Емоции во тренд?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Од моментот на самото раѓање, секоја човечка единка има подеднакво љубов и страв во себе за да може да преживее во овој суров свет, но верувам дека природата намерно поставила и одредени ограничувања на човековата способност да чувствува и да перцепира повторно заради истата цел- преживувањето.
Освен љубовта кон мајката, задоволството кое го носи топлината на мајчинската прегратка и нејзиното млеко, освен стравот од напуштање, гладот и болката детето постепено запознава нови форми на страв и нови облици на љубов. Како што расте детето палетата на неговите емоции се збогатува со нови нијанси, а со тоа доаѓа и оформувањето на перцепцијата...
Децата во првите години од својот живот искрено и слободно си ги искажуваат емоциите, немаат проблеми ниту со гласното смеење ниту со пуштањето реки од солзи, но некаде после четвртата година нештата почнуваат да се менуваат.
Како што детето ке достигнува некоја одредена возраст, така ке учи се повеке правила на однесување кои се поврзани со емоциите, соодветни на својата возраст.
Прво се соочуваме со родовата нееднаквост и со притисокот кој што го прави истата посебно врз машките адолесценти. На машките им се наметнува дека не смеат да покажуваат емоции и слабост, им се забранува да плачат. Женските деца пак се спречувани да си ја истражуваат својата сексуалност и јавно да покажуваат особини на сексуални битија.
... така уште во време на рана адолесценција кога човекот треба да се запознае самиот себе, да ги спознае своето тело и душа, потребите кои произлегуваат од приодните пориви за преживување и личните потреби за изразување кои го прават човекот уникатен по својата внатрешна содржна, човекот се соочува со однапред добро смислена програма за тоа како треба да се однесува ако сака да биде дел од овој свет.
Да не го спомнувам влијанието на религијата и општите морални начела, професијата,бон-тонот и кодексите на однесување во секоја институција посебно, а и општите правила за однесување во секоја можна ситуација посебно, бидејки темата може да биде многу обемна, а сакам да ја насочам кон влијанието на трендовите врз нашите емоции.
Како што се менуваат универзалните трендови, така на популацијата и се наметнуваат и трендови во однесувањето кои директно влијаат и во изобличување на емоциите.
Посебно е опасен моментот кога преку медиумите се наметнува некаков стил на живот заради профит на одредена компанија, а тоа се прави постојано и иако нападот на човековата свест, посебно од страна на рекламните спотови, е доволно агресивен, сепак е доволно тивок, суптилен и притаен за да биде лесно прифатен од страна на популацијата. Машината за перење мозок напорно работи, додека ние се претопуваме во секојневните навики за кои мислиме дека се наш сопствен и своеволен избор.
Постојано прифаќајки ги нештата околу себе такви кавви што се, без да размислиме со своја глава и без да ги сослушаме своите чувства, стануваме унифицирани роботи на модерното живеење. Одеднаш сите наши емоции се веќе однапред предвидени и толку многу пластични што дури и најинтимните и најличните емоции се во голема мера извештачени и во суштина не се толку многу длабоки и искрени како што би требало да бидат.
Дали навистина се чувствуваме така како што мислиме дека се чувствуваме или несвесно си проектираме чувства со цел да бидеме она што се бара од нас?
Дали начинот на кој ги искажуваме своите чувства е искрен или е несвесно имитирање на ликовите од филмовите и рекламите кои ги гледаме?
Зошто одеднаш се појавуваат некои нови класификации на чувства, се појавуваат некои нови видови на односи помеѓу луѓето и истите се масовно прифатени без никакво негодување? Зошто луѓето брзо се навиквуваат на новите трендови на чувствување и без никаква замерка им се препуштаат на новокомпонираните емоции и дозволуваат истите да владеат со нивниот начин на живот?
Колку од емоциите за кои мислиме дека се дел од нас, се навистина дел од нас?
Зарем е толку тешко искрено да се чувствува и искрено да се манифестираат искрените емоции?
 

Headache

Полноправен Член
14 јуни 2016
50
72
18
36
Солзите ја лечат душата! :D
Во суштина сум човек кој што не ги кочи емоциите. Најголема слабост ми се разделбите. И да ги гледам на филм или читам во книга, ме наежуваат и расплачуваат. Исто така може да ме обземе грмогласна смеа доколку се случи нешто смешно и не би сакал да ја кочам. Се поретко се смееме денес, зошто да го контролирам смеењето?
Пушти ги емоциите нека одат... во спротивно ќе не загушат!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Порано кога не бев упатен во деталите на битисувањето на обичната раја низ вековите и милениумите имав различен став, ама денес имам друг бидејќи постоеле и тоа како потреби за угнетување на женската сексуалноста донекаде и машката емоционалност од едноставни побуди за да се преживее.
Но од времето на МАШИНАТА која прво едно грчиште ја измисли пред 2000 години ама останатите се чудеа шо да прават со неа па се до големиот Џејмс Ват, осветлен од светлоста на Провидението, светиот шкот ги ставил во погон тркалата на историјата за да чоекот не мора да зависи за опстанок од секојдневните услови него да си створи свои, нови и поарни.
Но нажалост, економскиот модел кој бил на сцена и кој ја узурпирал МАШИНАТА за свои цели не допуштил машината да се користи за ослободување на рајата од милениумските стеги него за екстра-профити и така доаѓаме до темниот и одвратен период на Индустриската револуција за кој неверојатниот поет и сликар, феноменалниот Вилијам Блејк ќе каже дека се Темни сатански млинови. Блејк знаел дека нешто не штима, дека е срање и тоа јасно го ставил на знаење за несреќа немало кој да го слуша...
Но денес, ова е време на редефинирање на старите и закоравени ситуации кое пак повторно под терет надоминантниот економски систем се претвара во срање, женската сексуалносе не е повеќе потисната него напротив, уште од фрижидер што нема да ви скокне цицка или нога, но тоа е се хаотично, во служба на екстра профит, консумеризам и неодговорност, т.е. пресликување на економските процеси врз личните животи. Кај мажите имаме за нијанса напредок во однос на прифатливоста на покажување на емоции, но сеуште е тоа срамежливо и јадно...

А општо емоцијата остана во стегите на општествената мелница каде што се мели све што не е погодно за поединецот да напредува на манијакалната општествена скала. Тука се и застареното, бедничкото и одвартно образовање кое што заглавило во средниот век, буквално овој модел со клупи, катедри и табли е од пред 1000 години :eek и за разлика од други сектори во тој нема никаков напредок.

Така да можеби ќе има некој напредок во иднина но со темпо на желка која тукушто изгубила нога и едно око...


And did those feet in ancient time
Walk upon England's mountains green?
And was the holy Lamb of God
On England's pleasant pastures seen?

And did the Countenance Divine
Shine forth upon our clouded hills?
And was Jerusalem builded here
Among these dark Satanic Mills?

Bring me my bow of burning gold!
Bring me my arrows of desire!
Bring me my spear! O clouds, unfold!
Bring me my chariot of fire!

I will not cease from mental fight,
Nor shall my sword sleep in my hand,
Till we have built Jerusalem
In England's green and pleasant land.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UBIEC and malo

rikica01

Истакнат Член
19 ноември 2015
58
20
118
29
Секој човек својата емоциа ја искажува на ваков или онаков начин. Некој агресивно , некој со солзи. А што да правиме за оние луге кој се како мене емоциите ги потискаат во себе , и да си нервозен , и колку лошо да ти се случило во тој ден или општо во животот си кутам,и клама се внатре да се затвори без да покашам дека ме боли срцето или душата за оваа или онаа работа. Бидејки научив едно колку повеќе те гледаат лугето насмеан толку повеќе сакаат да те растажат, а кога ќе го постигнат тоа ти се ситат и те исмејуваат позади грб.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот