Имање деца на „стари години“

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ја префрлам темава од „Што читав денес на Crnobelo.com?“ бидејќи сметам дека има интересен потенцијал за дискусија.

Се восхитувам на вакви жени. Жени што не се грижат за рекла-казала, па дали била ваква или онаква, па леле, лозата немало да се продолжи, па ќе речеле луѓето баба му ли го носи на школо...
Таа е успешна, реализирана, прекрасна и дури сега била во можност да се реализира ко мајка. И пак детето ќе е посреќно од милион rodisi rano posle kako kego gledas индивидуи за кои do 25 biras posle te biraat eheheh.
Во ред, секако не се исти ко нас смртниците, но знам и обични жени ко неа, а ништо чудно и јас да бидам од тие, ако некогаш решам дека сум спремна за деца.
Баш убава вест.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

А чекај оваа била леџит трудна и родила или преку сурогат-мајка или некоја друга ситуација?
Во ред тоа науката што оди напред, но биологијата е таа па и класната припадност. Богатите имаат повеќе опции меѓу кои и да не се замараат со бебето и да ангажираат екипа која ќе се грижи за него, пошто нерви не се исти на 25 и на 50 години, настрана што пост 36 поголема е шансата за деформитет или ментална попреченост кај плод отколку кај бебина произлезени од инцест (не премногу ама сепак) имав еден таков случај по роџаци пред 2-3 години.
Човек нема таа енергија на 40-50 и тие нерви и трпение за да гледа дете како на 25-30, само што условите се изменети па све потешко е за млади луѓе да се решат за потомство што е штета...
 
Мислам дека по природен пат е, нема баш многу информации на нет околу тоа. И Камерон Дијаз исто некаде на 46-47 стана мајка за првпат. И јас сум дете на постари родители. Мајка ми била во средни триести, татко ми накај 40 кога ме имале, па некако ова ми е понормално отколку деца да чуваат деца или да немаат време и средства да ги одгледаат правилно. Наоми може има 50, ама ќе има и 50 души околу неа што ќе помагаат околу детето. Џабе имаш 25 ако секоја обврска е на тебе и на крајот на денот немаш сила да се истушираш.
Гледајќи ги овие 4-5 години помали од мене што шетаат деца, сфаќам дека пола од нив врска немаат што прават. Секако, некој си е спремен и на 20 и си осеќа дека тоа му е целта/улогата во животот и тоа е сосема океј.
Од друга страна па, не мислам дека е некоја јака штета за светот да не се остави потомство. Не секој е за да има потомство, дури некои е и подобро што/да го немаат. (think)

Уствари, ова е интересна тема за дискусија, ќе ја издвојам во нова.
 
Интересна тема е, да започнамсо личен пример пошто на два пати во животот ме има фатено криза за деца, моментално немам таква криза ама тие два пати беше ептен тешко. Ако се оствареше докторка-пилот ситуацијата планиравме 4 деца, 2 женски и 2 машки по можност :sreken, заедно со имиња за нив, едно беше Мартина мислам, sounded great со презимево мое, ех времиња...
Пошто мојата професија ќе беше сезонска т.е. месец дена макс. во кои се заработуваа околу 6000 евра, заедно со солидна плата на матична др. ќе имавме финансиски услови за големо и среќно семејство, преостанатите 11 месеци јас ќе бев stay-at-home-daddy и понекогаш се фаќам во мисла како ми е мака што ништо не испадна.
Некои ми се потсмеваа за тоа стеј ет хоум ама ич не се замарав, си фантазиравме/договаравме нејзини работни денови јас да чувам деца, правам ручек и низ дома ова-она, а таа за викенди и празници кога не оди на работа.
Настрана имав купено јако местенце надвор од урбанистички план, па така енергетски и комунално независна cottage :sreken без сметки без кирии, 700-800 метри од езеро, 200м од рид/планина, рај за растење деца и после зошто не можеш да преболиш Александре е зошто де...јас испозамарав пак ама ок. :)

Ако е леџит пороџај кај Наоми тогаш е медицинско чудо плус ако плодот нема проблеми, генетска лотарија.
50 за обична раја е прекасно, истрошени нерви, внимание, менување навики на 50 години, кога детето ќе има 5-6 годинки родителот 55-6 па детето нема да може да шутне една топка кон родителот, ептен е касно. Освен како во случаи каде се има пари за екипа која ќе му бере гајле ама и тоа е безвеза, на дете му требаат родители а не професионалци платени да го гледаат.

Кај нас (па и по свет некако) целата ситуација со децата е прилично сјебана, родители немаат време поради работа и обавези, 8-12 часа на работа, 1/2-1 час спремање за работа, 1/2-2 часа пат до работно место, 8 часа спиење,за детето остануваат некаде 12 минути дневно :D Тука се градинки ама тоа не е начин пошто е срање, ги заболе тие вработените за развојот на малото дете, да си земат плата на први и тоа е.
Све како да е контра наталитет, или барем контра среќни семејства со среќни и здрави деца.

Друго, ајде некако додека е човек млад, ама од 35 до 85 да речеме тоа се 50 години, пола век самоча, ок пријатели роџаци ова она ама сам во стан или куќа, језива е помислата некако (а таа е мојата судбина, чак неам ниту свое место за живеење). Не знам што би правеле луѓе на 54 години, ќе искачаат у град на кафе, во клуб ќе денсаат, ќе шмекаат нешто, за све си има време и место и возраст, мене и сега ми се сите тие ствари passe, не пак за 10-15-20 години...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Electra

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ај вака од медицински аспект...
Наука вели дека секоја бременост над 35 година спаѓа во ризична бременост... што нормално не мора да значи...секој организам си е прича за себе...
Познавам и жени кои родиле на 42-43 се` поминало ок...а познавам и дваесет и нешто годишни кои имале спонтан, абнормалности итн.
Значи нема ни мерила ни правила...
Јас родив на 30...прво дете...и единствено...
Верувајте погоре Outrider мислам спомна дека не е иста енергијата на 40, 50 за да гледаш дете... по некоја логика на нештата на 50-60 треба да гледаш дете ама во улога на баба или дедо...
Мене еден друг момент ми е важен и битен во раѓањето на `старост`...
Нели е себично да буфташ дури сакаш, да си го изживееш животот до максимум, и после демек да се средиш и скрасиш па ај ќе родам дете...да се остварам како мајка...
Ама, чекај, ти на тоа дете му требаш здрава, силна, витална и полна со енергија како би можела да одговориш на сите негови барања...и физички т.е. физиолошки, ама богами и на психички план...
А што со пубертетот? Оние најранливи години...ти тогаш ќе бидеш бабетина... И уште некоја година и умираш и тоа дете кога си му најпотребен, кога си ја бара насоката во ѓживотот, треба да трча по тебе зашто си стара и изнемоштена или пак да ти организира погреб и останува сам на овој суров свет...
Е тој дел од раѓањето на `старост` мене воопшто не ми се допаѓа...
Искрено мене ми е посимпатично кога родителите и децата немаат негој огромен јаз во години и ми е скроз ок кога ќе видам татко(релативно млад) и син излезени на пиво, или мајка ќерка на кафе...Некако ми симпатично...
Не осудувам.... Секој нека си прави што сака...и кога сака...
Само мислам дека не е фер спрема детето...
Да, ти ќе го родиш и на 50 (денес медицината и тоа го може), и да ти ќе си ја оствариш својата цел, ќе се оствариш како мајка, ќе го осетиш чувството, ама не е фер кон детето...на долгорочен план...
Јас, да бев паметна, требаше порано да раѓам, и до сега може и ќе имав и три дечиња...
Ама прво не оди се` според планот...
 
За жал, иако семејството треба да се планира детално и да не биде нешто стихијно, судбината често има сосема поинакви правци :(

А што мислиш за гледање деца од страна на баби дедовци? Ние бевме на став "во никој случај" поради тоа што сепак се работи за особи во поодминати години со тенки нерви и ставови формирани во времето на Тито, од обете страни.
И во минатото и денес кај многу фамилии постои тренд баби/дедовци да бидат резервни родители и има парови кои ептен се потпираат на тоа. Имам братучед кој ги има ангажирано мајка си и татка си како резервни родители до таа мера да барем пола време децата минуваат со стариве.
Разбирам пример има некој настан на кој парот треба да оди па ете неколку часа децата да се остават кај старите ама овие одат до таа мера што имаат организирано две страни, кај баба им и дедо им имаат оставено облека, играчки и што све не, во иста мера како што имаат дома:unsure настрана стариве секој ден ги сликаат децава па на социјални мрежи, како не им е непријатно тоа не знам...
 
Види... јас живеам со свекрва...(убаво кажа, едно планираме, ама некогаш околностите не дозволуваат да се спроведе планот, али шта је ту је)...
Ми е бек ап родител(колку што ми е и мајка ми) ама не фул тајм џоб родител...
Значи таа е тука само кога сум јас на работа... И не гледам некое влијание на детето освен мала доза на недостиг на самосталност кај детето кое сега е 9 години...
Е, тој дел ми смета...
Заради тоа што е таа тука тоа не се труди да биди посамостојно...
Инаку, ние сме тука секогаш...
Значи се што се прави, се прави со нас...
Поминуваме со детето мислам дури и премногу време....
Излегува со другари, оди кај другари, му доаѓаат другари...па така полека полека не` откачува :) што е и нормално...
Така да бабава е тука само да му зготви, да му даде некој денар и тоа е тоа...
Не сум јас против тоа, на секое дете му требаат баби и дедовци, за да ја осетат и таа љубов, меѓутоа не до таа мера да се заменат улогите...
Не може, не треба и не е нормално тие да ја превземат улогата на родители...
Мене не ми се допаѓа и кога баба или дедо ќе дојде на родителски состанок... Мислам ако не можат родителите, ќе се јават или ќе појдат друг ден...Што бара бабата на родителски...
Или пак, кога одеше нашето дете в градинка, имаше баби кои ѕиркаа од прозорци, да виделе што прави внучето... Мислам аман бе луѓе....
А искрено, јас не можам да ги разберам родителите кои како што велиш ќе им го тупнат детето на старите и тие да го гледаат и пораснат...
Јас тоа не можам ни во лудило...
Значи имам потреба да бидам со детето, сакам да си го гледам кај што расти, не сакам да пропуштам битни моменти, сакам ние да го учиме се` што знаеме и умееме, ние да го воспитуваме...
Едноставно сакам да поминувам време со него...Тоа ме исполнува, за тоа живеам...
И гледам дека тоа има ефект, зашто секој проблем или радост или што и да е, го дели со нас и тоа исклучиво кога сме сами....
А тоа мене многу ми значи...
Тоа ми е знак дека сме успеале да му дадеме до знаење дека НИЕ сме родителите, ние сме му подршка и на нас може да ни` се довери за било што...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ве молиме користете кирилица
Naomi Kembl I drugi zvezdi so 45-50 godini I ragjaat deca se so jajce kletki kupeni od 20 god devojki.Ubavo e koga medicinata potpomaga vo dobivanje na potomstvo no se ima ogranichuvanja. Site se ragjame so razlichen broj na jajce kletki I fakt e deka novite generacija se so pomal broj j.kletki Ili poradi razni prichini gi gubat pobrzo.
 
Sasho

Истакнат Член
12 ноември 2020
43
14
108
41
Е јас ако имам деца на стари ќе ме фати и многу ретко избираш кога да имаш деца ако судбината не сака кога ти сакаш. Нема лошо само да се живи и здрави а и ние за да ги израсниме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape