Верувам во интуиција и често се подпирам на истата затоа што многу ретко ме изневерува. Сметам дека разумот не може секогаш дури и при темелно анализирање да ни открие што се крие во самата суштина на нештата, ситуациите или личностите кои се околу нас. Ние искористуваме само мал дел од нашиот мозок, останатиот дел наречен како подсвест ги опфаќа поголемиот дел од информациите кои кружат околу нас, а интуицијата е само еден начин како таа подсвест ни укажува на вистинската страна на нештата. Исто така верувам и дека постои и колективна свест со која сме поврзани ние луѓето мегу себе, лугето и животните, лугето и природата итн. Нашата свест ги идентификува само оние информации со кои можеме да се идентификуваме самите себе, а најчесто и грешиме бидејки секогаш ги согледуваме само фактите или логичните нешта, додека реалноста може да биде поинаква.
Често се наоѓам во ситуации каде што непто упорно ми пречи кај некоја личност, а кога свесно размислувам нема никаква причина за тоа, а подоцна се покажува дека мојата интуиција била во право.
Често се наоѓам во ситуации каде што непто упорно ми пречи кај некоја личност, а кога свесно размислувам нема никаква причина за тоа, а подоцна се покажува дека мојата интуиција била во право.