Зошто ги сакате филмовите кои ги сакате?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Него друг муабет да почнам, пред некое време со Хоуп нешто праевме муабет околу тоа зошто ги сакаме филмовите кои ги сакаме и дури и падна некоја аматерска психоанализа демек од моја страна :D не особено успешна, ама идејата е интересна, зошто го сакаме она што го сакаме, без разлика дали е филм, музика, книги или било што. Темата може да е во филм пошто реалноста говори дека најчесто гледаме филмови и се идентификуваме со филмски ситуации, што не мора да значи дека е ограничена на филмови.
Монте Кристо беше тема на муабет а накратко и Шошенк а тоа се книги/филмови кои меѓу многу други работи - се бават со бекство од затвор.
И после ми текна дека ако направам апсолутна топ-50 листа на филмови, барем 20 од нив ќе бидат со бекства од затвор (smoke) Папијон, Бекство од Алкатраз, еден филм шо бегаа од Гулаг, Сорсерер итн. еден куп ги има. Тука се и филмови со хостиџ ситуации како Кучешко попладне или Пелам 123.
Дали тоа значи дека потсвесно се осеќам како на робија? Дали тоа е само вкус изграден врз незадоволството од животот и средината во која се живее а која се доживува како робија? Или како заложништво? :x
А тек дистопиите :x
Или сентименталните ситуации кои ме погодуваат ама само ако се во неочекувана средина, пример не гледам ич романтични комедии, не ме интересираат воопшто, ама ситуација како онаа со Нолти и жена му во Mother Night или како причата меѓу Винстон Смит и Џули во 1984 од Орвел ме вадат од памет :x

Што мислите вие, what makes you tick?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене веројатно љубовта кон островот и историјата таму ми се пресудни за да ги сакам Braveheart, Elizabeth, Robin Hood и слични приказни од средниот век. Исто така еден од моите омилени е Perfume: The story of a murderer (пак среден век, само Франција), ама таму ме фасцинираше главниот лик Жан Баптис Грануи и музиката која што се провлекува низ целиот филм. Ете мене средновековните теми ми се омилени за гледање.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да и испадна дека јас имам некоја жичка на психопат, и имам добри шанси да полудам кога ќе остарам :D

Јас си сакам филмови со некои чудни ликови, и некои испреплетени мистерии со пресврт. Или филмови со евреи. Комедии ептен слабо гледам, единствено само француските ги сакам од тој жанр, еве кога сме веќе и кај старите филмови, ги сакам и тие, а посебно а ако не и само филм ноар филмовите од тоа време, или некои драми со некои психички болести или зависности... Акција воопшто не гледам, исто и романси. Италија пошто ја сакам, затоа и си гледам и по некој италијански филм, анимирани обожавам, само што ќе излезе анимиран филм одма го гледам, ете сакам и историски филмови, ама од друга страна па не сакам биографски приказни, пошто мислам дека не би биле интересни како кај измислено сценарио (така јас си замислувам).. Научна фантастика ич никако ни сакам ни гледам, ни па ќе гледам, хорор не дека ме занима, ама еднаш годишно ќе изгледам нешто, ќе ме излаже тоа најстрашен хорор на сите времиња. Акциите кажав не ги сакам, ама затоа па ги обожавам крими филмовите... Вестерн гледав како мала ептен..

Интересно е кај мене што ако гледам некој филм што ќе ми се допадне, тогаш како веган се запнувам да најдам се што има слично на тоа да изгледам, па од филм на филм ќе најдам друга поинтересна приказна, па ќе и се запнам слична да барам и се така и си имам периоди кога сакам едно нешто, па можам понатаму да свртам на сосема трето.

Кажав што сакам, а зошто ги сакам еве пример филмовите со евреите, имам мислено, ама не можам да најдам причина. Може во минатиот живот сум била еврејче. (едно време и сонував евреи) Или луда стара жена, пошто и такви сакам... :rofl
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Премногу бев опседнат со мафијашки филмови, секогаш сакав да ги гледам тие убиства, пари, договори, моќ и слично. Не дека сакав да станам такво нешто, и да сакам не можам затоа што не личам на таков туку многу ми се допаѓаа филмовите. Ме влечеа такви приказни, како почнувале па како стигнале до врвот и нормално како завршиле со куршум во чело.
Трите делови на Кум ги имам гледано милион пати, Bronx Tale, Goodfellas, Casino, Scarface и уште некои да не ги набројувам сега. Сите овие ми се гледани сигурно по 10тина пати.

Сакам и вестерни, многу сакам. Не сум ги гледал сите, ама не сум гледал ни малку. Тоа што ме влече кај вестерните најпрво е приказната па глумата во која не е додавано ништо, музиката не ни мора да ја спомнам ама ете.

Акција и јас слабо гледам, не сум љубител на тепање и кршење кичми.

Што се однесува на старите филмови, трилери и слично. Обожавам такви кои ќе ти го измешаат паметот и на крај ќе те остават да се чудиш, па ќе мора пак да гледаш за да се увериш дека добро си видел.
Сакам и кога те тераат да мислиш и да глумиш детектив, е детектив сакав да станам ама пак, не личам ни на тоа дека можам да сум.

Тоа е на кратко.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да и испадна дека јас имам некоја жичка на психопат, и имам добри шанси да полудам кога ќе остарам :D

Друг беше муабетот :p за потиснатите пориви кои влијаат на вкусот и тие работи (демек) (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сакам филмови и книги со несреќни краеви, многу се разочарувам кога на крајот се ке заврши добро и ништо не и се случува на главната улога, најверојатно затоа што сакам приказни кои се близу до реалноста или пак потајно им љубоморам на ликовите кои и покрај се доживуваат среќен крај.
Сакам филмови со психопати, одсекогаш сакам да го анализирам однесувањето на луѓето и да предпоставувам до каква крајност може да забега човечкиот ум, најверојатно тоа води потекло уште од најраните години кога му го анализирав умот на татко ми, кој не беше баш нормален и секогаш се трудев да му ги предвидам сите чекори.
Сакам и филмови за личности кои успеваат да се изборат и покрај сите маки во животот, тука повторно се исповетувам со самата себе и потајно се надевам дека еден ден и мене тоа ке ми се случи.

МНогу често сум на страната на негативецот, навистина незнам зошто, но ке размислам за тоа :)
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Јас преферирам филмови и серии со тинејџери, без разлика дали хорор/мистерија/крими. Ама како што кажа мало, подобро е кога главните ликови се во опасност, уште поинтересно ако некој од главните ликови умре :( Некако ми делува пореално. Понекогаш ме фаќа нешто за акција, понекогаш сакам да гледам некоја трагична драма или некој филм со уникатна приказна, на пример многу ми се допадна Клои (2010). Не можам да се замислам себеси како гледам комедија, неколкупати во друштво сме гледале комедии и јас само што не заспав.
Најмногу сакам на пример група тинејџери заглавени на некој остров, на брод, во некоја колиба, во некој лифт...
Порано многу се нервирав кога ќе видев во хорор филм пример главниот лик оди кон вратата и знае дека не треба да ја отвори и дека таму се крие негативецот ама тој упорно ја отвара вратата, се додека еден ден братучед ми не ми го смени мислењето. Ми објасна дека човекот по природа е љубопитен на некој начин и на пример ако слушне некаков морничав звук или нешто слично, тој оде кон местото со цел да си покаже дека таму нема ништо, дека е само параноичен. Соочување со своите стравови, што би се рекло. Меѓутоа во хорор филмовите секогаш се покажува дека греши и дека сепак има нешто зад вратата.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
@Outrider, добра тема си отворил.

Зошто ги сакаме филмовите (работите) кои ги сакаме? Веројатно се работи за повеќе испреплетени причини и не би знаел да дадам прецизен одговор. Имам забележано дека некои работи човек ги засакува од мал. Кога бев мал татко ми ме одведе на фудбал, и од тогаш фудбалот стана важен дел од мојот живот се додека не заминав 20ка. На многу другарчиња родителите не ги одведоа на фудбал и тие никогаш не го засакаа и ден денес викаат дека е губење време.

Како мал обожавав да гледам Star Trek. Го даваа навечер на МТВ, репризно, и секогаш ја чекав репризата. Ќе ја изгледав, ќе го исклучев телевизорот и ќе си легнев, и пред да заспијам ќе ја преживеев таа авантура, истата епизода, само овој пат со мене на бродот. Од тогаш па наваму станав и останав фан на S.F.

Ова може да е само една од причините, се разбира, и не знам колку би била значајна во однос на други. Можно е исто така да се работи за афинитети на одредена личност кон одредени работи, и капацитет да се разберат некои работи. Познавам луѓе кои за жал не можат да разберат што се случува во Матрикс. Ги знам одамна и ги знам доволно за да знам уште пред да го гледаат филмот дека нема да го разберат. Нејсе, откако го изгледаа рекоа дека филмот бил закон, и јас едно време бев во шок поради тоа, за подоцна да сфатам дека им била закон акцијата, а „тоа што зборуваа немаше врска“. Тука вкусови не помагаат.

Јас кон филмот имам практичен пристап, не осудувам ништо однапред, сакам да изгледам се брз разлика на жанр, важно ми е квалитетот да е на некое ниво во однос на други филмови од истиот жанр, да не е премногу клише...
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Ко помал глеав ептен филмови со зомбиња, дури имав и сонови каде се тепам со зомби во апокалитична истуација.
Денот коа го гледав Zombieland беше... не знам неопишливо чувство, a whole new level of exciting! (филмов ти е прирачник за како да тепаш зомби, комеди стил)

Кратко и јасно, да не влечам и да кажувам како сум обожавател на хорор филмови, оние bloody, че испадни некој психопат сум, па администраторот преку ИП адреса че ме дознае кој сум шо сум и од каде сум, па да ми прати алфи и "бел ден" да не видам. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Коа би се навратил вака зошто ми се допаѓаат филмови што ми се допаднале, би ставил неколку параметри, некои по свесен, други по несвесен пат.
Свесно, љубител сум на историјата како непресушен извор на добри филмови. Затоа и гледам свашта што ќе излезе од ова подрачје иако често може да останам разочаран. Воглавно филмови од ниска продукцијска куќа многу ретко ме имаат изненадено, но се случувале и такви од повисоките редови (пример Троја, Александар, Последниот Мохиканец) кои и не ме оставиле нешто воодушевен. Затоа воглавном глеам историски филмови зад кои стои сериозна куќа као BBC или па режисер како Р.Скот.
Интересно е што во последно време трилерите ми одат многу од рака, па затоа си ја пратам оваа бранша често, иако имам уште многу леб за јадење за да оформам некое генерално мислење за истите. Би ги ставил Нолан и Финчер како релативно добри режисери кои ретко ме оставиле рамнодушен.
Блокбастери глеам чисто ако пратам некоја франшиза на суперхерои, (сите 3 главни води ги пратам), иако често сум останал и разочаран.
Од оние за помлада популација ги пратам само дизниевите и оние на Пиксар. Никакви манги, аниме такви ствари, освен ако некој не ме разубеди дека нештото стварно би ми се допаднало.
Комедии во задње време и да не сум забележал да ме седнат на теме. А порано многу ги пратев. Дури и повеќе од потребното.
Е сеа несвесното... Што е тоа што ме привлекува кај одреден филм и зошто го сакам истиот. Едно нешто што не сум знаел а што подоцна сум разоткрил е колку психолошки делува саундтракот за филмот да има многу добра оцена. Типичен пример е споредбата меѓу Илузионист и Престиж. И двата работат на слична тематика, дури и се во скоро ист временски период. Па сепак Илузионист е на повисоко ниво, најпрво заради филмската музика што е компонирана за него. Да не набројувам за Парфем, мислам дека @existence добро го долови примерот. Во глобала, филмови каде музички замрсил прсти Енио Мориконе ми се во линијата на најдобри икад гледани, за разлика од оние на Ханс Цимер, иако не е лош како композитор, но му недостасува еден вид на топлина.
Од глумачка школа, мора да го пофалам Лео иако е мејнстрим влезен, чоекот е легенда на улоги во кои може да се изадаптира. Така да ретко од него некој филм кој ми бил лош. Нортон ми е милениче, но мислам дека е предодреден за 5-6 типови луѓе и сами тие ги врти, иако совршено. Од женската страна во последно време многу ме фасцинира Ема Стоун и мислам дека ќе извади добра кариера ако не ја оплеска. Од постарите секако тоа се Хелен Мирен, Мерил Стрип и ни мање ни више Џулијан Мур.
„Црнобелите“ ги сметам како класици во книжевниот свет и би било добро да се погледнат барем еднаш. Но познавам и многу луѓе на кои не им се допаднале и кои веднаш се префрлиле на поновиве, што не значи дека вкусот им е поинфериорен за разлика од оние другите. Рецимо мене омилен ми е Казабланка и To kill a mockingbird ете и да се рече Breakfast at Tiffany`s но не и Однесени со виорот за кои се помачив да го догледам до крај.

Така да вака е горе доле во груби црти моето крајно субјективно мислење околу тоа зошто ги сакам филмовите зошто ги сакам