Зоолошките градини во Македонија и светот

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Во текот на своето постоење Градината игра значајна улога во едукативно-воспитниот, културниот и рекреативниот живот не само на Градот туку и пошироко, и е една од најпосетените институции во Градот и пошироко во Републиката.

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман, тогаш е предложена и денешната локација која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година. Во тоа време Градината располагала со скромен број животни. Со текот на годините Градината се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни.

Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 300 животни од 56 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца.

Во Градината има 35 вработени. Од 1926 до 1991 година Зоолошката е под надлежност на Градот Скопје. Од 1991 до 2005 преминува под надлежност на министерство за култура на Р.М, а со децентрализацијата од 01.09.2005 е под Град Скопје.

Има воспоставено соработка со други зоолошки градини како: Битола, Загреб, Белград, Нирнберг, Палиќ, Љубљана, Келн, Москва, Виена. Од 2006 година Зоолошката започна соработка со ЕАЗА (Европска Асоцијација за Зоолошки и Акварии), а од Mај 2009 година Градината се здоби со статус Кандидат за член на ЕАЗА.

Во Зоолошката градина се одржуваат практични настави на ученици од средните и основните училишта како и научни истражувања.

Зоолошката е отворена за посетители 365 дена во годината.

Моментално Градината е во фаза на реконструкција.

http://www.zooskopje.com.mk/

Ќе споделам некои линкови и од странските Зоолошки градини:

Белград: http://www.beozoovrt.izlog.org/
Њујорк:
Копенхаген:

Доколку сте биле во некоја странска Зоолошка градина споделете искуства и слики. Или како ви се допаднала Зоо градината во некој град во Македонија?
 
Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Во Скопје оваа до пред некое време беше невероватно мизерна и као концентрационен логор за животните...сеа малце подобро е ма да не е идеално мислам дека може многу повеке..сум бил и во зоолошки во странство и срам ми е да праам некаква споредба..
 
Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Токму така, зоолошката тука многу се разликува од тие во странство... Јас сум била во зоолошката во Атина, и бомба е, што ли се нема, од змиии, до кенгури и пингвини, прават како претстава со делфините и фоките, многу е убаво и интересно, да не сакаш да си одиш :D И нашата е убава сега, порано беше катастрофа, но може да биде уште поубава, само треба да се вложи и во неа :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Бев во Будимпешта во зоолошката, пред 4 години, но за жал немам слики. :( Останав внатре цели 5 саати, после првите 2, со брзање се трудев да поминам, да излезам и попатно да видам што има... уште 3 саати заглавив, ако ви се верува, толку голема е зоолошката! Внатре се имаше! Сите можни животни, од сите можни делови на светот, од сите можни средини. Имаше животни кои прв пат ги видов и за кои никогаш немав слушнато! За секое животно имаше совршен дом. На пример, за поларните мечки имаше карпи и огромен базен, исто и за пингвините. За крокодилите цела зграда посебна со посебни водни и суви делови. За птиците, посебни простории со 50 степени температура и дрва и буквално, шеташ како во шума да си. Ме сфаќате. Најмногу бидејќи сакам волк и поларна мечка, тие ми беа посебни. А ме воодушеви, флоросцентна шкорпија. Имаше посебен дел како пештера, темна и во една дупка светеше таа шкорпија. (happy) Исто, бев и во така наречена аква зоолошка, беше прекрасно! Влагаш во тунел, проѕирни ѕидови за да гледаш што се случува до тебе... ајкули пливаат наоколу! :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and Hexasto

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола

минатиот април бев јас таму... прејако е .. значи цел ден го поминав таму, се отепав од барање на лавот...и одвај го најдов на крајот.. инаку целата зоолошка е како еден лавиринт , цело време те тера да шеташ, не можиш да застаниш.. инаку една интересна случка ми се деси за малку ќе влегував во базенот на тој пингвинот да го удаам... копилето ме испрска 2 пати... си седев покрај базнеот и ме испрска и викам ај нема ништо ко по 5 минути пак ме испрска..
224253_2000659579323_1328563240_32367043_5599950_n.jpg

инаку ова е над поларните мечки во кафезот шо беше празен...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and Caci

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали имате информација дали пристигнале жирафата и слонот во Скопската Зоолошка?
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Зоолошката градина во Скопје доби вовче за деца, кој со вовчето ја разгледуваат цела зоолошка. Нови животињи сеуште нема. :(
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Се е во ред, но кога ќе поминеш од кај лисиците, отпадот мало дете е. Корне труе.