Имате 30 минути да наполните 1 куфер и да ја напуштите куќата, што ќе ставите?

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Знам дека е чудно, но многу пати си имам правено вакво филмче у глава и сум си мислела што ќе земам. :zelen Среќа немам многу вредности, немам скап накит, ниту многу технологија, па дури ни премногу облека. Би наполнила средна торба со по некое парче облека, панталони, дуксер, долна облека, по некоја маичка, јакна, во принцип за сите сезони по нешто. Една минијатурна рамка со слика. И лаптопот под мишка, а неговите додатоци во торба. Ипак, се ми е во него, од слики, до музика, итн, а и може да послужи во иднина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Исто,многу пати сум размислвала што би земала доколку има некој вонредна состојба а треба да се напуштат домовите...
Искрено се што имам дома ми е драго,дури и обични ситници од типот на камче и школче од плажа.Но секако не можеш тоа да земеш.
Чудно исто секогаш кога си правам такви филмчиња си замислувам моменти како на пример,нема време а мора одма да го напуштам домот што би си земала?!
Во такви случаеви лични документи,лекови и што ми дојде при рака.Е сеа кога би имала половина час да наполнам куфер, ее тогаш би си земала повеќе работи:покрај секако личните документи,лекови и прва помош,влошки,козметика,с-ва за лична хигиена,лаптопот некој албум стар со слики,некоја драга книга,облека и обувки,ќебе и перниче и посекако иконите кои ми стојат во дневна и трпезарија,некоја храна,батериска лампа,нож,запалка....
На крај краева и да сe нема време за ништо од ова се што набројав,би била најблагодарна да останам здрава и жива,како и моите блиски :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Нешто што може да пушти музика, нешто облека, аналгетици и антибиотици, пари, лични документи, вода и хард-дискот. Плус минус уште нешто.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Гледам лаптопи се споменуваат, знам, и јас сум емотивно приврзан кон мојот верен и стар слуга Acer, но што би правеле во случај на поплава со лап-топ?!
th_template-philosoraptor.jpg


Или во случај на нуклеарна закана со шминка? :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Гледам лаптопи се споменуваат, знам, и јас сум емотивно приврзан кон мојот верен и стар слуга Acer, но што би правеле во случај на поплава со лап-топ?!
th_template-philosoraptor.jpg


Или во случај на нуклеарна закана со шминка? :zelen
Шта би било кад би било... ако биде, ко преживи причаче :D
Е сеа па ти... па лаптопот полн е со секакви докумнти ,слики,песни бла бла... кога ќе стивне поплавата ќе се радуваш што си го спасил...
А ако ти било чкртнато да умреш што и да земеш ти е непотребно. Но Наде последна умира. :D

Ништо,кофер ко кофер празан...
Ке си лежам и ке си го слушам омиленото ми цеде, ке уживам во последните мигови во мојот дом,во мојот кревет.

Е да, заборавив. Нели е кОфер, а не куфер?
Не е кофер туку куфер. Кофер е на германски (koffer) и на српски.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Outrider

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Такви ситуации не се секојдневни,па да сте извежбани што и како да правите,ќе нема време ниту паника да ве фати,а камоли нешто да помислите да спакувате.
Мислите ќе ви се блокираат,нема да ви се верува дека нешто страшно се случува,занемени и вчодоневидени ќе останете.
Најтешко е после,откако помине и се видите себеси каде сте,тогаш почнувате да размислувате,што остана и што изгубивте.
Еден свет срушен,во друг роден.
Бидете среќни ако останете живи.

Во ваша моќ нема да биде и животот да го спасите,а камоли некое кОферче.:gjavol
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Гледам лаптопи се споменуваат, знам, и јас сум емотивно приврзан кон мојот верен и стар слуга Acer, но што би правеле во случај на поплава со лап-топ?!
th_template-philosoraptor.jpg


Или во случај на нуклеарна закана со шминка? :zelen

Го носам на глава ко афринканка што носи стомна со вода. :zelen

Абе муабетов во принцип е во случај на ете поплава, ама и евакуација. Зошто ако сам се бориш со вода тогаш не торба, ни пари нема да можеш да земеш или ако земеш, отидоа во неповрат. А моите филмови најчесто биле поврзани со војна, така да малце поинаку тука би размислувала. Односно, покрај облека би зела батерии-светилки, ситни алати, термос шише, ранец (не торба), итн.
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ако е од егзистенционален карактер прашањево поставено, малку е смешно - бидејќи како што погоре пиша Outrider, би можел да земам се` што ми падне на памет бидејќи истото - не мора да го поседувам.
Имаше вакви игри на времето и беа доста инвентивни и раѓаа релативно реалистична креативност. Пример одиш на пуст остров и имаш одреден број на предмети, како и капацитет на истите кои би можел сам да ги понесеш, додека за некои ти треба додатен простор. Работата е капацитетот кој можеш сам да го понесеш, како и тоа од кои предмети би се лишел на сметка на простор за други.
Како обожавател на pure existentialism и систематско организирање само за преживување, би играл на картата да мора со себе да поседуваш барем еден остар предмет, најчесто нож. Ножот е клучна алатка за преживување во дивина, па ако во случај немам никаков избор за преселба во топол дом, и би морал да живеам првите неколку дена на отворено небо, секако би зел неколку ножеви. Втора клучна работа е да се има некаков покрив над главата. Во случај да поседувам шатор/вреќа за спиење, ова би било клучно. Ако немам, неколку парчиња платно, ќебе, итн. Трет доста битен ресурс се парите и се` што е поврзано со луксузот наречен - капитал. Добар е за размена на стока, трговија... Денес можеби ништо не ми вреди, ама утре може да ме избави од гомната кога би сретнал fellow men кои имаат потреба од тоа. Четврт доста битен алат е лупа/запалка. Радије би второто но тоа има и свој рок на траење. Оганот е човековиот чувар (и понекогаш непријател, ако не знаеш да го контролираш). Петто е батериска лампа на генераторче (оние што ги протресуваш малку за да работат. Со тоа работните часови и ефикасност се продолжуваат. Имаш и оган, но не е толку практичен, посебно ако сакаш да палиш и гасиш во моментот. Шесто и едно доста битно делче е како би ги складирал работите што ќе наидеш... тука одат во комплет разни садови за складирање претежно повеќе за течна агрегатна состојба. Шишиња, ќупови, бардаци.... Ако те бива за моделирање, нема потреба. Ама за тоа треба и глина.

За преселба само во друго живеалиште од сличен калибар, доволен е моментот пари и мобилен телефон. Само треба да успееш да собереш максимумот од првото.
Дека ќе изгуби човек се` од сентиментална споменска вредност, неизбежно е. Дека мора да чува нешто за да се навраќа на моментите пред катастрофата, не мора. Мене таквите работи само би ме декуражирале повеќе, затоа не би играл со нешто што нема поголема вредност од чиста егзистенција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Шта би било кад би било... ако биде, ко преживи причаче :D
Е сеа па ти... па лаптопот полн е со секакви докумнти ,слики,песни бла бла... кога ќе стивне поплавата ќе се радуваш што си го спасил...
А ако ти било чкртнато да умреш што и да земеш ти е непотребно. Но Наде последна умира. :D

Водата е природен непријател на лап-топот
Ако е од егзистенционален карактер прашањево поставено, малку е смешно - бидејќи како што погоре пиша Outrider, би можел да земам се` што ми падне на памет бидејќи истото - не мора да го поседувам.
Имаше вакви игри на времето и беа доста инвентивни и раѓаа релативно реалистична креативност. Пример одиш на пуст остров и имаш одреден број на предмети, како и капацитет на истите кои би можел сам да ги понесеш, додека за некои ти треба додатен простор. Работата е капацитетот кој можеш сам да го понесеш, како и тоа од кои предмети би се лишел на сметка на простор за други.
Како обожавател на pure existentialism и систематско организирање само за преживување, би играл на картата да мора со себе да поседуваш барем еден остар предмет, најчесто нож. Ножот е клучна алатка за преживување во дивина, па ако во случај немам никаков избор за преселба во топол дом, и би морал да живеам првите неколку дена на отворено небо, секако би зел неколку ножеви. Втора клучна работа е да се има некаков покрив над главата. Во случај да поседувам шатор/вреќа за спиење, ова би било клучно. Ако немам, неколку парчиња платно, ќебе, итн. Трет доста битен ресурс се парите и се` што е поврзано со луксузот наречен - капитал. Добар е за размена на стока, трговија... Денес можеби ништо не ми вреди, ама утре може да ме избави од гомната кога би сретнал fellow men кои имаат потреба од тоа. Четврт доста битен алат е лупа/запалка. Радије би второто но тоа има и свој рок на траење. Оганот е човековиот чувар (и понекогаш непријател, ако не знаеш да го контролираш). Петто е батериска лампа на генераторче (оние што ги протресуваш малку за да работат. Со тоа работните часови и ефикасност се продолжуваат. Имаш и оган, но не е толку практичен, посебно ако сакаш да палиш и гасиш во моментот. Шесто и едно доста битно делче е како би ги складирал работите што ќе наидеш... тука одат во комплет разни садови за складирање претежно повеќе за течна агрегатна состојба. Шишиња, ќупови, бардаци.... Ако те бива за моделирање, нема потреба. Ама за тоа треба и глина.

За преселба само во друго живеалиште од сличен калибар, доволен е моментот пари и мобилен телефон. Само треба да успееш да собереш максимумот од првото.
Дека ќе изгуби човек се` од сентиментална споменска вредност, неизбежно е. Дека мора да чува нешто за да се навраќа на моментите пред катастрофата, не мора. Мене таквите работи само би ме декуражирале повеќе, затоа не би играл со нешто што нема поголема вредност од чиста егзистенција.

Најмногу зависи за каква ситуација се работи, ако има само 30 минути за евакуација тоа повеќе сугерира на војна/нуклеарен напад, знам дека постојат по градовите сирени за узбуна ама не знам дали воопшто функционираат... ако е поплава би имало повеќе време за спремање а тогаш зависи дали постојат центри за евакуација на рајата или допрва треба да се импровизираат...ако е епидемија е сосема друга динамика...
Како дистопичар омилено сценарио ми е нуклеарна војна (:| само што тогаш се во игра сосема различни параметри, не е само експлозијата, the lucky ones die from the blast, после тек доаѓа срањето...
Баш и не е реалистично сценарио нуклеарен напад, да речеме грчиштата праќаат неколку ескадрили Ф-16 натворени со по 6 тони бомби секој, и тука би се работело за неколку минути а не за 30...:^)

Туку да прашам...шо е тоа запалка? :zelen
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Прво и најосновно-неколку рала гаќи, па нешто облека, основна хигиена, документи, пари, нешто ау-бау сентиментално, гз папир, џебно ноже, леб, патлиџани, сирење, макарони...ова ко за на одмор во Грчка. :D
Неќам евакуација, нека ме праќаат изненадно на Бахами.