Ептен лоша одлука за воведување на екстерни тестови, што би рекол еден професор сакаме да го вратиме образованието како што беше порано (каде не се попушташе во оценките), а сето е-тестирање е една лоша копија од другите држави. Барем убаво да се спроведева, по би функционирало кога би се спроведувало на неколку месеци, во вид наколоквиум, па ако треба и по сите предмети.
Како може со само 30прашања да се увиди колку некој знае, може некој ан среќа ќе одговори, стрес, паника, многу фактори влијаат да испогрешеш џабе ако знаеш.
Реформи во образованието, ваков метод, онаков метод, кои методи ги има во е-тестирање, ве молам? Кои?
Да/Не одговори, абе ајде.
Каде е актвиноста на часот, каде се домашните, проектите, дисциплина...? Па еден професор не става само оценка од тест, туку сумира се (претходно набројаните), не ми е јасно како со 30прашања ќе се оцени некој.
Мене ми се падна ликовна уметност и историја, историја што се вели “иди ми дојди ми“ МАкедонија ја учиме убаво е да се знаат податоци, ама ликовно? ликовно?
Па ликовно повеќе се цени креативност, талент, да знаеш да се изразеш, не велам дека не треба теорија, секако треба, но тоа само по себе си доаѓа (зборам општо за мене, кога поченш да црташ сликаш, истражуваш-дознаваш-учиш. Друго е кога само автоматски читаш, друго е кога применуваш.)
Барем секој ученик да бира што да полага, што ќе ми е ликовно, кога догодина нема ни да учам ликовно, нема смислам да се тестира ликовно,нема!
Се надевам дека ќе пропадне сето ова тестирање и еднаш за секогаш ќе биде отсрането и нема да се заплашуваат учениците и професорите.