Зошто немаш дечко/девојка?

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Јас пак од жал спрема другите си стојам се така сама, немам срце да им го губам времето на празно кога и така и така си се знае мојот крај.
А и многу комплициран карактер сум, јас едвај излегувам на крај со себе не па другите, плус кога ќе ја додадам и фобијата од обврзување... судено ми е да сум си сама :)
 

Ema Emma

Истакнат Член
6 јуни 2021
3
5
103
Да, прашањето е иритантно, исто како и прашањето кога ќе се омажиш/ожениш. Некои луѓе немаат лоша намера со тоа прашање, само се љубопитни. Други можеби имаат некој сингл во фамилија, па сакаат да те спојат :) Трети можеби фаќаат сеир. Во секој случај, иритантно е да ти ставаат сол на рана, ако сакаш да си во врска/брак, ама едноставно немаш среќа во љубовта. Јас одговарам со - не сум го нашла вистинскиот, иако попрво би им одговорила да си гледаат своја работа :cenzura
 

Grunf

Нов член
14 септември 2021
2
1
3
41
Тешко се наоѓа девојка која ќе одговара баш на вашиот карактер и затоа пропуштените прилики не е лесно да се надополнат. Ете затоа сум сам, испуштив добри шанси.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Тешко се наоѓа девојка која ќе одговара баш на вашиот карактер и затоа пропуштените прилики не е лесно да се надополнат. Ете затоа сум сам, испуштив добри шанси.
Не жали по тоа што си го испуштил, да било за тебе ќе си го имал.
Пропуштените прилики остануваат во минатото, како памет за идните прилики да не бидат повторно пропуштени. :)

Што се однесува до темата мислам дека премногу сме самокритични, а тоа ни служи како добра кочница за голем дел од животот да сме си сами.
Треба да се опуштиме и да дозволиме да ни се случи нешто различно во животот. Идеална личност не постои, ниту па ние сме идеални, а двe "будали" кога би се споиле пак би биле совршенство. :)