Исто така и Шми Скајвокер, да не била девица немаше да биде мајка на Анакин Скајвокер.
Ти даде пример кој важи и за мажи и за жени и дали даде пример од религиски аспект ?телото ти е чисто
еве по ова се води, зошто Марија Дева беше мајка на Исус,
Затоа што беше девица
Инаку, ова со сочувување на невиноста до брак да ви кажам искрено е нова глупост на монотеистичките религии. Навистина. Во светите книги на христијаните, евреите, муслиманите пишува дека се прокламираат такви глупости. Порано ич не било така.
Дури и постоеле посебни „девојки“(да не распраам многу за тоа, оти ќе си ја заборавам првобитната цел на пишувањево) кои со дрвен фалус ѝ ја одземале невиноста на девојката за да ја „научат“ на лекции за како да го задоволи сопругот.
Второ, на овие простори, а во Црна Гора до пред нецели 3 века(во понеразвиените места) се практикувало Кумот да ѝ ја одземе невиноста на девојката. Со тој чин, тој како посредник помеѓу „оној“ и „овој“ свет ѝ ја загарантирувал плодноста на девојката.
Муабетов ми е: Луѓето порано биле повеќе свесни за својата природа, за своите ПРИРОДНИ НАГОНИ. Не за џабе најголемите девијантни појави се случуваат поради сексуално неактивните луѓе: или стануваат манијаци, педофили и слично.
Чак што више и Фројд подобро би ја разработил теоријата за Едипов/Електрин комплекс доколку подобро ја познавал женската психа и ако повеќе имал контакт со телесноста на жената.
Муабетов ми е, овие нови норми на заедницата, општеството, културата сѐ повеќе сакаат човека да го оттргнат од себе, од својата природа. А човекот, луд и по малку глуп - го дозволува тоа.
Пополека, зошто да се остане невин до брак? Па дали има право некој што нит ме знае нит ме познава да одлучува за мојата невиност?
Тоа ти е, како јас да ги слушам дали да си ги потстрижам срамните влакна или не.
Ова е премногу лично прашање, за кое треба да се донесе одлука ИСКЛУЧИВО СО ДЛАБОКО РАЗМИСЛУВАЊЕ И ДЛАБОКО СПОЗНАВАЊЕ НА СЕБЕ СИ.
Второ, порано било поизводливо да се остане невин до брак, бидејќи браковите се склучувале по пат на „стројништва“, брачните партнери не се гледале меѓусебно до самиот брак, девојките не излегувале од дома туку везеле и плетеле пред огништата...накратко, светот бил на еден стадиум кој оддамна е умрен.
Денес, кога светот го имаме на дланка, кога врските траат по 7-8 години, идиотско е, со некој со кого секој ден минуваш по 4-5 часа заедно, со кој одиш на одмори, само за рака да се држиш... па телото ти бара бре, душата ти плаче за она другото меѓусебно поврзување, за кое убаво кажале полноглавите црнобели членови - е едно од најважните поврзувања во врската....
НО! Сепак, пак ќе кажам доколку така одлучила некоја личност, и тоа СТРОГО според свои замисли и сни, тогаш вреди да се почитува тоа... само што мислам дека ретко ќе постојат такви личности - освен оние асексуалните.
Другарка ми ќе полни 24 кај и да е, а уште се нема ни бакнато со машко.Непостојат такви девојки во денешно време .Можеби некогаш постоеле во дамнешни времиња кога човекот имал морал , но сега не .Сега се само................ мит ...
Јас сметам дека на светот нема човек што ќе ги разбере жените .Кога станува збор за бирање на љубовен партнер во денешно време е како да купуваш кола .Никогаш не знаеш што ќе земеш .Тоа денеска е мачка во вреќа.(станува збор и за двата пола) .Може другаркати сега нема никакви сексуални нагони непознавајќи ја неможам да ја судам така да ова не важи за неа . Истото се случи со другарче кое веќе 2-3 месеци одам му палам свеќа во црква .Човекот се изеде жив . Тој исто така беше невина девојка и се случи следново .Девојката после некои односи со него сватила дека треба да се применува се почесто и со други момци (сакала да експериментира ) (несакам да ги споменам годините).Неиживеаноста некогаш може да го промени човекот сепак тоа зависи од карактерот .Така да според мене некои работи треба да се направат навреме за да не дојде до следниве последици.(да напоменам уште еднаш ова не се однесува за другарката твоја ).А за тоа дека луѓето прават понеморални работи тоа ми е јасно како ден .Но тоа е сосема друга тема .Немој да сфатиш дека сите тие кои се сеуште невини ги понижувам и ги правам заостанати ,далеку од тоа .Ги почитувам повеќе дури од овие другите ,но проблемот е тоа што веќе живееме во свет без граници ,без закони ,без религија,живееме во свет за преживување каде моралот не вреди .Топло и препорачувам на другарката твоја да си најде некој со кој ќе поминува долго време бидејќи она чуствува фобија или некаков страв за кој не вреди да се живее со него и да ги отфрла сите момци кои се трудат околу неа .Можеби станува збор за "самобендисаност" народски кажано или невозвратена љубов .Сепак колку и да бира во ова време напишав погоре дека изборот е мачка во вреќа .Никогаш не знаеш што ќе одбереш .Другарка ми ќе полни 24 кај и да е, а уште се нема ни бакнато со машко.
Не е митско суштество, а има и понеатрактивни од неа што свртеле триста момџи.
Може не ја сакаат момците што таа ги сака, ама нејзин е па изборот да не прави ништо ни со тие што ја викнале да излезат.
И не знам па што сметате дека моралот лежи во хименот. Луѓе прават далеку понеморални и штетни работи што немаат ни врска со секс.