Мене ме привлекуваат и социјални теми, веројатно како резултат на идентификација со ликовите, дикенс си го сакам многу (книгите и филмовите према тие книги), ми лежи таа доза на сентименталност (ок, понекогаш забегува) и баш тоа ниво на меланхолија... и други британски, имаше еден многу јак со роберт карлајл, најдобриот глумец на светот (no ifs, no buts, no why`s, he just is )
Сега доаѓа божиќ и секако ќе го даваат по телевизииве Ебенизер Скруџ (духовите на божиќното минато) и демек нема да го гледам а пак ќе се нацртам пред екран ако налетам на него...по 98876 пат
Е сега од каде таква идентификација, веројатно трауми од детството поради...да речам скромна финансиска состојба (за да се избегне вистинскиот поим) која влијаела на многу избори во животот и секогаш била дел од мозаикот на интереси и склоности. Не верувам дека некогаш целосно ќе се ослободам од тој филинг а поради тоа природно се појавила и изразита социјална свест што секако наведува на интерес за такви дела, не можам да не го сакам ван гог на пример (сликарство) или жерико. Книгата `Надница за страв` која се моташе по дома којзнае од каде уште кога бев средно ме натера подоцна да ги симнам и двете екранизации кои се одлични, втората е толку добра што сеуште не ми се верува дека снимиле такво нешто
Имам пробано да гледам од Фелини демек социјала ова она ама некако ми делува наместено сето тоа, исто како кај екс-ју филмовите од тој жанр, не знам зошто - дали поради идеологијата на кумунизмо или нешто друго...освен петријин венац, тоа е стварно јак филм, ужасен и безнадежен.