Животот не е фер

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Замени го Бред Пит со Чак Норис и? Или пак со Џек Николсон,и?
Не сите имаме желба да бидеме на негово место,ама тоа ваљда ке го сфатиме тек кога би биле.
Покрај сите нас поминуваат неколку шанси во животот и доколку не сите само лежиме во кревет мечтаејки дека не е фер животот што сме се родиле овде а не на место на Бред Пит на тоа место лежејки и мечтаеки и ке си умреме.
За другиот пример донекаде си во право.
Убаво напишав на почеток.Незнам точно дали е фер,но ке живеам со мислата дека е и ке се стремам да искористам се она што ми се пружи.


Џек Николсон? Нема фаца на гремлин, далеку од тоа, посебно во помлади години (уан флењ овер тхе цуцкоо`с нест)
За Чак Норис точно, ликот е продукт на своите напори :)

Да мечтаеме да се родиме на место на Бред Пит?! Пак муабетот оди накај `кривицата`. Какo може да биде животот фер ако Бред Пит се родил како Бред Пит а некој со даунов како некој.........монголоид?! Каде е балансот тука?

images


Или географијата. За некој кој е роден во Данска и со самиот тој факт за која типот нема апсолутно никаква заслуга има еден куп повеќе избор од некој што е роден во Македонија, по било која основа. Од услови на живот, стандард, образование, здравство, кариера, услови за семејство......
Како што некој кој е роден во Македонија има повеќе избор од некој кој е роден во Етиопија (though this could change :D ). Тоа се едноставни факти, не гледам како може да се `премостат`.

Ни данецот ни маќедончето ни абисинецот со ништо не допринеле за горенаведеното а веќе во старт имаат сосема различни услови. Како трка на 100м на која еден почнува од стартна линија, еден на 25м позади неа а третиот 50м позади со врзан камен на ногата...:kafe
Фер плеј....in all its glory.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Фер плеј....in all its glory.
Во ред,се разбравме,за тебе животот не е фер,ајде сега да плачеме секој ден или пак да си го одземеме животот,нема причина зошто неправедно да го живееме. :eek:
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во ред,се разбравме,за тебе животот не е фер,ајде сега да плачеме секој ден или пак да си го одземеме животот,нема причина зошто неправедно да го живееме. :eek:


А зошто да плачеме?
Зошто смирено да не си го прифатиме едноставниот факт дека животот не е фер и да се обидеме да го оствариме она кое го сакаме без оглед на картите кои биле поделени? Не е нешто страшно тоа ниту пак спознанието за релативно едноставниот факт дека животот не е фер не е извор на црн нихилизам и сиуцидални мисли. Напротив, дава поголем мотив во животот, барем според моја перцепција.:)
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Aко ги бараме грешките секогаш кај другата страна........животот никогаш нема да биде фер.Освен некои работи што не зависат од нас....болест или сл.Инаку ако размислиме подлабоко.....се зависи од нас.................според мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :)

*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Јас милувам да гледам кон животот некогаш во некои ситници гледам со оптимизам. Тоа значи дека сепак ќе речам „животот е фер“.
Знам дека се случуваат милион и една лоши работи, ама ако застанеш и плачеш што си направил? Штетата случајно да не ја поправиш? А, да - мислиси. А ако застанеш и си речеш „Јас можам напред“ - одма ќе видиш како е фер животот и како следната акција што ќе ја подигнеш ќе биде чист успех :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :)

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Не е фер, воопшто не е фер :place Толку ми е тешко што помислувам и на најлошото, не ми се живее веќе!
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
На сите ни се имаат случено
секакви работи.Но,дали кругот се врти
дали доброто со добро се враќа,лошото со лошо...
Или сепак не...
Дали имало моменти кога сви помислиле дека
животот стварно не е фер,и дека некои
работи треба да ги преземите во свои раце...
Дали ''неком че сузе,а неком бисери'' или
сепак после дождот сонце исгрева.


Животот никогаш не е фер.Никогаш од животот не очекувај добрина нити пак лошо.
Дали некој воопшто е фер?
Шефот на работа фер е што намалува плата?
Фер е државата што зголемува давачки?
Фер е господ што зема млади луѓе?
Фер се сите луѓе што ти мислат лошо и се срдат на твоја несреќа?

Мора да си набиеш мисла дека сите се против тебе, иако тоа е и реалноста.
Само така ќе можеш да успееш.Но само ако ќутиш и работиш.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Дефинитивно не е фер!
Колку и да размислуваш оптимистички, не можеш да со отворени очи да не видиш какви се неправди се случуваат...
Не зборам дека не е фер во смисла јас го сакам, а таа не а тој пак трча по нејзе, или таа има ајфон јас моторола, тој возел ауди а јас лада... Ќе запотиш газ, ќе се стегнеш, ќе заработиш, а на крај краева не е битно, имаш на што да се јавиш и имаш со што да идеш на работа (фала богу и работа имаш) кога веќе размислуваме оптимистички.

Ама...
Таа неправда што ја нанесува животот, на која човекот е немоќен било што да направи, е тоа стварно не е фер.
Смртта на деца, млади луѓе, болести, епидемии, глад, жед, војни, жртви...
Тоа што лебот бил од вчера и ќе оди во канта, а онаму милиони мали деца умираат за леб е тоа не е фер.
Не е фер и тоа што новороденче умира три дена по раѓањето, 7 годишно девојче се бори со ракот, 5 годишник починал од леукемија и ред други примери за тоа дека животот дефинитивно не е фер!
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Је*еш га, не е.
На никој земски патник, не му се подредени картите во совршена хармонија, тоа е некој универзумски баланс, ваљда.
Зависно и кој како си ги подредува приоритетните работи, кој што го исполнува и слично, на крајот од денот сите ќе воздивнеме дека нешто фали, дека нешто не се случува како што треба и дека нешто не е фер.

Да не се повторувам со пар мислења пред мене, со кои се согласувам апсолутно, она што навистина не е фер е гладтта на милиони невини луѓе, смртоносни болести на деца итн итн. Чесни луѓе кои се борат буквално да го преживеат денот и лопови на кои не им чуе, кои не знаат дека леб и сол, постои како оброк.
За некои не е фер дека Џастин Бибер и раскинал на Селена и така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
да....животот понекогаш не е фер! но мора да бидеме свесни за неговите последици понатаму да не ни се повторат.... :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius