Пред некое време читав дека на било која форма на казна денеска се пружа поголем отпор од пред, да речеме, 50-60ина години.
Децата се сметаат за поразгалени од било кога, а со тоа се доведуваат во прашање и авторитарното воспитување.
Ако порано било родителот да го удри детето на улица за непослушност, сега се сѐ почести глетките каде детето хистерично удира по родителите пошто го прекориле или не му исполниле некоја желба.
Во современиот свет, казната како да изумира, а се заменува со награда за евентуална послушност.
Биле спроведувани и практични експерименти каде претпоставените биле задолжени да укорат вработени и/или да се заканат со евентуално кратење на плата/отказ, при што од околу 70ина учесници (не ме земајте за збор, тука некаде беше), цели 12 се извиниле и ветиле поголем напор, додека останатите заземале дефанзивен став и се обидувале да го припишат неуспехот на околината, колегата со кого делат канцеларија, студените услови, итн. Споредбено со слични истражувања во почетокот на 80тите, каде најголемиот број „грешници“ си ја признавале вината, резултатите се и повеќе од загрижувачки.
Еве, дури и ние овде имаме востаници што казната ја гледаат како туѓ пропуст и нетолеранција наместо ко испад во своето однесување.
Психолози и педагози надолго расправале кое од овие две (казна или евентуална награда) дава подобар ефект, за на крај единствено да се сложат околу делот дека стравопочитта изумира со паралелното зголемување на себевреднувањето. Либералните пак тоа го сметаат за будење на самосвеста и индивидуален напредок.
Па добро, донекаде прост пример се и политичариве. Рецимо, нивното себевреднување е на највисоко можно ниво и нивниот индивидуален напредок е единствениот напредок кој го гледаме, а сепак не се плашат од прекорувањата на обичниот човек пошто не се подложни на негови казни.
Дали ова се должи на бурниот начин на живот и сѐ помалиот праг на толеранција (да не речам невротичност за ситници) или за некое поразлично ниво на (само)свест, очигледно останува на гледиштето на индивидуата.
Прашањето останува - дали казната го дава посакуваниот ефект или е контрапродуктивна и носи до само поголем отпор?
Мислам тука е најсоодветно поради влијанието врз социјалниот живот.