Ефикасна вакцина против Ковид-19

Дали ќе се вакцинирате?

  • Да

  • Не

  • Не сум сигурен/на


Резултатите се видливи откако ќе гласате.

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Замисли да го имаш комфорот на денешницата, целата bleeding edge технологија, и пак да се повикуваш на принципи од сосема друго време кога човештвото имало скоро па ништо од технологија.
Не, не функционира тоа така. Вакцини не се ставаат само на тие со слаб имунитет :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што бидна со вакцините од Бугарија? Ќе ни дадат ли и ние да се порадуваме?
Какви лудаци треба да се еј, чекаат помош наместо сами да потегнат. Ене нека се сликаат со тие 100 вакцини од нашите пријатели, само за Заев и фамилијата се тие вакцини изгледа.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што бидна со вакцините од Бугарија? Ќе ни дадат ли и ние да се порадуваме?
Какви лудаци треба да се еј, чекаат помош наместо сами да потегнат. Ене нека се сликаат со тие 100 вакцини од нашите пријатели, само за Заев и фамилијата се тие вакцини изгледа.
За Бугарија не знам, ама еве Србите ќе донирале вакцини што ни самите ги немаат уште т.е. некаде пишуваше они нарачале 5000, а нам ќе ни донирале 8000, алал да им е на добродушноста, во минус ќе појдат ради нас. :D
Циркузанти.
 

Sasho

Истакнат Член
12 ноември 2020
43
14
108
41
Има ли некој уште провлеми со пријавувањето? Ми треба за работа ама никако не можам да дојдам до пријавата а ке снема вакцини дури се пријавам. Ах Македонијо пуста никава..
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Македонија ќе нарача 100.000 вакцини Спутник V

Мислим, да не се радуваме прерано, сепак има разлика од „ќе нарачаме“ до „дадени се насоки да се нарачаат“, но ај да се надеваме. Само ме интересира како ли идел тој тежок процес на давање насоки за нарачка бе, насоки. :D

Па се спомнуваат и вакцини од Кина. И што ќе правиме сега кога ќе се измешаме сите различно чипирани?
Секогаш мора ние да сме жртвените јагниња врз кои се пробува, бре!
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ама како ги примија тие од Србија што ги добија ко демек милион донирале. Па камери па пресови па фала фала, си мислиш не спасиле од вирусов, а тие ни дадоа 4000 во картонска кутија, нашиве којзнае и дали знаат каде треба да се чуваат, ги пикнале во длабоко нека стојат со свинското.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Наводно 3000 руски вакцини ќе стигнеле во недела преку ДХЛ, но колку ќе испадне точно, ќе видиме.
На Твитер веднаш најдоа дупка дека ДХЛ не работи т.е. не врши испорака за викенди, но со оглед на тоа што ова е апла вонредна пратка, може и ќе има некои отстапки.
Останува да видиме.
Како и да е, преидиотски е што од сите можни вакцини (ќе) имаме.
Ах бре...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
This just in.
1616704714218.png

Значи во 7:50 облакајте кимоната и да прославиме АКО дојдат вакциниве.
Оно веќе секако доста ни е уште 12.000 души да се вакцинираат пошто мислам дека мнозинството веќе имаме антитела, иако огромен дел не ни знаеме.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Инаку во случај некој да не знае, може да се пријавите на странава за вакцинација.
Јас се пријавив уште на самиот почеток, ама ќе видиме дали и кога евентуално би ме викнале. Секако не се надевам за брзо, башка што секако нема врска кога си се пријавил, туку колку си приоритетна група (а воопшто не сум).
Ама ај да видиме... :^)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Океј, веројатно поради послабиот интерес и стравот, има доволно вакцини, па и јас и другарка денес добивме термини за во вторник сабајле.
Најверојатно ќе е со Синофарм, што ми е сосема океј, башка што и СЗО ја одобрија, а најверојатно за брзо и ЕУ (дека па ќе се скапам од патување по ЕУ). Секако ќе се откачи едно гајле.
Ќе пишам „импресии“ после првата доза. :)