Емоционална интелигенција

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Наидов на еден текс од магистар Б.Р кој ме поттикна да ја отворам темава.
Прашањата околу кои сакам да дискутираме ке ги напишам да ги прочитате после текстот.

Што се емоции?
Емоциите претставуваат суштински дел од човековата природа. Ако се трудиме да ги изолираме или потиснеме – губиме еден фундаментален аспект од нашите човечки способности. Преку осознавањето и управувањето на сопствените емоции и со слушање и реагирање на емоциите на другите луѓе, се зголемува сопствената лична моќ. Зборот емоција претставува термин за чие вистинско значење филозофите и психолозите спорат повеќе од еден век. Во најбуквална смисла, емоцијата е дефинирана како „ какво било возбудување или вознемирување на умот, чувствата страстите; каква било состојба на бес или неспокојство“. Сепак, емоција може да подразбира чувства и разновидни мислења, психолошки или биолошки состојби и дијапазон од разновидни можности на однесување. Постојат стотици емоции, заедно со нивните хибриди, варијации, мутации и ниjанси. Секако, емоциите се многу попрефинети од зборовите што постојат со кои можат да се опишат. Истражувачите продолжуваат со расправата за тоа која емоција би требало да се смета како примарна – сино, црвено или жолто чувство од кое произлегуваат сите основни нијанси – и се до тоа дали такви основни емоции воопшто постојат. Некои теоретичари предлагаат основни групирања, иако сите не се согласуваат околу нив. Основните претенденти, или некои од членовите на групите се:
Бес: навредливост, гнев, раздразливост, огорченост, вознемиреност, лоша волја, лутина, нетолерантност, одбивност, омраза и насилство.
Тага: јад, болка, жалост, нерасположение, мрачност, депресивност, самосожалување.
Страв: вознемиреност, стравување, нервоза, загриженост, констернација, несигурност, лабилност, сомневање, раздразливост, престрашеност, ужас, фобија и паника.
Уживање: среќа, радост, опуштеност, задоволство, восхит, воодушевување, ведрина, гордост, сетилно уживање, возбудување, пријатност, сатисфакција, еуфорија, непредвидливост, екстаза и манија.
Љубов: прилагодливост, дружељубивост, добрина, доверба, привлечност, верност, обожување, залуденост.
Изненаденост: шок, вџашеност,восхитеност, чудење.
Одвратност: презир, потценување, омаловажување, гадење, аверзија, ненаклонетост, одбивност.
Срам: вина, непријатност, покајување, понижување, жалење, тагување.
Сепак оваа поделба не ги разрешува сите прашања околу категоризацијата на емоциите. Аргументот дека постои грст од основни емоции, до одредена мера е потврден со откритието на Пол Екман, според кого постојат четири основни емоции – страв, бес, тага, уживање – препознатливи за луѓето насекаде во светот вклучувајќи ги и неписмените кои емоцијата ја препознаваат според фацијалната експресија.

Што претставува емоционалната интелигенција?
Интелектуалната и емоционалната интелигенција не се спротиставени, туку одделни способности. Кај секој од нас се преплетуваат емоционалната и интелектуалната остроумност; луѓе со висок IQ и ниска емоционална интелигенција, наспроти стереотиповите, се релативно ретки. Исто така постои едвај видлива врска помеѓу IQ и некои видови емоционална интелигенција, многу незначителна за да ги раздели потполно овие ентитети. Академската интелигенција нема многу врска со емоционалниот живот. И најумните можат да пропаднат во плитките води на раскалашните и неконтролирани пориви; луѓе со висок IQ можат да бидат исклучително невешти водичи во животот. Постојат големи отстапувања од правилата дека со IQ може да се предвиди успехот – многу повеќе има исклучоци од постоечките примери кои го потврдуваат правилото. Во 20 % од случаите IQ дава придонес на факторите кои го одредуваат успехот во животот, додека во 80 % влијаат други фактори. Како што забележува еден истражувач: „Поголемиот дел на човековиот успех во животот и општеството е одреден со влијанија кои немаат врска со IQ, од општествениот статус, па се до индивидуалната среќа“.
Емоционална писменост
Да се биде емоционално писмен значи да се биде способен да се управува со емоциите на начин што ја зголемува личната моќ и го подобрува квалитетот на животот за единката и за луѓето околу неа.
Емоционалната писменост им помага на емоциите да работат за нас, наместо против нас. Таа ги унапредува човечките меѓусебни врски, овозможува односи меѓу луѓето исполнети со љубов, создава кооперативна клима за работа и дава можност за развивање на чувството на заедништво. Секој може да научи по нешто за своите емоции. Некои луѓе низ процесот на растење се здобиваат со високо ниво на емоционална писменост, меѓутоа малкумина на полето на емоциите се онолку мудри колку што би можеле да бидат.
Да се биде емоционално интелигентен значи да се распознаваат сопствените емоции и емоциите на другите, колку се тие силни и што ги предизвикува. Да се биде емоционално писмен значи да се знае како да се управува со сопствените емоции.
Емоционално писмените луѓе воспоставуваат добри односи како родител, партнер, колега, другар, учител и љубовник.

Дали себе си се сметате за емоционално писмена личност?
Колку знаете да ги изразувате вашите емоции?
Дали сметате дека сте стигнале до стадиум да можете солидно да ги усогласите емоционалната и интелектуалната остроумност?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Немаше некој тест по интернетов за емоционална интелигенција?

Да, сметам дека можам прилично добро да ги распознавам своите и туѓите емоции. Колку знам да ги изразувам моите емоции? Е тоа знаат малку луѓе. Со оглед на тоа што омилен правци ми се експресионизмот и романтизмот, прилично добро успевам да ги изразам моите чувства.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f and JaMi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
Уф, мојата проектна од матура. :D
За жал кај мене е премногу изразена (може затоа и се одлучив за темата) ама не ми се допаѓа.
Перфектно можам да ги читам емоциите на луѓето околу мене, но за жал премногу сочувствувам, премногу се внесувам во ситуации и преголеми жртви правам. Велам „за жал“ затоа што во најголемиот број случаи испаѓам будала што повеќе се грижела за туѓ проблем отколку самата личност што се соочува со истиот. А тоа во никој случај не соодветствува на емоционално интелигентна личност. Кога навистина морам и сакам, знам да ги насочам правилно емоциите, но моментот кога ќе останам сама, сета таа идила се руши и преовладува она емотивното во мене.
И да, мислам дека до некој степен можам да ги усогласам емоционалноста и остроумноста, но за жал, тоа се случува само доколку се работи за нешта кои баш и не ме засегаат многу, иначе одам курбан.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and JaMi

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Дали сметате дека сте стигнале до стадиум да можете солидно да ги усогласите емоционалната и интелектуалната остроумност?
Ако коефициентот на емоција се пресметува слично како коефициентот на интелегенција, тогаш јас сум надпросечен во оваа област. Никогаш не сум ни посакал разумот да ги контролира емоциите, се препуштам на истите, но многу вешто знам како да ги прекинам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, Lena and Lady*

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Јас сум премногу емоционална, емотивна. Само не го покажувам тоа...
Сега во моментов имам огромна грутка на срце, ми плаче срцето ама на лице не ми се гледа.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Наидов на еден текс од магистар Б.Р кој ме поттикна да ја отворам темава.
Прашањата околу кои сакам да дискутираме ке ги напишам да ги прочитате после текстот.

Што се емоции?
Емоциите претставуваат суштински дел од човековата природа. Ако се трудиме да ги изолираме или потиснеме – губиме еден фундаментален аспект од нашите човечки способности. Преку осознавањето и управувањето на сопствените емоции и со слушање и реагирање на емоциите на другите луѓе, се зголемува сопствената лична моќ. Зборот емоција претставува термин за чие вистинско значење филозофите и психолозите спорат повеќе од еден век. Во најбуквална смисла, емоцијата е дефинирана како „ какво било возбудување или вознемирување на умот, чувствата страстите; каква било состојба на бес или неспокојство“. Сепак, емоција може да подразбира чувства и разновидни мислења, психолошки или биолошки состојби и дијапазон од разновидни можности на однесување. Постојат стотици емоции, заедно со нивните хибриди, варијации, мутации и ниjанси. Секако, емоциите се многу попрефинети од зборовите што постојат со кои можат да се опишат. Истражувачите продолжуваат со расправата за тоа која емоција би требало да се смета како примарна – сино, црвено или жолто чувство од кое произлегуваат сите основни нијанси – и се до тоа дали такви основни емоции воопшто постојат. Некои теоретичари предлагаат основни групирања, иако сите не се согласуваат околу нив. Основните претенденти, или некои од членовите на групите се:
Бес: навредливост, гнев, раздразливост, огорченост, вознемиреност, лоша волја, лутина, нетолерантност, одбивност, омраза и насилство.
Тага: јад, болка, жалост, нерасположение, мрачност, депресивност, самосожалување.
Страв: вознемиреност, стравување, нервоза, загриженост, констернација, несигурност, лабилност, сомневање, раздразливост, престрашеност, ужас, фобија и паника.
Уживање: среќа, радост, опуштеност, задоволство, восхит, воодушевување, ведрина, гордост, сетилно уживање, возбудување, пријатност, сатисфакција, еуфорија, непредвидливост, екстаза и манија.
Љубов: прилагодливост, дружељубивост, добрина, доверба, привлечност, верност, обожување, залуденост.
Изненаденост: шок, вџашеност,восхитеност, чудење.
Одвратност: презир, потценување, омаловажување, гадење, аверзија, ненаклонетост, одбивност.
Срам: вина, непријатност, покајување, понижување, жалење, тагување.
Сепак оваа поделба не ги разрешува сите прашања околу категоризацијата на емоциите. Аргументот дека постои грст од основни емоции, до одредена мера е потврден со откритието на Пол Екман, според кого постојат четири основни емоции – страв, бес, тага, уживање – препознатливи за луѓето насекаде во светот вклучувајќи ги и неписмените кои емоцијата ја препознаваат според фацијалната експресија.

Што претставува емоционалната интелигенција?
Интелектуалната и емоционалната интелигенција не се спротиставени, туку одделни способности. Кај секој од нас се преплетуваат емоционалната и интелектуалната остроумност; луѓе со висок IQ и ниска емоционална интелигенција, наспроти стереотиповите, се релативно ретки. Исто така постои едвај видлива врска помеѓу IQ и некои видови емоционална интелигенција, многу незначителна за да ги раздели потполно овие ентитети. Академската интелигенција нема многу врска со емоционалниот живот. И најумните можат да пропаднат во плитките води на раскалашните и неконтролирани пориви; луѓе со висок IQ можат да бидат исклучително невешти водичи во животот. Постојат големи отстапувања од правилата дека со IQ може да се предвиди успехот – многу повеќе има исклучоци од постоечките примери кои го потврдуваат правилото. Во 20 % од случаите IQ дава придонес на факторите кои го одредуваат успехот во животот, додека во 80 % влијаат други фактори. Како што забележува еден истражувач: „Поголемиот дел на човековиот успех во животот и општеството е одреден со влијанија кои немаат врска со IQ, од општествениот статус, па се до индивидуалната среќа“.
Емоционална писменост
Да се биде емоционално писмен значи да се биде способен да се управува со емоциите на начин што ја зголемува личната моќ и го подобрува квалитетот на животот за единката и за луѓето околу неа.
Емоционалната писменост им помага на емоциите да работат за нас, наместо против нас. Таа ги унапредува човечките меѓусебни врски, овозможува односи меѓу луѓето исполнети со љубов, создава кооперативна клима за работа и дава можност за развивање на чувството на заедништво. Секој може да научи по нешто за своите емоции. Некои луѓе низ процесот на растење се здобиваат со високо ниво на емоционална писменост, меѓутоа малкумина на полето на емоциите се онолку мудри колку што би можеле да бидат.
Да се биде емоционално интелигентен значи да се распознаваат сопствените емоции и емоциите на другите, колку се тие силни и што ги предизвикува. Да се биде емоционално писмен значи да се знае како да се управува со сопствените емоции.
Емоционално писмените луѓе воспоставуваат добри односи како родител, партнер, колега, другар, учител и љубовник.

Дали себе си се сметате за емоционално писмена личност?
Колку знаете да ги изразувате вашите емоции?
Дали сметате дека сте стигнале до стадиум да можете солидно да ги усогласите емоционалната и интелектуалната остроумност?
наведе горе дека текстов е напишан од магистар Б.Р дали би можела да ми го дадеш комплетното име и презиме?
Темата е многу интересна..