Зошто бившите (не) се враќаат?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Не наидов на ваква тема ни доколку ја имате спојте ја.

Значи насловот се кажува.
Зошто бившите не се вракаат?Зошто на пример кога дојде до крај повеке не можете да бидете заедно?
А дури и да бидете повеке ништо нема да биде исто?

Чекам ваши одговори на темата :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Расположена си за теми од сабајле. :)

Па, зошто не се враќаат? Од крајот на врската, секогаш едниот ке сака да го заборави другиот, а пак другиот ке пати во помисла да се врати. Односно ако гледаме хипотетички ако у случај раскинат а се сакат, т.е. пак сакат да се заедно и бидат, тогаш да не очекуваме сериозна врска од нив па накратко некој ќе се замрази, тоа е со сигурност.

Е, сега. Од друга страна можно е и да се враќаат во буквална смисла ''се враќаат'' на местата каде што сте биле заедно исте поминале прекрасно, се враќаат на местата каде што си замислувате, се враќаат на секавањата заедно помината на она викендичка или слично. На тие места каде што сте посакувале, таму се наваѓаат и они не се превампириле сигурно тоа го сакаат.

Трета смисла, да се разделите, да си фати друг и омажи брзо, тука си тотален аут, освен второто наведено ''се враќаат'' на местата каде што сте обожавале и на спомените убави или лоши.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Се согласувам со тебе.И да се вратат цело време едни на други ке си ја префрлуваат вината...А ако дојде до тоа пиши пропало.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blabla and goodgod

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Не се враќаат? Па сигурно има некоја причина зошто тие се бивши,зошто тие раскинале. Некогаш причината е голема а некогаш помала ама како и да е, очигледно едниот или пак и двајцата не можат да пројдат преку тоа.
Аа некогаш и гордостта не им го дозволува тоа,ии двајцата сакаат да се смират ама никој од нив не почнува прв :)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Затоа што само Леси се врача кучи.

Првпат наидувам некој да постави вакво прашање и самово прашање ми алудира дека тој што го поставил е против своја волја оставен од некого, па сега си го бара назад. Небитно. Ретко кој пар што раскинал повторно се составува. Поготово ако неславно раскинале. Едноставно тоа е минато искуство, веќ видено, самите личности не се веќе тоа што биле во врската, а да не зборам пак на почетокот на врската кога се било сјајно. И да почнат пак нека не се надеваат дека ќе биде исто како порано, затоа што како прво тие двајца имаат заедничко минато, а како второ во сегашноста се сосем различни. Емоциите ќе бидат кармакаша. Затоа секој си бара ’’свежо месо’’ и не гледа назад. Патем, она што што се сјебало, не покушавај да го поправиш, џабе бламирање.
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Се враќаат како не, колку врски се рефрешираат наново и наново. Се фатиле двајцата во таа врска како слеп за стап еден за друг и колку и да не чини они упорно тоа па тоа, таму па таму. Демек поинаку не може да биде. Демек грев е да заборавиш еден период од твојот живот и да продолжиш понатаму. Завршило и крај. Не дека не треба да се даде втора шанса, ама постојано тупење во место, зошто?
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Имаше една мисла и гласеше некако "Бившиот ти е како изгледан филм на кој однапред му го знаеш крајот"....држи муабетот дека кавгите и несогласувањата ќе бидат малтене исти.
Не можев и јас да се помирам да прекинам од корен комуникација и ми беше смешно да фрлам во вода нешто као тоа не се случувало никогаш.
Јас се прашувам како го преболуваат партнерот оние кои мораат да го гледаат секојдневно да речеме на факултет или на работно место.
Најтежок момент е кога спрема бившиот не гледаш со злоба туку со чуство дека заслужува навистина подобро од тебе,кога неќеш да те криви понатака за секоја пропуштена шанса,а знаеш дека засекогаш ќе остане во твоето срце.