Искреноста е доблест, и не е секој доволно храбар за да биде искрен. И не знаат сите како да ја користат искреноста.
Некои ја користат како напад и навреда, а некои за давање на комплименти. Ни во еден од овие два случаја "Па искрено..." не е вистина. Или планираш да навредиш некого, или пак се обидуваш да им помогнеш да се чувствуваат подобро - со помош на подлажнување.
1. Наместо искрен одговор ќе добиеш некој поблаг одговор, да се чувствуваш подобро. Или некој да ти побара искрено мислење, ама тајно да се надева дека ќе добие добар и убав одговор.
Или лажеш или некој очекува да ги излажеш. Ништо искрено нема тука. На англиски се вика "sugarcoating". Го преливаш одговорот со шеќер затоа што се плашиш дека некој нема да може да ја поднесе горчливоста.
2. Други ја користат искреноста како напад. И во овој случај искреноста не е искрена, туку се обидуваат некого на го навредат затоа што тоа "Па, искрено.." луѓето го сфаќаат премногу сериозно. Повеќе отколку што треба.
Па, ако му кажеш на некого "Па, искрено..." и потоа наредиш број негативни мислења - шансите се големи дека ќе се почувствува некој лошо затоа што мисли дека некоја личност му дала искрено мислење, кога всушност само се обидувала да си го нахрани егото со тоа што другите ги бутка.
Ви се случило ли заради тоа што претежно сте директни и искрени да бидете погрешно протолкувани а со самото тоа и осудувани?
Да, но не често. Кога си навистина искрен луѓето го знаат тоа. Кога ќе дадеш свое искрено мислење, без да преовеличуваш или да пробуваш да ублажиш - луѓето го знаат тоа и често ќе пронајдат и свое мислење во тоа. Без разлика дали е нешто позитивно или негативно. Се има случувано нешто негативно да кажат за некого и таа личност да се согласи. И на мене ми се има случено тоа.
Сепак, треба да се запомни тоа дека тоа е само нечие мислење. Ако некој го мисли тоа, не мора да значи дека сите ќе го мислат тоа.
Се сметате ли себе си за искрена личност?
Во поголем дел од времето - да.
Сите го повторуваат тоа "Кажи ми искрено", а всушност поим немаат што значи тоа.
И ги има и тие скептици. Веднаш те обвинуваат за лажење секој пат кога искрено ќе им кажеш нешто позитивно.
"Ти велам, навистина убаво изгледаш денес!"
"Значи ме лажеш. Го викаш тоа само затоа што си ми другар/ка и мораш."
"Не, искрено ти викам. Супер изгледаш!"
"Да бе, колку само да се осеќам подобро!"
"Добро, ај, како сакаш..."
"..."
"Ама стварно мислиш дека убаво изгледам!?"
"ಠ_ಠ"