Им благодарам на...

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
На мамичка и татичко шо се погрижиле да сум дел од овај свет и на дадичка шо ме сака премногу !!!
 

Lilo

Нов член
22 февруари 2012
11
4
3
Им благодарам на моите што секогаш ме поддржуваат и се тука за мене, без разлика што се случува. Затоа што се бореле да имам се' во животот, затоа што не се штеделе себеси и жртвувале еден куп работи за мене и сестра ми.
И' благодарам на сестра ми најмногу што е таква каква што е, и заради тоа неизмерно ја сакам.
Му благодарам на дечко ми што ми е поддршка на секое можно поле.
Им благодарам на двете најдобри другарки кои знаат да ме ислушаат и да ме искараат кога треба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Му благодарам на тато што уште има нерви и живци да ме трпи...
Му благодарам на Цезар затоа што дојде кога најмногу ми требаше некој и ми ја врати вербата во животот...
И благодарам на мама зашто ме родила...
Им благодарам на моите баба и дедо кои веќе не се меѓу живите, ама сторија многу работи за мене и ме сакаа најмногу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Им благодарам на моите, пред се’ затоа што ме создале, затоа што ме научија да бидам силна и затоа што заедно се изборивме со ударите што ни ги зададе животот и се уште заедно ќе се бориме.
Му благодарам нему, заради љубовта и поддршката што ми ги дава и затоа што знам дека кога и да го побарам ќе дотрча кај и да сум.
И’ благодарам на баба ми. Ме научи кои се вистинските вредности во животот. Ми фалиш бабо!!
Им благодарам на моите Тинки-Винки и Дипси кои во ниту еден момент не ме оставија сама. Колку и да бев груба со нив тие останаа покрај мене. Навистина другарите од детството се оние вистинските.
Му благодарам на Дино кој секогаш сфаќаше кога ми се игра кога ми се плаче и легнуваше покрај мене кога бев тажна и депресивна.
Му благодарам на Биги-мечето од детството кое ги претрпи сите удари од под и ѕид кога бев гневна, бесна и лута, и беше единственото суштество што ме сослушуваше кога се плашев да им се отворам на другите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi