Ефикасна вакцина против Ковид-19

Дали ќе се вакцинирате?

  • Да

  • Не

  • Не сум сигурен/на


Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco


Како се осеќаат сега оние кои поддржуваа фашизоидни мерки?
Дали сега, со јасна евиденција од науката, би смениле став?
Универзитет Џонс Хопкинс, кој е на самиот светски врв во медицината, после обемни мета студии заклучиле дека сите мерки во вид на ограничување на движење и носење хартија на уста имале резултат од 0,2% намалена смртност.
А колку луѓе испоумреа пошто им ги одлагаа операции, зафати, лечење од милион други причини, никој не прашува, нит ќе се дознае.

Допрва тек ќе излегува инфо, за среќа има и научници со храброст да објават добиени резултати.
Кој ќе одговара за последиците, за сите страданија на луѓе, за затварањето, за сите срања?
Никој, пошто сето тоа беше за добро на граѓанството.
Кога викав дека од псевдо-демократија до фашизам има само 72 часа никој не ми веруваше, тоа одамна има 12-13 години. Се што треба е прогласување вонредна состојба во законодавната власт и нејзино енфорсирање од страна на извршна власт, вклучително и употреба на сила и притвор.
Ете им сега.
Најмногу изгубија мали и средни бизниси, гиганти како Амазон и остали оствариле рекордни профити.
Некој би прашал зошто е тоа така?
 

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Карантинот не беше добар, но вината ја гледам и во луѓето. Причина за тоа е што повеќето од луѓето не ги почитуваа и сеуште не ги почитуваат основните препораки од лекарите: маска и физичко растојание. Во маркет луѓето се блиску еден до друг, во банка исто така. Поради тие што не ги почитуваат тие основни мерки, страдаат другите. Забележувам и дека луѓето што чувствуваат симптоми на вирусот, не се тестираат, не знам зошто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra