Дрскоста како особина

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Уште на старт да наведам:Нема кој не ја поседува.
Што е дрскост?
Се сметате ли себе си за дрска личност?
Колку вие ја поседувате оваа особина?
Ја приметувате ли реакцијата на лугето околу вас кога ја употребувате или едноставно околу тоа не обрнувате внимание?
Како реагирате на лугето кои се дрски со вас или со некого во околината која ве опкружува?
Нека навидум изгледа воведот составен само од прашања,но нека не бидат повод за нивно директно одговарање едно по едно.
Немокта на личноста соодветно да се спротивстави на нечија реакција,наведува кон служење со оваа особина.
Нај веројатно тоа е полесниот начин.
Зарем наместо да се согледа реалноста е полесно импулсивно да се послужиме со навредливи зборови?
Колку тоа не прави попаметни од другите?
Во секој од нас постои памет уште од рагање,но како го користиме,како го усмеруваме,и какви информации црпиме за да го надградиме итекако зависи од нас самите.
Зарем се чувствуваме исполнето само доколку некому му се допагаме?
Зошто нечија издржана критика во нас предизвикува ваква реакција?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што бе? Никој не е дрзок, па не одговарате? :D
Онака, на темава претежно очекувам одговори во трето лице множина како „некои луѓе“ се толку дрски и никакви, а ние, секако, сме пепељугите.

Не знам, јас одамна престанав да се обидувам да ја дефинирам дрскоста како поим, а и како човечка особина.
Она што за нас е дрско, за некого може претставува само механизам на (само)одбрана, во зависност на која страна од приказната се наоѓаме.
Нели, ко човечки суштества, неретко имаме тенденција да мислиме дека сме во право, и така да застанеме зад она што го правиме/кажуваме. Тоа некои ќе го сфатат ко дрскост, други пак ко сосема нормално застапување на свои или туѓи идеи и дела.
И „да“ и „не“ овде би биле погрешни и контрадикторни одговори на прашањето дали се сметам себе за дрска личност.
А не знам зошто навредлив збор би се сметал за дрскост. Мене тоа ми е најочаен потег т.е. немоќ да се даде вистински дрзок одговор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Selene and melpomena

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Нема човек што нема барем малку дрскост во себеси.
Јас стално велам златна средина. Не е убаво нон стоп да си дрзок, со цел свет комуникацијата да ти биде дрска, ама пак не треба и само пепељугасто (копирајт Електра) да се однесуваш, оти на глава ќе ти се качат.

А и зависи за што се работи. Ако не чепнат некаде каде што не боли, секако дека одговорот ќе биде дрзок. За нешто што не ти е гајле, нема толку да се замараш и крај.

Јас си признавам, сум дрска на моменти, ама со луѓе кои си заслужуваат. Ако гледам дека некој е во право нема што да се удирам со главата во ѕид и дрско да одговоарам. Признавам кога грешам, ама ако сум во право не ми смета да сум дрска за да го одбранам моето мислење.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Се’ во животот е акција-реакција.
Биди фин со мене, јас ќе бидам уште по фин.
Биди лош со мене, јас ќе бидам дваесет пати по лош.
Биди дрзок со мене - и ќе видиш што е дрскост во вистинска смисла на зборот :)

Ако речам не, не сум дрзок ќе ве излажам а што е најстрашно ќе си се излажам и самиот себе си, затоа што јас никогаш не изговарам нешто во што не сум потполно сигурен.
Дрзок сум, и тоа некогаш дури и претерано - ама не жалам. Единствената причина поради која никогаш не сум жалел за својата дрскост и нељубезност е затоа што јас ништо не давам не заслужено. Ако јас сум бил дрзок бил и соговорникот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Lena

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Сум, а понекогаш и многу, како ти со мене така и јас со тебе, така да тогаш кога сум и многу дрска е поради некоја причина ;)
Ко на пример деновиве на работа, колегата шанкер од нигде никаде ми истура вода у ајнцер јас ни две ни три ја истурив цела вода, па после си џогираа у шанк, си наместив пак тацни чаши за вода и он млеко ми истури, и мене толку ми требаше, истурив пак цел ајнцер млеко у шанк и тоа на сите чисти чаши, па они си ги миеја, тргаа се за да исчистат, е не, само он може да е дрзок и нешто од инат да праи така (envy) Имало и други случаи ама не до волку екстремни ко овој, така да ако ти с епонашаш со мене дрско ќе се понашам и јас, ако не никому ништо ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Кога ќе ми помине трпеливоста настапува дрскоста на сцена, и сите почнуваат орото да го играат како што свирам. Но пред се гледам да сум трпелив.
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Како и било која друга особина, ако не го погодиш вистинското време и место за да ја извадиш од себе тогаш си смешен, патетичен и тако даље. За се' си има момент, и ако знаеш да ја носиш со став, ако имаш со што да ја поткрепиш, тогаш ок, можеш да добиеш почитување на нејзина сметка. Ако не, ич не се чепати за џабе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and melpomena

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Порано бев дааалеку подрска...ама како поминува времето се трудам да не бидам и да бидам страшно толерантна и трпелива ама (секогаш има ама) кога ќе “здивам“ е тогаш сум пример за дрскост и безобразие ....:D губам контрола и не ми е гајле што ќе кажам и направам...имав сега скоро една таква епизода ...