Искреноста е доблест?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дали искреноста е доблест,или сепак во повекето случаеви испага дека е маана?
Ви се случило ли заради тоа што претежно сте директни и искрени да бидете погрешно протолкувани а со самото тоа и осудувани?
Се сметата ли себе си за искрена личност?

За мене постојат два вида на искреност.
Искреност до степен на сарказам,само колку да се постигне ефектот за да се биде во центарот на внимание.
И искреност во случај кога се плашиме да бидеме неискрени за да не некој ни ја провали лагата.
Доблест е само во случаеви кога не сме сурово искрени,но секако не и наивни.
Искреноста уствари е мок,сила,но ние лугето најчесто сме слаби
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: freak and kones

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Ако сме искрени секогаш сме грешно протолкувани.
Јас на пример ако сум искрена и кажам нешто нанекого одма ми се лутат..па секогаш сум искрена и затоа може немам многу пријатели.
И да, доблест е според мене што ја нема секој. Не е секој храбар за да ја има..малце луѓе ја имааат
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
деновиве некако ко да намирисав неискреност кај некои членови.

можи сум у заблуда, не велам не.
Тоа не е само деновиве,тоа било и секогаш ке постои :)
Доблест ли е искреноста?
Колку си ти искрена личност во глобала?
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ако си искрен се лутат.
Ако подлажнеш пак се лутат.
Како да погодиш?
Дали сум искрена?Да,секогаш.
Го кажувам она што го мислам и го чуствувам.
Ако на некој не му се допага чао пријатно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Тоа не е само деновиве,тоа било и секогаш ке постои :)
Доблест ли е искреноста?
Колку си ти искрена личност во глобала?
Доблест... не е доблест, но не е нити мана.
Види, треба да се биде искрен, но понекогаш треба да се пази каде се користи.
Постојат чувствителни личности каде што искреноста може да ги повреди, да им го промени расположението. Се случува искреноста некого да го фрли у даун. ... мислам дека кај вакви лица во одредени моменти не треба да се биде искрен ... особено кога е во прашање твое мислење за нешто во врска со него ... затоа тука треба да го прочиташ лицето, да дознаеш кој одговор му прилега и тој да му го дадеш ... ако не ти се свиѓа тортата од баба ти, не е ништо страшно да и речеш дека ти се допаѓа, или пак за некое парче облека од другарка ти кое ти е шит, а таа го сонувала додека го купила ... многу е добро во такви ситуации да се знае како да се изигра за да не биде никој повреден ... а тоа што нема да го кажеш твоето точно мислење не е ништо страшно.

Јас, како што кажав погоре, во одредени ситуации знам да кажам нешто што не го мислам за да не му кршам филм некому и сл. А што се тиче неискреност од типот на лажење во врска со некои лични работи од животот не ми се десило. Задоволен сум од сопствениот живот и не сум почувствувал потреба да го надградувам со некои фиктивни ствари.
Сепак, најдобро е лично да го познаваш човек за да го знаеш дали е искрен или не, овде е само пласирана информацијата, па дали ќе веруваме или не тоа си е наш проблем.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Мортидо се океј тоа што го кажа но ако излажиш мислиш ли дека си завршил голема работа?Јас мислам дека не.Каква и да е вистината мора да се каже колку и да е сурова.
Ако те фати во лага после и секогаш да ја зборуваш вистината нема да ти верува.
Ти што би сакал повеке?да ти ја кажуваат вистината или мали слатки лаги?кои на крај можеби повеке би те разочарале?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Мортидо се океј тоа што го кажа но ако излажиш мислиш ли дека си завршил голема работа?Јас мислам дека не.Каква и да е вистината мора да се каже колку и да е сурова.
Ако те фати во лага после и секогаш да ја зборуваш вистината нема да ти верува.
Ти што би сакал повеке?да ти ја кажуваат вистината или мали слатки лаги?кои на крај можеби повеке би те разочарале?
Види, има луѓе со различни темпераменти. Мене рецимо не ме боли за туѓо мислење, но има ликови кои и те како се чувствителни на туѓо мислење. Има луѓе кои ако си намќор можеш да им го контролираш расположението како ќе посакаш, паѓаат на секакви сугестии. Што ќе ме кошта ако му го кажам некому она што тој сака да го чуе? Ништо. Зборувам за примерите кои ги наведов погоре. Ајде сега да и речам на баба ми колачињава ти се срање, или на другар ми брат добра кошулата за бишење прашина. Нема ништо да смени ако го кажеш спротивното мислење. Штознам, јас вака играм...
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Дали искреноста е доблест,или сепак во повекето случаеви испага дека е маана?
Ви се случило ли заради тоа што претежно сте директни и искрени да бидете погрешно протолкувани а со самото тоа и осудувани?
Се сметата ли себе си за искрена личност?

За мене постојат два вида на искреност.
Искреност до степен на сарказам,само колку да се постигне ефектот за да се биде во центарот на внимание.
И искреност во случај кога се плашиме да бидеме неискрени за да не некој ни ја провали лагата.
Доблест е само во случаеви кога не сме сурово искрени,но секако не и наивни.
Искреноста уствари е мок,сила,но ние лугето најчесто сме слаби

Се сметам себе си за искрена личност.
Меѓутоа да се биде искрен, барем според мене, не значи дека секогаш и на секому треба да кажеш што всушност мислиш.
Секој не реагира исто на вистината.
Зависи од ситуацијата, понекогаш е потребна сурова искреност, но не секогаш.
Искреноста е вредност.
Во последно време како да стана тренд, сите се искрени и кажуваат што мислат во лице, без да се размисли за последиците.
Не ме сфаќајте погрешно, не викам да се лаже, но дефинитивно треба да се знае кога да се премолчи.

Дефинитивно се сложувам со болдираново.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Аха, доблест. И мене дома така ме научија, па гледам гадно ме заебале.
Не вреди луѓе да си искрен. Сериозно не вреди.

Всушност, сите ќе ти го речат она „Ама искрено кажи ми“, а всушност со толкави очи очекуваат да им го кажеш она што би им се допаднало да го слушнат, а не она што навистина го мислиш.
За себе признавам, искрена сум и кога треба и кога не треба, и тоа го сметам за маана, во никој случај доблест.
Дури може и спаѓам во оние што се граничат со сарказам, ама не гледам зашто се поистоветува со „да бидеш во центар на внимание.“ Тоа веќе не е искрена личност, туку само attention whore која сигурно три пати се упрпува и препотува пред да собере муда и со треперлив глас да каже нешто, а после стои ко закован/а и очекува аплауз.
Ама јас не се осеќам супериорно да застанам пред багра луѓе и ќе плескам демек вистини во фаца за да испадне „Вауу цурава нема влакна на јазик, види види“, туку секогаш преферирам насамо, во 4 очи да разговарам, кај што нема вртење наоколу со погледи желни за внимание и остали глупости.
Но точно е дека многу погрешно се толкува искреноста. Мене зашто ми останаа само 4-5 другарки со кои сум во добри односи? Никој луѓе, никој друг не успеал да ме сфати што навистина сакам да кажам. Секој најдобронамерен совет бил сфаќан ко критика спрема личноста и џабе ти искрено укажи им на нешто мислејќи им добро, кога на крај ќе ти завртат грб и ќе заминат со изговор дека неподносливо си ги критикувал, со она неизбежното „Погледни се прво себе.“
Е, тоа само ме снашло од таа искреност.
Епа штом повеќе одговара некој да те гледа во очи и да ти кажува слатки невистини, чао пријатно.
И после пишаново, да не е случајно ова доблест за гордеење? Сигурно не.