Многу ме интересира што прават/учат овде ако некој некогаш има инфо.
Пошто израснав со крими серии, секогаш си мислев дека ќе го запишам факултетов и ќе станам нешто ко профајлерине во ФБИ.
Мислиш овде врие (сериски) убијци, па уште и тешки ќе се за наоѓање во шака народ. Психопати и социопати има, ама па факултетов, ко што дознав, не нуди ништо посебно, ни па нешто премногу повеќе од курсевите што ги завршуваат цајканчињава (или што се вработуваат директно со 5к евра). Збориме за просечниот студент. Сигурна сум дека има паметни и посветени студенти, но однапред жалам за нивната иднина и местото што ќе им го земе некој неадекватен што не знае да препознае прост и нагласен сарказам во реченица, а не нешто повеќе.