Зошто и колку се нервирате?

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Е мене често ме фаќа тоа нервозата ама ретко ја покажувам. Исто ко ништо да не било...и после кога ќе се насобере една таква голема количина на нервоза, гледам да ја исфрлам со трчање или вежбање...Лошо ќе е ако употребам некој предмет/човек како боксерска вреќа.(worried)
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Кога ќутам ќутам но кога ќе ми пукне филмот целата нервоза ја испукувам на првиот кој е пред мене.
А ми се случувало голем проблем да преќутам а да се зинервирам за некоја глупост и да реагирам.
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
по природа сум трпелива особа. Штом се изнервирам значи стварно било за нервирање. Простувам брзо но не заборавам. Доколку сум гневна на некој избегнувам конверзација со лицето. :)
 

annazac

Истакнат Член
2 август 2012
30
13
108
со оглед на тоа дека сум перфекционист премногу често се нервирам,претерано често...секоја најмала ситница ме вади од такт,за секоја најмала гршка избувнувам и нападнувам...
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Од секоја мала правам голема работа. Премногу си земам здраво за готово а кажано ми е многу пати дека треба да си ги чувам нервите за понатаму во живот, ама неможам посилно е од мене...
 

Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Мојата најлоша карактеристика.

Сметам дека сум најнервозно девојче што постои. Нема ден, ма нема час да помине а да не се изнервирам за било што. Се нервирам за ситници, а тоа не е на арно затоа што многу ми се рефлектира на здравствената состојба. Ама оди не се нервирај. Не можам, од малечка сум ваква.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
МНОГУ- се може да ме изнервира и тоа ми е страшна маана шо сум невротична личност. Но работам на тоа да се контролирам но не ја истурам нервозата врз некого со мали искучоци.)