Зошто романтизираме минимален труд во денешните врски?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Во темата за инсели (каде, ако не таму) ми се провлече прашањето зошто денес минимален труд од (потенцијален) партнер се смета за нешто вонсвемирско т.е. зошто оправдуваме многу т.н. red flags само пошто личноста „не е лоша, па види какви ги има“?
Од кога нелош = одличен партнер? Зарем тоа не е најосновниот минимум што треба да го поседува секој човек?
Знам дека живееме во ера каде, за жал, веќе неколку децении е кул да си манга, мајкојебач, белосветска препичка, што е можно поглуп - ама со поголемо его, итн., но што стана со компатибилноста во ставови, цели во животот, побогу, па и смислата за хумор треба да се поклапа за да не го потрошиш животот објаснувајќи што тебе ти е шега, а што на партнерот.
Само добар/добра е?
„Види, година дена сме заедно, не сака врска, ама го/ја разбирам, има трауми, ама добар/добра е и вели дека ме сака и сака да е со мене.“
Вие добри сте, вака искрено? Пошто во 90% случаи, тоа е јасен превод за „Со тебе е дури не најде некој/а со кој/а веднаш ќе знае дека сака да е во врска.“
„Му шета окцето малку, ама добар си е“, „Не е научен/а да работи, ама не ми пречи“, „Абе си зема по некоја цртка, ама супер е со мене, што ми е гајле како се понаша пред други“
... Ова посебно ме погаѓа кај тинејџери што оформуваат такви ставови дека безусловна љубов значи прфаќање на буквално сè, дури и ако е штетно за нас и не се поклопува со нашите ставови и замисли.

Знам за пример каде дечкото ја беше удрил девојката пошто му згазила на нова патика. Да.
Истата таа го чекаше по цел саат на снег да допиел пиво, па да се виделе. Одеа 3 и кусур години.
Да не зборам и за случаи каде обиди за силување се оправдуваа со „Добро, ама и двајцата бевме лом направени“ пошто пак ќе ме мавне нервен слом.
Мислам, ова веќе не спаѓа ни во „ама добар е со мене“, туку е оправдување чисто насилство.
Толку ли се плашиме дека ќе останеме сами? Толку ли немаме самопочит?
Од кога доволен критериум е некој само да постои, да ни се допаѓа физички и евентуално да е океј личност?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Сметам дека за успешна врска е потребен постојан труд. За некои личности е доволен минимален труд, бидејќи не се сигурни дека може да најдат нешто подобро односно некого кој ќе се труди повеќе околу нив. И денес е многу тешко да најдеш соодветен партнер или соодветна партнерка. Инаку сум сретнал разни ситуации и сум се чудел како некои успеале да имаат партнер или партнерка покрај нив и зошто нивниот партнер или нивната партнерка ги трпи сите тие глупости и испади. Мислам дека за сето тоа најчесто игра голема улога ниската самодоверба и тоа што не се самопочитуваат. И најчесто некој од овие фактори е причина за тоа, иако постојат и други фактори ама тие имаат помало влијание.

За вториот дел мислам дека на денешните генерации не им е важен толку карактерот на личноста и неговото однесување. Интимните односи ги ставаат на прво место. Ако е добар сексот, карактерот и однесувањето се неважни. Така размислуваат поголемиот дел од денешните генерации. Тажно ама вистинито за жал.

Сум бил сведок на ситуација каде што дечкото се однесуваше грубо кон девојката и таа понатаму беше со него во врска. Во неврзан муабет ја прашав зошто е уште со него. Ми кажа дека и станал навика и дека не може без него и дека не е лош кон неа кога се сами туку само пред останатите за да покажел дека е маж и дека има цврста рака. А девојчето беше тотална спротивност од него. Таа беше мирна и културна, а овој нејзиниот дечко беше насилник и некултурен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Квалитетот на меѓучовечките односи е сериозно опаднат од претходните генерации, иако е подобар од средниот век да речеме, ако тоа може да се земе како стандард.

Во таа смисла се и интимните врски и браковите.
Мнозинството популација е уништено од старт. Семејно, деца се тепаат, омаловажуваат, ингнорираат. Во школо сеуште за едно мочање мора детето да бара дозвола. Во средно исто. На факс се изложени на самоволието на секакви пропалици кои се одзиваат ко професори и бирократија. Настрана bullying физички или психолошки неважно, а да не заборавиме и сексуалните злочини и провокации кои се многу поприсутни отколку што раја сака да верува.
На работно место иста прича. Покорност, кодошење, не барање повисока плата, страв од отпуштање пошто ете, имало куп млади лица кои ќе лижеле газ уште појако.
Државна администрација исто. За еден помочан документ треба да се тресеш пред некој неписмен бот.
До вчера тука беше и војската како ентитет задолжен за виткање кичма кај млади мажи.
Тука е и религиозниот аспект каде покорноста пред замислен ентитет е основа.
Полицијата, уште една појава каде поединецот треба да е максимално покорен и да се надева дека цајканот не станал на лева нога.
Од сите страни се бара покорност!

Земајќи го сето тоа во предвид. не е тешко да се увиди зошто мнозинството млади луѓе се задоволуваат со било каков секс и некаква интимност во врска/брак притоа занемарувајќи ред флегс или одејќи до таа мера да трпат психичко, сексуално или физичко малтретирање со години и децении.
На кој начин младите лица ќе се стекнат со самодоверба? Од таму што секој бара да бидат покорни дури се мали и млади? Некои одат во друга крајност и надоместуваат со претерано курчење што повторно е дно.

Ретки се самосвесните луѓе кои знаат да ценат, да почитуваат, да пружаат максимум на избраничката/избраникот на своето срце и да примаат исто таков третман за возврат.

Бидејќи имав таква врска која ми беше како училница за, ајде да не претерам ама совршен меѓуполов однос, можам да кажам дека самосвеста is a must.

Погоре се спомена труд како услов за добра врска. Не знам дали активностите би ги нарекол труд, бидејќи кога човек сака некого, и коа чуствува дека е сакан, активностите се лесни и природни, нема некој труд тука, но има внимание, почит и никако не земање на другата страна здраво за готово.
Лесно е, најубаво е, симпатично е, неверојатно е сиот тој начин на однесување на две особи кои се сакаат :)
Понекогаш спонтано, понекогаш планирано, активностите носат радост.
За разлика од љубовта по дифолт, љубовта дадена како доброволен избор е нешто посебно. Една од најубавите ствари во познатиот универзум е да се биде сакан од друго човечко битие. Значи не затресканост, симпатија, допаѓање, напаленост, него љубов.
Према таа особа човек мора да има највисок степен на почитување на светот.

Едноставно е, ако човек се сака и почитува себе си, ќе знае да ја цени и љубовта која му ја дава друго човечко битие и ќе ја почитуваа таа личност.

За жал, во иднина ќе имаме се повеќе влошување на квалитетот на меѓучовечки односи...нема простор за оптимизам.

Има уште што да се каже па ќе напишам понатаму...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

gray jedi

Нов член
15 септември 2021
4
4
3
36
Луѓенца дали сте слушнале за нарцисоиден персонален компплекс (Narcissist personality disorder)?
Јас скоро се сретнав со таква врска и додека да сфатам што ми се случи завршив на психолог.
Карактеристиките кои ги опишувате погоре беа зголемени х1000.
Не само што навредува, не само што е љубоморен, туку со секоја мисла која си му ја доверил наоѓа како да те нападне во секоја ситуација во која ќе му се најде, каде партнерот не му се однесува според неговиот дизајн.
Сконцентриран беше да ми објаснува дека не вредам и го поткопа моето постоење во насока на било каква комуникација со целото мое опкружување. Јас секому му се пуштав, ако сум фина во односот со луѓе тоа било само давање отворена врата дека секој може нешто со мене да направи и слично.

Духот ми го скрши и се изгубив целосно. Ако претходно радост во денот ми беше сончев ден и убава песна на радио, денес се борам насмевка на лице да ставам.

Но да се сведам на заклучокот...
НЕМАЊЕ САМОДОВЕРБА, ШТО ИМАМЕ МИНИМАЛНО ПСИХОЛОШКО ОБРАЗОВАНИЕ НИЗ ЖИВОТОТ, БАЛКАНСКИ МЕНТАЛИТЕТ НА БРАК СТЕРЕОТИП (ТУКА МИСЛАМ НА ГОДИНИ И ПАРТНЕР ВООПШТО) И ШТО СО БЛИСКИТЕ ВО ЖИВОТОТ ЗАБОРАВАМЕ ДА СЕ ПОДРЖУВАМЕ ЗА УБАВИТЕ РАБОТИ КАКО ПРИЗНАНИЕ ЗА УСПЕХ,
И ШТО СЕ СТАВА ПРЕГОЛЕМ АКЦЕНТ НА „ГРЕШКИТЕ ВО ЖИВОТОТ“ - РОДИТЕЛИТЕ НАОЃААТ НАЧИН СУРОВО ДА НИ ПРЕФРЛАТ ЗА СЕ ШТО ЌЕ ЗГРЕШИМЕ, НО КОГА ЌЕ НАПРАВИШ НЕШТО УСПЕШНО, ПРИЗНАНИЕТО Е РЕТКО.

Девојки што стана со светов -,- ?!?!?!?!?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
@gray jedi уф, жалам, си го начекала баш најтешкиот репрезентативен примерок.
Тука веќе зборуваме за тежок манипулатор што не ќе да е само нарцис, туку малку и ко социопат.

Светов стана дувло на прикривање позитивни емоции, а истакнување на најлошото кај еден човек и тоа се смета за „храбротст да се биде свој“. Свашта. Оттаму и потекнува сето ова романтизирање минимален труд и внимание од другата страна - толку сме научени секојдневно меѓусебно да се третираме ко стоки (без разлика дали станува збор за партнер, семејство, колеги) што кога некој е минимално фин/културен, се чудиме и или се сомневаме дека има задни намери (што некогаш не значи дека нема) или го ставаме на пиедестал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: gray jedi

gray jedi

Нов член
15 септември 2021
4
4
3
36
Од збор до збор се сложувам Elektra, токму така... :frantic:place
а посебно делот „истакнување на најлошото кај еден човек и тоа се смета за „храбротст да се биде свој“. Свашта.“
И од тука негде, во животната приказна, почнуваш да се пореметуваш на темата:
* Дал да бидам и понатаму фин со луѓето и да се надевам на оној, митски веќе, среќен крај
* Дали да станам безобразна кучка - ака да одам против својата природа, кога не верувам во тоа, а мораш да се заштитиш веќе некако, инаку почнува и здравје да те чини не само разочараност...
Каде е крајот, а каде е и мудроста.......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Од збор до збор се сложувам Elektra, токму така... :frantic:place
а посебно делот „истакнување на најлошото кај еден човек и тоа се смета за „храбротст да се биде свој“. Свашта.“
И од тука негде, во животната приказна, почнуваш да се пореметуваш на темата:
* Дал да бидам и понатаму фин со луѓето и да се надевам на оној, митски веќе, среќен крај
* Дали да станам безобразна кучка - ака да одам против својата природа, кога не верувам во тоа, а мораш да се заштитиш веќе некако, инаку почнува и здравје да те чини не само разочараност...
Каде е крајот, а каде е и мудроста.......
Сосема те разбирам, си го имам сјебано и јас така здравјето, имам пишувано по темиве.
Ми требаа години и КБТ за полека да почнам себе да се ставам на прво место (и уште повремено се мачам со тоа), ама мора од некаде да се почне.
Слободно пиши ми порака ако некогаш ти треба издувен вентил за темава. :)
 
  • Love
Реакции: gray jedi

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Луѓенца дали сте слушнале за нарцисоиден персонален компплекс (Narcissist personality disorder)?
Јас скоро се сретнав со таква врска и додека да сфатам што ми се случи завршив на психолог.
Карактеристиките кои ги опишувате погоре беа зголемени х1000.
Не само што навредува, не само што е љубоморен, туку со секоја мисла која си му ја доверил наоѓа како да те нападне во секоја ситуација во која ќе му се најде, каде партнерот не му се однесува според неговиот дизајн.
Сконцентриран беше да ми објаснува дека не вредам и го поткопа моето постоење во насока на било каква комуникација со целото мое опкружување. Јас секому му се пуштав, ако сум фина во односот со луѓе тоа било само давање отворена врата дека секој може нешто со мене да направи и слично.

Духот ми го скрши и се изгубив целосно. Ако претходно радост во денот ми беше сончев ден и убава песна на радио, денес се борам насмевка на лице да ставам.

Но да се сведам на заклучокот...
НЕМАЊЕ САМОДОВЕРБА, ШТО ИМАМЕ МИНИМАЛНО ПСИХОЛОШКО ОБРАЗОВАНИЕ НИЗ ЖИВОТОТ, БАЛКАНСКИ МЕНТАЛИТЕТ НА БРАК СТЕРЕОТИП (ТУКА МИСЛАМ НА ГОДИНИ И ПАРТНЕР ВООПШТО) И ШТО СО БЛИСКИТЕ ВО ЖИВОТОТ ЗАБОРАВАМЕ ДА СЕ ПОДРЖУВАМЕ ЗА УБАВИТЕ РАБОТИ КАКО ПРИЗНАНИЕ ЗА УСПЕХ,
И ШТО СЕ СТАВА ПРЕГОЛЕМ АКЦЕНТ НА „ГРЕШКИТЕ ВО ЖИВОТОТ“ - РОДИТЕЛИТЕ НАОЃААТ НАЧИН СУРОВО ДА НИ ПРЕФРЛАТ ЗА СЕ ШТО ЌЕ ЗГРЕШИМЕ, НО КОГА ЌЕ НАПРАВИШ НЕШТО УСПЕШНО, ПРИЗНАНИЕТО Е РЕТКО.

Девојки што стана со светов -,- ?!?!?!?!?

А што било тоа кое на прво место те привлекло кон таков манијак? Луѓето се спремни да жртвуваат многу за да имаат физички привлечен партнер, не велам дека тоа било случај, но се дешава многу често.
 

gray jedi

Нов член
15 септември 2021
4
4
3
36
Сосема те разбирам, си го имам сјебано и јас така здравјето, имам пишувано по темиве.
Ми требаа години и КБТ за полека да почнам себе да се ставам на прво место (и уште повремено се мачам со тоа), ама мора од некаде да се почне.
Слободно пиши ми порака ако некогаш ти треба издувен вентил за темава. :)
Учиме и ќе учиме...
И благодарам (hug) многу за понудата.
Истото важи и во обратната насока (sun).

А што било тоа кое на прво место те привлекло кон таков манијак? Луѓето се спремни да жртвуваат многу за да имаат физички привлечен партнер, не велам дека тоа било случај, но се дешава многу често.
Outrider додека да сфатам што ми се случува, трагедијата се случи.

Се почна каде човекот ги изговараше моите мисли и желби за живот пред јас да ги кажам.
Почувствував вистинскиот во него во тие моменти.
Сакаше семејство, сакаше да ме сака, да ми се посвети...
Кога почнаа несогласувањата, си велев треба да се прилагодиме, луѓе сме различни, ќе треба да се потроши време да се навикнеме еден на друг.

И кога имаш збир од вакви настани не ти е вистинито дека ти се случува... Збориш со некому за семесјтво, деца, и не можеш да сфатиш дека ти се случува најлошото паралелно.

Кога едно време „стивнаа работите“ си велев дека јас нешто сум преувеличила... Но на крај избувна повторно gaslighting ситуација и во тој момент сфатив дека работите никогаш нема да бидат подобри...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Учиме и ќе учиме...
И благодарам (hug) многу за понудата.
Истото важи и во обратната насока (sun).


Outrider додека да сфатам што ми се случува, трагедијата се случи.

Се почна каде човекот ги изговараше моите мисли и желби за живот пред јас да ги кажам.
Почувствував вистинскиот во него во тие моменти.
Сакаше семејство, сакаше да ме сака, да ми се посвети...
Кога почнаа несогласувањата, си велев треба да се прилагодиме, луѓе сме различни, ќе треба да се потроши време да се навикнеме еден на друг.

И кога имаш збир од вакви настани не ти е вистинито дека ти се случува... Збориш со некому за семесјтво, деца, и не можеш да сфатиш дека ти се случува најлошото паралелно.

Кога едно време „стивнаа работите“ си велев дека јас нешто сум преувеличила... Но на крај избувна повторно gaslighting ситуација и во тој момент сфатив дека работите никогаш нема да бидат подобри...

Во ред но што е она кое првично те привлече кон тој лик?
Gaslighting упатува на психопатија на страна на извршителот, а пошто психопатите имаат нула капацитет за емпатија, не сфаќам како е можно да глумат цело време.

Не знам дали дека имам сосема поинакви искуства не можам да сфатам како оди сето тоа.
Ок, една потенцијална врска се изјалови поради криење на сериозна ментална болест кај жената но тоа и онака беше само можност, којзнае дали ќе се оствареше нешто во реалност ради географија.