Тоа последното не значи дека витаминот го добиваат преку соковите, но кога пијат само сокови нема потреба од лачење на желудочна киселина и не се оштетува слузокожата во цревата, туку напротив со таквиот начин на исхрана телото целосно се прочистува и регенерира. Муабетот ми е дека ако сме здрави ке си имаме б12 бидејки тие бактерии си живеат во нашите црева и во устата, не треба да го внесуваме витаминот од надвор.Факт е дека месото содржи најмалку, ама факт е и дека највеќе се добива од производи од животинско потекло.
Ама океј тоа, тоа си е за природно, а кај нас уште никој не е ко типот од клипчето од некоја страна понапред, да си го слуша телото и само на течности да живее, а во последно време се појавија вегани за извоз, па затоа прашањето беше што со Б12 како додаток во форма на таблети?
Другаркава од погоре одбегнува да го пие, а крвта ѝ е заслабната од многуте диети пред да стане вегетаријанец и ѝ е строго препорачан, ама од нејзини убедувања, не пие. Сега прочепкав да видам дека ова што се продава ко Б12, било Цијанокобаламин што телото можело да го конвертира во активни форми на Б12...ќе пробам може со тоа ќе се убеди, ако не изнајде ново нешто.
Да не сфатиш се потсмевам или нешто, лаички си прашувам...дали вака вештачкото внесување е против она вашето дека сѐ треба природно да се лечи и да се добива од природата? Тоа ми беше муабетот околу лишувањето макар и по цена на здравјето.
И ова ми е збунувачко. Овошјата и зеленчуците се плодови од растенија...освен ако не пропуштам некаков процес...
Инаку за вештачкото внесување... тоа си зависи од личниот избор. Другарка ти лошо постапува што до пола ги разбира работите а од пола не. Или нека се посвети малку повеке или нека се одкаже. Лесно ке ослаби ако го прочисти организмот, а организмот не се чисти со пржена храна. Ако нешто и недостасува во организмот, а не е дисциплинирана, подобро е да зема суплементи одколку да биде болна.
Инаку сум слушала дека некој производ од спирулина или пак самата алга спирулина содржи б12. така да тоа може да го зема. Ем е природно ем е растително.