што најмногу ме инспирира...
тоа што сакам да го кажам

ми треба провокација
а тоа може да биде било што
од детската насмевка во некој глупаво тмурен ден, преку нечие навидум чудно прашање, мислење или став со кој се согласувам, многу почесто со оној со кој не се согласувам, па сѐ до љубовта, страста, посакувањето... и празнината
ако пак искрено си направам анализа на периодите во кои најмногу сум пишувала, тогаш доаѓам до заклучок дека најмногу пишувам кога имам потреба да се сеќавам
а потреба да се сеќавам имам тогаш кога се соочувам со празнината во себе и тагата што таа празнина ми ја носи
искрено, тагата ме тера да пишувам
кога сум среќна, тогаш сум спокојна, мирна и некако не ми успева два збора да поврзам