Мислам дека по природен пат е, нема баш многу информации на нет околу тоа. И Камерон Дијаз исто некаде на 46-47 стана мајка за првпат. И јас сум дете на постари родители. Мајка ми била во средни триести, татко ми накај 40 кога ме имале, па некако ова ми е понормално отколку деца да чуваат деца или да немаат време и средства да ги одгледаат правилно. Наоми може има 50, ама ќе има и 50 души околу неа што ќе помагаат околу детето. Џабе имаш 25 ако секоја обврска е на тебе и на крајот на денот немаш сила да се истушираш.
Гледајќи ги овие 4-5 години помали од мене што шетаат деца, сфаќам дека пола од нив врска немаат што прават. Секако, некој си е спремен и на 20 и си осеќа дека тоа му е целта/улогата во животот и тоа е сосема океј.
Од друга страна па, не мислам дека е некоја јака штета за светот да не се остави потомство. Не секој е за да има потомство, дури некои е и подобро што/да го немаат.
Уствари, ова е интересна тема за дискусија, ќе ја издвојам во нова.
Интересна тема е, да започнамсо личен пример пошто на два пати во животот ме има фатено криза за деца, моментално немам таква криза ама тие два пати беше ептен тешко. Ако се оствареше докторка-пилот ситуацијата планиравме 4 деца, 2 женски и 2 машки по можност
, заедно со имиња за нив, едно беше Мартина мислам, sounded great со презимево мое, ех времиња...
Пошто мојата професија ќе беше сезонска т.е. месец дена макс. во кои се заработуваа околу 6000 евра, заедно со солидна плата на матична др. ќе имавме финансиски услови за големо и среќно семејство, преостанатите 11 месеци јас ќе бев stay-at-home-daddy и понекогаш се фаќам во мисла како ми е мака што ништо не испадна.
Некои ми се потсмеваа за тоа стеј ет хоум ама ич не се замарав, си фантазиравме/договаравме нејзини работни денови јас да чувам деца, правам ручек и низ дома ова-она, а таа за викенди и празници кога не оди на работа.
Настрана имав купено јако местенце надвор од урбанистички план, па така енергетски и комунално независна cottage
без сметки без кирии, 700-800 метри од езеро, 200м од рид/планина, рај за растење деца и после зошто не можеш да преболиш Александре е зошто де...јас испозамарав пак ама ок.
Ако е леџит пороџај кај Наоми тогаш е медицинско чудо плус ако плодот нема проблеми, генетска лотарија.
50 за обична раја е прекасно, истрошени нерви, внимание, менување навики на 50 години, кога детето ќе има 5-6 годинки родителот 55-6 па детето нема да може да шутне една топка кон родителот, ептен е касно. Освен како во случаи каде се има пари за екипа која ќе му бере гајле ама и тоа е безвеза, на дете му требаат родители а не професионалци платени да го гледаат.
Кај нас (па и по свет некако) целата ситуација со децата е прилично сјебана, родители немаат време поради работа и обавези, 8-12 часа на работа, 1/2-1 час спремање за работа, 1/2-2 часа пат до работно место, 8 часа спиење,за детето остануваат некаде 12 минути дневно
Тука се градинки ама тоа не е начин пошто е срање, ги заболе тие вработените за развојот на малото дете, да си земат плата на први и тоа е.
Све како да е контра наталитет, или барем контра среќни семејства со среќни и здрави деца.
Друго, ајде некако додека е човек млад, ама од 35 до 85 да речеме тоа се 50 години, пола век самоча, ок пријатели роџаци ова она ама сам во стан или куќа, језива е помислата некако (а таа е мојата судбина, чак неам ниту свое место за живеење). Не знам што би правеле луѓе на 54 години, ќе искачаат у град на кафе, во клуб ќе денсаат, ќе шмекаат нешто, за све си има време и место и возраст, мене и сега ми се сите тие ствари passe, не пак за 10-15-20 години...