Дрскост е особина со која многу и не се гордеам-за жал таа е многу присутна кај сите нас,вклучувајќи ме и мене
понекогаш начинот на кој ги изразуваме нашите чувства е токму на дрзок начин
не би требало така да постапуваме-знам но сепак без промисла така реагираме
затоа велат помисли во себе пред да кажеш нешто
јас барем признавам дека не секогаш но се случило да постапам дрско,но

се нервирам за личностите кои оваа особина им е приоритет и нон стоп,ама нонстоп ја изкажуваат
тие не признаваат дека ја поседуваат оваа особина-жално (ги сожалувам-ни самите не се свесни што прават)
ама продавачките мислам дека се на прво место со дрскост,убедливо водат
и да сакам да сменам нешто веќе изградените личности едноставно неможеш да ги сменеш
продолжувамеда живееме во ова наше изградено општество,за кое самите сме си криви
назад нема-да се надеваме барем на нашите деца да им пренесеме помалку да ја употребуваат оваа особина-сепак светот на младите останува нели?
