Инспирација за пишување

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Најмногу човештвото со сите негови убавини и чуми .....
 

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
Мене па.. се може да ме инспирира. :)
Кога сакам да пишувам.. кога имам желба и без некој посебен повод можам да напишам нешто.
Вообичаено, мојата инспирација се моменталните чувства, фантазијата, или пак некои случувања од животот.
Читам тука и општо по другиве форуми, повеќе пишуваат кога се тажни. :unsure
Јас пак, кога сум разочарана не можам да пишувам. Тогаш немам никаква инспирација, и воопшто не сакам депресивни или негативни зборови да употребувам. Мене среќата, добрината, љубовта, убавината можат да ме инспирираат и со самото помислување на нив, а не пак доживување.
Можеби е чудно, но понекогаш само да го погледнам сонцето под некој друг агол и да ми се види како ултра посебно - добивам инспирација.
Инспирација ми доаѓа и кога се гледам себе си во целосна тишина или пак ги преслушувам моите ставови.
Последниве неколку пати бев инспирирана од музика. :)
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Можеби и не е баш во склоп на темава, но сакам да кажам барем мене колку позитивно ми делуваше преточувањето на негативните работи на хартија. Период пред 7 месеци кога прекинав со пишување, го преточив се она што го чуствувај негативно се она што во лугето било негативно на хартија, едноставно така се извлеков од негативната енергија која што ме опкружуваше, небитно беше како ке го склопам. Веќе 7 месеци се чуствувам феноменално повеќе тие работи се заборавени и непостоечки, листовите ги чувам но многу понастрана од мене.

Повеќе и не пишувам поради што моментално имам премногу позитивни работи позитивен и прекрасен живот. Едноставно овие работи не се за преточување на хартија жалам ке си ги задржам за себе и само за себе:).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Lena

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Најмногу инспирација наоѓам во болката, во некој моментален гнев, бес или тага...најчесто пишувам кога сум несреќна...а не многу ретко ме инспирира и страста...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Музиката најмногу. Некој прегенијален и емотивен текст, а воедно и инструменталка.

Општо животот и личните случувања. Најмногу ме инспирира и бутка понатаму негативното чувство, разочарувањето, тагата, моментите на депресија. Поретко и спротивните чувства, надежта и желбата за опстанување.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Едноставно, порив, од никаде, седам, лежам, блеам у монитор и оп, ете го!
Гасам ФБ, гасам Мозила и отварам Word :)
 

KodaR

Нов член
4 април 2014
6
1
1
28
Инспирација... хм.. Најчесто сум инспириран од животот у МК, немаштиите и искористувањето, она што секој гледа само за себе, некоја фантазија шо кога ја мислам ми делува интересно, и многу многу ретко - љубов..

И нешто шо најмногу ме иритира е шо инспирација најмногу имам кога ќе легнам да спијам, ретко преку ден, али све што ми се врти у глава и ми делува добро, е запишано..
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Немам баш инспирација но тоа што го имам е најчесто од некои тажни, болни, ситуации и настани кои буквално ме буткаат кон депресија бидејќи се вживувам со нив и место да напишам нешто ја паѓам во депресија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: KodaR

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Инспирација,
секогаш потикната,
душа што друга предизвикува без да ја допира,
допир недопрен,
снегулка што се топи на врела дланка,
инспирација секогаш недофатна,
безпросторна и бескрајна,
невидлива,
во некого изворна,
во некого пресушена,
инспирација,
секому простува.
 
Последна промена: