Во што се разликуваат машко - женските реакции во одредени ситуации:
1. На сопствена венчавка:
- Жената прво плаче
- Мажот прво пие па после плаче.
2. Според бројот на чорапи.
- Жените носат разни чорапи: под колена, над колена, со халтери, самолепливи, хулахопки, со или без ликра...
- Мажите носат стандард бели чорапи со патики и црни со чевли.
3. Кога е во прашање сексот
- Просечна жена вели дека сака секс нон стоп, цел ден, а вистината е дека е подготвена за секс максимум 3 пати во неделата. Покрај тоа, смета дека предиграта треба да трае 30 минути.
- Просечен маж, помлад од 40 години, сака секс секоја вечер, секое утро и е подготвен за секс во секое време. Тој сета дека предиграта не треба да трае подолго од 30-45 секунди.
4. Според оргазмот.
- Женскиот оргазам може да се спореди со ферари – темпераментен, силен и бара прецизно ракување.
- Машкиот оргазам може да се спореди со трактор – помалку интензивен, може да настане при различни услови и разни терени и толку е едноставен што и 14 годишно дете лесно може да управува со него.
5. Во фер-плеј?
- Жените го користат сексот за да го добијат она што го сакаат.
- Мажите не го користат сексот за ништо, затоа што веќе го добиваат она што го сакаат.
6. Кога се во прашање децата...
- Жената знае се за своите деца. Кога се на училиште, кога имаат тренинг, сите нивни другари, симпатии, стравови...
- Мажите немаат сосема јасно дефиниран став за тие мали суштества во домот.
7. Сфаќања за времето.
- На жените им е сосема нормално во 2 по полноќ да започнат разговор на тема: „Каде води оваа наша врска?“
- За мажите ова време е само за спиење.
8. За сложување на боите.
- Жените се разбираат во боите и секогаш знаат да ги сложат.
- Мажите мислат: Црвена е убава боја, и розова исто – кој вели дека не си одговараат заедно?
9. Во просторот
- Жените секогаш знаат што каде им стои.
- Мажите никогаш.
10. Реакција на вест дека некој купил нов автомобил:
- Жената прашува каква боја.
- Мажот се прашува од каде нашол толку пари.
11. Во разговор.
- Мажот ја почнува реченицата... а жената ја завршува.