Зенот како производ на будизмот, поточно на кинескиот ум, на почетокот е исмеван и отфрлан. Дури во династијата на Сунг станува покренувачка сила во развојот на кинеската филозофија.
Според некои историски податоци, зенот во Кина е прифатен во 520 год. од н.е. со доаѓањето на Бодидарма, 28-миот патријарх после Буда, а првиот патријарх на зенот.
Разгледувајќи повеќе религии, соледуваме дека сите се пренесени од зачувани стари записи. Но зен будизмот не е следбеник на никакви свети записи. Зенот не се учи од записи. Неговата примарност е учење од иксуство и тоа од лично, директно и непосредно.
Значи, зенот не е ништо друго но наше секојдневно искуство. Зборот Зен потекнува од индискиот збор dhyana, кој има повеќе значења како длабока концентрација, смиреност, медитација. Зенот е учење кое е лесно прифатливо поради својата едноставност т.е. разбирливост, дури и кај обичниот човек кој дури не знае ни да чита, ниту да пишува.
Всушност зен учењето настојува преку ослободување на свеста од разни стеги и страсти кај секој од нас да се дојде до сопствената првобитна состојба. Тоа на некој начин можеби би можеле да го споредиме со симнување со маските кои со години сме ги напластувале на себе, се додека не дојдеме до својот сопствен првобитен лик.
Ако следиме одредени записи од некои религии, ќе сретнеме одредени верувања дека за сета наша добрина, за сите наши доблести кој сме ги дарувале во овоземскиот живот ни следува награда дури по нашата смрт,односно со нашето стигнување во рајот. Дури тогаш не чека мир и благосостојба, како надокнада за сето она што сме го давале во својот живот.
Но ова не е случај и кај зенот. Зенот не учи, доколку правилно ги следиме искуствата кои се наш водич низ животот, тие ќе не доведат до просветлување, а при тоа и постигнување на апсолутен мир т.е. нирвана, како што будистите ја нарекуваат оваа состојба.
Зенот секогаш го подржува искуството, како такво и одбива да се подчини на било кој филозофски систем.
Од филозофски поглед пак зенот приоритетот дава на внатрешното познание, а не на интелектуалот. Според зенот, тоа не е патот кој води до спознавање на вистината.
И да сакаме да го издефинираме зенот, не би можеле бидејќи за зенот нема никакви теории, канони, догми.
Марта Марковска во својот труд укажува на тоа дека зенот тврди дека единствено вечно и непроменливо правило на овој свет е дека се е создадено во низа причини и последици, се се менува и ништо не останува вечно и непроменливо, како што и Т.Д: Сузуки вели:
Животот сам по себе е доволно едноставен, но кога го преиспитуваме аналитичкиот разум, тој претставува беспримерна збрка. И покрај сите научни достигнувања, ние сеуште ја немаме сватено мистеријата на животот. Затоа, колку и да се трудиме, единствениот начин да дојдеме до некои животни познанија, единствен пат е преку проникнувањето во своето битие.
Сузуки во своите трудови наведува дека знаењето и размислувањето што и како треба да направиме е потребно, но не треба да бидеме и негов роб, посебно во одредени мигови кога треба да се делува брзо и непромислувачки, бидејќи размислувањето може да го блокира несвесното да истапи, да надвладее стравот и со тоа разумот да не може да донесе одредени одлуки. Исто така, доколку умот е фокусиран само на еден поим, еден објект, една мисл,а неговото слободно движење е невозможно, бидејќи неговиот ум е обземен од идејата за тоа нешто, незабележувајќи ги останатите.
„Каде тоагаш конечно треба да се држи умот? Работата е во тоа дека не треба да се обидуваме умот да се смести каде било, туку треба да му се допушти да ти го исполни целото тело, да му се дозволи да ти протекува низ целото битие...Кога не е никаде, тој е секаде. Кога зазема една десетина, тој е одсутен во останатите девет десетини...“
Т.Д. Сузуки
Марковска во својот труд наведува дека зенот всушност се бори со разумот. Кога нештата се сваќаат логички, со размислување, а не инстинктивно и непосрдно, всушност се промашува и целта. Според Марковска единствениот совет кој и го дава зенот е да се потпираме исклучиво на себе, сопственото знаење и сопственото искуство, бидејќи најголемата вистина е во нас и никаде на друго место.
Зенот прилагоден на денешните услови и начинот на живеење во Јапонија, голем број модерни фирми, своите вработени ги праќаат на обука во зен манастири. Кој е мотивот и придобивките од сето тоа?
Во зен манастирите секој зен ученик има свој учител. Во почетокот тој мора да работи разни работи, но секогаш е под присмотра на својот учител, до кој не може лесно да дојде и честопати бидува навредуван, одбиван, а се заради проверка на неговата желба за проучување на зен будизмот.
Зенот ја челичи волјата на секој нов следбеник, но не секој може да истрае и да ја помине оваа обука. Не секој има доволно волја за тоа.
Харигел за овој начин н зен учење вели:
Учителот е налик на сликар, кој кога ќе ги погледна делата на своите студенти е кадарен да каже кој е роден уметник, а кој не е!
Во овие манастири пракиката ја развива самодисциплината, свеста ја подига на повисоко ниво.
Разгледувајќи го зенот како учење, не треба да ги заборавиме и да не ги споменеме коаните, загатки или проблеми кои служат за поучување на зен учениците. Тие првично делуваат нелогично, неразбирливо и бесмислено.
Но од ученикот не се бара да размислува многу за да дојде до одговор. Тој одговорот го наоѓа во некое свое лично познание. И никогаш не постои еден единствен одговор. Смислата на коаните е да се дојде до непосредно будење т.е. просветлување на зен ученикот. Да стане свесен за ограниченоста на мислите кои ги има.
Многумина би се запрашале кон што води ова учење?
Според Марковска колку поскоро ученикот го прекине аналитичкиот начин на размислување, толку е поголема веројатноста дека е се поблизу до задоволувачки одговори на проблемите или загатките кои му се поставени.
Што всушност значи да се дојде до просветливање, уште наречено сатори, збор кој на јапонски значи освестување, будење т.е. просветлување, состојба на нереалност како што многумина ја нарекуваат.
Според Сократ сатори поконкретно може да се опише како откровение, нешто што треба да се случи природно и очигледно и би можело да се случи во секој момент од нашето постоење.
Оној што достигнал сатори, навлегува во еден за него нов, можеби непознат свет за кој дотогаш и не бил свесен дека постои. Тоа доаѓа поради неговата состојба или неговиот начин на размислување.
Но во зен учењето никој директно не може да ни каже што да правиме. Зен учителот всушност ни го покажува само патот по кој ние треба да продолжиме да чекориме, поучени од искуствата.
Марковска во својот труд споменува 6(шест) доблести, наречени парамита:
Dana (милосрдие) што значи дека за доброто на човештвото и благосостојба на сите суштества се дава се со кое човекот располага, не само матријално, туку и знаење што поседува.
Sila (придржување кон заповедта), значи почитување на Буда, кои водат кон морален живот.
Ksanti (насоченост, целисходност) изворно значи трпеливо или спокојно поднесување понижување.
Virya (енергија) која етимолочки значи машкост, секогаш да се биде предан и енергичен во спроведувањето на се што е согласно со дармата.
Dhyana (медитација), задржување на спокое ум во сите околности (поволни и неповолни) и неподлегнување на вознемиреност и разочарување.
Prajna (мудрост), искуствено доживување кое ги надминува сите други партикуларни доживувања, надминување на конечното и стопување со бесконечното.
Во своето изложување на суштината на зенот Марковска предочува дека зен учењето првенствено укажува на враќање на чувството на интуитивното во нас, како примарен човечки инстинкт кој укажува на она време од „детската невиност“ и човекот сите акции или потфати мора да ги превземе без колебање, без каење, без предомислување, без сомнеж и самообвинување. Само на тој начин сите исходи се оправдани и прифатливи.
Значи како што вели Марковска во својот труд, зенот се разликува од другите религии по тоа што повеќето од нив го ставаат Бог над човекот и бараат од него да се моли и да го обожува. Но зенот смета дека реалноста не доаѓа однадвор, туку одвнатре. Вистината може да се најде во нашата човечка природа и никаде на друго место. Практикувањето на зен будизмот е всушност тренирање на сопствената личност да ја одстрани од себе омразата, гневот, себичноста и да се развие љубов и љубезност кон сите живи суштества.
„Да бидеш полн со себе, но не во смисла на суета, туку полн со внатрешна бесконечност, да живееш така интензивно, што ќе почувствуваш дека умираш од животот.“
Емил Сиоран
Пасквалото за коаните вели дека водат кон разбирање дека сите нешта се поврзани. Сите битија се меѓусебно поврзани со силни, но невидливи врски. Секој што ја сватил таа вистина ќе биде внимателен и ќе се обиде да биде свесен за она што го прави.
Зен учителот и неговиот ученик
- Сите битија се меѓусебно поврзани со силни но невидливи врски. Секој што ја сватил таа вистина ќе биде внимателен и ќе се обиде да биде свесен за она што го прави. А ти тоа не го правиш!
- Не?
- Не, рече главниот монах и погледна задоволно.
- Те видов пред некој ден како ја поминуваш раскрсницата, а не испружи рака. Заради твојата невнимателност, камионџијата кој случајно возеше зад тебе, беше изненаден од ненадејното вртење и мораше да се качи на тротоарот на кој една госпоѓа која туркаше количка го потурна директорот на една компанија. Тој човек уште од утрина лошо расположен, отпушти еден од неговите работници, кој инаку можеше да остане на своето работно место. Работникот се опи и повреди еден, човек кој можеше да стане добар зен ученик.
Секоја индивидуална постапка влијае врз се не само во нашите животи, туку и во животите на сите околу нас.
„Расправа за зен будизмот“ од Марта Маркоска