое Electra кажа дека не ја свака поврзаноста.
Ако не друго,ке ја потсетам од пред извесен период имаше еден случај директно од форумов во кој можеше да увиди искрености до степен на сарказам се со таа една иста цел.Мислам дека ке се сети.
А и не само тој пример,има доста такви.Поточно да дефинирам,искреност со сарказам со цел за директен сеир.Точно дека и ти користиш саркастична искреност,но немам приметено дека е сеирџиска.
Се надевам дека ти разјаснив :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho