Девица
Девиците најповќе се дружат со културни и образовани луѓе, а нови пријателства и контакти остваруваат многу внимателно и по детална анализа. Повлечени се и не ретко се затвораат дома, па им е потребен партнер кој ќе им ја разбие монотонијата. Ги привлекуваат убаво оформени мускули и длабоко деколте, сакаат весел дух и богато животно искуство.
Бараат посветен и оптимистички партнер во кој ќе имаат многу доверба со оглед на тоа да и тие самите не се толку уверени во сопствените способности. Тие сексот го сметаат за најприродната работа на светот, а за добра врска и брак треба многу повеќе од авантура и површни работи.
Омилен мирис: едноставни, благи мириси
Кој им одговара? Девиците ги обожаваат Биковите и Шкорпиите, додека Близнаците ги нервираат и ги сметаат за неискрени.
Боја со која освојува: Сива
Место за водење љубов: музеј, книжара, кино
Омилена храна: њоки
Афродизијак: качунка
Ерогени зони: лактови, колена, папокот
Цвеќе: гарденија
Првиот дел е тoчен, ама овие музеј, книжара, кино WTF?