Збирање гласачи од врата на врата

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Дојде октомври, а со него и предизборната кампања, а со неа и коледарчињата што тропаат по врати и нудат џиџи-миџи во замена за глас. Веќе не знам колку пати не отворив врата на дотераните батковци и дадиња на кои ова им е прво мрднување на задниците од работните местенца што им ги обезбедила или ветила партијата, па не можам да не осеќам туѓ срам, малку презир и малку жал (кој микс на емоции) за овие поединци.

Највеќе се осеќам луто поради тоа што ради ваквите поттрчковци одиме кон уште поголемо дно (ако постои). Да, вака е и по стрнство за време на кампањи, ама таму барем не е шака народ од која 80% сакаат да се на страна на победничката партија ради личен интерес.
Од една страна и не ги кривам пошто ова не е туку-така дојдено, виновници се уште нашите родители, (пра)баби и (пра)дедовци со златна Југа и кривење кичма пред секој за да преживеат, ама од друга страна па овие имаат шанса да го сменат тоа, а избираат да бидат штабски паразити пошто знаат дека не можат да се снајдат со свој памет/талент и ги мрзи.

Како и да е, има неколку прашања: Дали маицата и капчето со вашето лого ќе ми ги платат сметките?
Упаљачот ли ќе ме грее во зима?
Ајварот и локумите ќе ми траат ли цел живот, посебно сега кога храната нагло поскапува?

А, легендата вели дека некој гласал за одредена партија оти шетачиве давале локум со ореви. Купени со народни пари.
Уствари, давеникот за сламка се фаќа, па така и нашиов сиромашен народ се дава за локуми и илјадарче од глас, ама ете...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Со оглед на тоа какви карактери се присутни на локалната политичка сцена, не верувам во скоро време да ме премислат од досегашната пракса на неодење на избори. Чудно е што никогаш и никаде не сум гласал за никого, го немам тоа искуство а таа гласачката книшка ја запалив некаде 2003 во моите млади години.

Немам особена емпатија према партиските пацови кои се шуњаат по згради и звонат по станови со ветувања за мед и млеко, како може возрасен човек да падне до тоа ниво? Ок е дека државно е полесно и посигурно од приватно ама цената...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Кај мене закачиле на рачката од вратата промотивни и рекламни реквизити и си отишле. Така е кога немаат образ да се појават пред народот. И сега еден од реквизитите го користам како пачавра и си бришам плочки во купатило.
 
  • Haha
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra