Старогрчкиот баснописец Езоп бил многу сиромашен роб.Еден ден неговиот господар му рекол да оди кај трговецот и да му купи нешто што е најдобро.
Отишол Езоп кај трговецот и купил јазик ама кога се вратил кај господарот и кога овој видел што му донел, лутито рекол" зарем ова е најдоброто што го најде да го купиш на пазар"
-Да, -рекол Езоп, ова е најдобрата работа на светот, со јазикот се учи за божеството, се моли, со јазикот се тешат луѓето, се учи за праведност, се советуваат тие што се сомневаат, се брани правдата,..многу добри работи се прават со јазикот.
-Е штом е така, утре ќе одиш пак на пазар и ќе ми ја купиш најлошата работа на светот-рекол господарот
Отишол другиот ден Езоп повторно и пак купил јазик.
Господарот кога видел, се налутил многу и извикал- Како може јазикот да е најдобра а истовремено и најлоша работа на свет!?
Езоп одговорил- Со него се презира верата, се говорат лаги, се прави зло, се оговара, се клевети, се прави превара, се издава, многу лоши работи се прават...
Јазикот е орган кој може да се употреби и злоупотреби, нашите зборови можат да бидат и убави и погрдни.
Затоа во библијата се вели дека животот и смртта се робови на јазикот...со него можеш да сееш смрт и живот....со него можеш да колнеш, да испраќаш на ѓавол а можеш и да молиш, да пееш, да благословуваш...