Екстерни тестови

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ептен лоша одлука за воведување на екстерни тестови, што би рекол еден професор сакаме да го вратиме образованието како што беше порано (каде не се попушташе во оценките), а сето е-тестирање е една лоша копија од другите држави. Барем убаво да се спроведева, по би функционирало кога би се спроведувало на неколку месеци, во вид наколоквиум, па ако треба и по сите предмети.

Како може со само 30прашања да се увиди колку некој знае, може некој ан среќа ќе одговори, стрес, паника, многу фактори влијаат да испогрешеш џабе ако знаеш.
Реформи во образованието, ваков метод, онаков метод, кои методи ги има во е-тестирање, ве молам? Кои?
Да/Не одговори, абе ајде.
Каде е актвиноста на часот, каде се домашните, проектите, дисциплина...? Па еден професор не става само оценка од тест, туку сумира се (претходно набројаните), не ми е јасно како со 30прашања ќе се оцени некој.

Мене ми се падна ликовна уметност и историја, историја што се вели “иди ми дојди ми“ МАкедонија ја учиме убаво е да се знаат податоци, ама ликовно? ликовно?
Па ликовно повеќе се цени креативност, талент, да знаеш да се изразеш, не велам дека не треба теорија, секако треба, но тоа само по себе си доаѓа (зборам општо за мене, кога поченш да црташ сликаш, истражуваш-дознаваш-учиш. Друго е кога само автоматски читаш, друго е кога применуваш.)
Барем секој ученик да бира што да полага, што ќе ми е ликовно, кога догодина нема ни да учам ликовно, нема смислам да се тестира ликовно,нема!

Се надевам дека ќе пропадне сето ова тестирање и еднаш за секогаш ќе биде отсрането и нема да се заплашуваат учениците и професорите.
Се’ тоа што е во на бројаното го имаш во 30те прашања. Ако си пишувал домашни, ако си правел проектни ако си бил дисциплиниран и си внимавал на час, и си бил активен(значи си го сфаќал материјалот) нема логика да направиш тест две оцени понизок од она што си заслужил според професорот.
Значи... може да добиеш 4рка а во дневник да имаш 5тка.
Ама не можеш да добиеш 3јка или 2јка ако ги правиш како што треба сите тие работи.

И дај деца... наместо да се буните, седнете научете, и нема да имате тројки.

Срамота.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Selma

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Бог да чува и да брани.
Абе младино... ако си учите не екстерни... не ЕкстреМни како што повеќето ги викаат... што сакаат нека ви дадат да решавате ќе решите, ама не знаете, оцените ви се под ракав дадени и се тресите сега.
Лошо...
Kако да учиме, кога учебниците се ужас и некои професори ич не се замарат, секоај чест на исклучоците.
Радо би да ме тестират македонски, математика, биологија, хемија... Бидејќи одлични професори, си знаат работата, а по ликовно само цртаме. А и не е фер да ти дадат 30моронски испревртени прашања за оценка бидејќи на Ратко и Петко така им свирнало.
 
Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Се’ тоа што е во на бројаното го имаш во 30те прашања. Ако си пишувал домашни, ако си правел проектни ако си бил дисциплиниран и си внимавал на час, и си бил активен(значи си го сфаќал материјалот) нема логика да направиш тест две оцени понизок од она што си заслужил според професорот.
Значи... може да добиеш 4рка а во дневник да имаш 5тка.
Ама не можеш да добиеш 3јка или 2јка ако ги правиш како што треба сите тие работи.

И дај деца... наместо да се буните, седнете научете, и нема да имате тројки.

Срамота.
Ја помалку од 3ка не можам да извадам на тестовите, бидејќи,учам и вложувам труд ама не е тоа тоа. Нека има екстерни ама нека не влијае на успехот.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ја помалку од 3ка не можам да извадам на тестовите, бидејќи,учам и вложувам труд ама не е тоа тоа. Нека има екстерни ама нека не влијае на успехот.
Додека не почне да влијае на успехот ќе има деца што стигнуваат 4рта година а не ја знаат азбуката.
Значи ако учиш и ако знаеш, ти одговара да се внесуваат во успехот затоа што веќе нема да си исто рангирана со некој што не мрднува со мало првче.

И учебниците биле ужас. Баш по ликовна уметност учебниците се одлични.
Ги имам гледано од прва и втора учебниците и се така убаво раскажани сите периоди, со слики, со детално опишување што е карактеристично на сликите. Секој што ќе застане да чита ќе ужива. Башка и нема многу печатни грешки, што е карактеристика пример за сите книги од факултетите затоа што тие книги претежно се правени откако студенти добиваат како проектна задача да преведат некој дел, и така од повеќе преведени делови се создава книга, е тоа можеш да го наречеш ужас а овие се солидни - доста солидни.
Професорите не предаваат убаво. - Се сложувам. Ама кај бевте да се буните претходно? Никаде.
Ако само креневте рака да речете овој професор ни пишува туку така оцени не ни предава... сигурен сум дека и директорот и сите други ќе превземеа мерки за да се среди работата.
Ама сега ви гори под нозе и сите сме криви освен вие.

Ептен ме изреволтиравте.
 
Да, до некаде си во право.
Не би да зборувам со професрот вакапо форуми, лани се испокаравме со него т.е тој со мене и уште неколку и на час како да не сум присутна.
Проблем е што не ги користиме учебниците он раскажува и си измислува, а јас сакам уместност за Да Винчи, Ван Гог многу работи знам, посебно Да Винчи ме интересира...

Јас повеќе сум изреволтирана од предметите што ми се паднаа отколку самото тестирање
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Да, до некаде си во право.
Не би да зборувам со професрот вакапо форуми, лани се испокаравме со него т.е тој со мене и уште неколку и на час како да не сум присутна.
Проблем е што не ги користиме учебниците он раскажува и си измислува, а јас сакам уместност за Да Винчи, Ван Гог многу работи знам, посебно Да Винчи ме интересира...

Јас повеќе сум изреволтирана од предметите што ми се паднаа отколку самото тестирање
Ако сакаш уметност за тоа... тоа ќе читаш.
Види јас имав професорка по ликовна уметност што беше малку болна(читај многу). И освен „така деца, добро деца“ друго ништо не знаеше.
Не ја бркаа од работа затоа што беше неколку години до пензија. И буквално на час ништо не правевме. Немирните ќе фрлаа со мали топчиња од хартија, некој ќе спиеше, јас си читав книги.
Ама имавме девојка во класот која обожаваше ликовна уметност. И таа фино лепо отиде и ја побара наставната програма додека професорката го запишуваше часот, и сама си ги работеше сите задачи што беа во програмата.
- значи ако ти сакаш уметнос за Да Винчи и слични ќе читаш, бар сега е лесно има интернет.

А сфатив од сам почеток зошто си изреволтерана, обемен материјал имаш за учење.
Ама наместо да протестираш учи... и ќе си стигнеш на време
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Епа не можам да се двојам, ем еден час е тоа.
Ама ми се насобраа натпревари, фестивали,писмени...
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Боже господе.
Оцената која ја добиваме сите ние е всушност збир од повеќе активности на ученикот во текот на една наставна година.. Тука спаѓаат: тестовите, активностите од часот, проектите, усните одговори, додатната настава, редовноста, дисциплината итн. Има потреба да набројам повеќе? -Јас мислам не. Ќе ви предложам да ги отворите критериумите за оценување и ќе осознаете.
Ако едно дете го прави сето ова, и на сите овие уснени одговори, проектите, активност а на часот, тестовите има високи резултати, дури и професорот да подарил една оцена плус само поради трудољубивоста, нема да „киксне“ многу.
Ако имал 4рка во дневник ќе извади 3јка(и тоа јака 3јка).
А ако едно дете писмените ги правел со учебникот под клупа, активноста на часот ја правел на сметка на својот школски другар, проектите му ги правела девојка му, дисциплината му била на нула ама бил син на Рајко, ќе киксне, секако дека ќе киксне, и денес Министерот му е крв, Професорот му е крив.
Глупости.
Но, ако ние мислиме дека можеме со еден тест да положиме цел материјал од една учебна година, кој инаку го одговараме тема по тема, тогаш ние ќе се запишевме вонредно и ќе го затворевме овој проблем.
Глупости. Ако учите Тема по Тема, и ако ја научувате темата солидно, на крај од годината нема да ви требаат повеќе од 2 дена за да повторите се’, и да донаучите тоа што сте испуштиле.

Од кои учебници ние да учиме?! Извинете, но вашиот проект за бесплатни учебници не успеа,
Е за ова не можам да се сложам. Не знам како е по другите градови, ама во Кичево знам дека сите ученици се снабдени со учебници, по секој предмет, дури и по физичко имаат учебник.

Јас го подржувам ова Екстерно испитување до максимум. Затоа што конечно учениците ќе почнат да бидат ученици. Првава година ќе има плачење и дрецкање можеби и втората, ама потоа ќе си ја сфатат здраво-за готово работата и ќе седнат да научат ако сакаат да имаат добар успех.

А за тие што се бунат за Екстерни испитувања, Матурски испити, нека ги прашаат постарите луѓе кои влегувале на факултет со приемен испит, и нека го свијат опашот и нека ќутат.
Ваквиот начин на испитување и оценување верувајте вас ви ги олеснува работите. Половина од вас нема да заврши средно ако се врати стариот начин на оценување, а бога ми само една осмина од учениците ќе се запишат по факултетите затоа што само толку ќе бидат кабожни да ги положат приемните испити.
 
Kanasai

Полноправен Член
8 мај 2013
38
19
8
28
Имаше и во Кавадарци вчера протест :)