Не знам за неа, ама да се надоврзам за себе и зошто ја сфаќам.Во ред но што е она кое првично те привлече кон тој лик?
Gaslighting упатува на психопатија на страна на извршителот, а пошто психопатите имаат нула капацитет за емпатија, не сфаќам како е можно да глумат цело време.
Не знам дали дека имам сосема поинакви искуства не можам да сфатам како оди сето тоа.
Ок, една потенцијална врска се изјалови поради криење на сериозна ментална болест кај жената но тоа и онака беше само можност, којзнае дали ќе се оствареше нешто во реалност ради географија.
Првиот озбилен дечко, врска од година и кусур, си беше социопатче со тапија + сам си веруваше во приказните.
Работата кај нив е што или се премногу шармантни и ти кажуваат точно што сакаш да слушнеш (а верувај, мноооогу лесно им е да се преправаат кога емоциите се исклучени) или пак се вадат на патетика и самоповредување (што беше случај со мојов), па се осеќаш заглавено дури и кога ќе се освестиш дека не штима. Ова беше посебно чудно за мојот 19-20 годишен мозок да го сфати, но после период разделеност, разладив глава и сите работи ми се поврзаа.
Вториот, пошармантен социопат, беше пред 5-6 години, сум ти зборела за него. Е, тој е поопасната сорта пошто знаат да створат убава слика за себе, па кога нема да можат да ја задржат таа маска цело време, тука ти почнуваш да се прашуваш дали е до тебе можеби, што си пропуштил/а, што се сменило и повеќе си фокусиран на тие прашања отколку на булшитот што моментално ти го прикажува пред очи.
Чуден, зачаран круг е, ама тоа е - живееш и учиш.