Државен испит за студенти

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
10250296_10203053244798826_1951182345561221323_n.jpg

Браво (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос and JaMi

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Морам да промрчам, се е убаво ова што има олкав број излезено, не верувам да сменатт нешто но сепак добра бројка на студенти има излезено. Ама во овој случај секој излегол за себе, нели за да не треба да се мачи да учи и да полага, а зашто никој нема кога се работи за други протести? Тогаш нема никој да излезе како сега, ќе си седат дома.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
@Jackal кисс :zelen
“ Знајте зошто е фоткава многу јака и треба да стани култна?
Прво, зашто е од најмасовниот слободен студентски протест.
Второ, заради луѓето кои се на сликата. Најлево има девојка која е муслиманка, има дечко со долга коса (металец најверојатно ама не беше насилен), ме имаш мене со раста капа, машки и девојки застанати рамо до рамо.
Џабе цела пропаганда. Не се мразиме едни со други зашто сме металци, македонци, албанци, христијани, муслимани, атеисти, расти, мажи или жени..
Нема никогаш да не скарате.’’

10414854_4914220470992_5149788274860622741_n.jpg


Величествениот ви влезе клизачи :zelen
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Не е за полагањето. испит, како испит. Ќе учиш, некош ќе падниш, некош ќе положиш. За друго се работи, за принцип. За кршење на автономија. За уште еден нов процес на евалуација иако постојат 3 други во моментов: акредитација, интерна евалуација и Европска федерација на универзитети (плус Шангајската листа). Ако има три други системи за евалуација и со додавање нов се покажува дека тие не функционираат и не се прави ништо за да профункционираат туку се додава нов. Секое здраворазумно размислување вели дека ако три работи не функционираат едно по друго, тогаш и четвртото е осудено на пропаст. Посебно ако знаеме како помина екстерното во средните школи.

Да не зборувам дека Владата не смее да ми ограничува колку години ќе студирам јас кога јас си го плаќам факултетот. Ако имам пари, ќе студирам 10 години (Изјава на Фрчковски, многу попаметен од мене и вас).

Ме мрзи да продолжувам со пишување, ако сакате да ги видите сите барања на Студентски пленум, појдете им на страната на фејсбук и ќе го прочитате писмото што беше испратено до министерот Адеми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and Outrider

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Наместо да се радувате што има вакви работи за да си ја оправдате и да си ја тестирате интелигенцијата вие протестирате...
Сакаш да кажеш дека самиот факт што студираш покажува колкаво ти е нивото на интелегенција?

Воведувањето на државен испит е апсурдно решение за проблем кој е самогенериран од тие што го воведуваат. Доколку (како што се вели) е создаден да генерира кадри со поголемо знаење зошто тогаш не се воведат приемни испити на сите факултети? Дали на тој начин не би можело доволно да се врши контрола на институциите? Презаситеноста од дисперзираните студии и агресивните кампањи за високо образование се дел од еден причинско-последичен јаз. Тоа би било ништо друго туку елиминрање на истите студенти кои претходно беа мотивирани да дојдат да се запишат. Самиот Болоњски ситем овозможува голема флексибилност во изборот на предметите што се изучуваат. Јас имам целосно право да калкулирам со изборот на предмети кои сега ми е органичен поради фиксна програма на државен испит. Самите реформи во системот треба да произлегуваат од самите учесници а не како некој друг од страна што ти ги наметнува. Зошто прво не се наметне прашањето за условите на сите факултети се студира - од амфитеатри, лабаратории, предавални итн. Каде се тука давачките и неунифицираноста на истите, па да мора кој како сака да наметнува цени? Да одам понатаму на студенски домови, социјални олеснувања, административни давачки?
Друг проблем, кршењето на автономијата. Ако на некому му веруваш во интегритетот кој го поседува и способноста да антиципира во процесот на едукација како независна институција - зошто го негираш истото преку наметнување на нешто што не е продукт на слободно работење? Зошто тогаш се полагаат колоквиуми/испити и зошто воопшто професорите впишуваат оценки? Да ја занемариме нивната деградација тогаш и ќе полагаме само државни испити, нема потреба да се малтретираме во меѓувреме.
Понатаму, тотална дивергенција на различни наставни програми во факултетите и универзитети ќе бидат сведени на еден ист тест. Јас до сега не сретнав ниту една слична програма на овие две што ги изучувам дури ни на дисперзираните, а уште помалку на друг универзитет. А да не зборуваме за тестирање на оние ,,специфични" струки - драмски,музички,графички итн.
Најтривијален изговор е оној поради начин на работење на професорите. Да, секаде има искомплексирани професори асистенти итн. На сите факултети. Подмитувања имало, има и секогаш ќе има. И тоа нема никаква допирна точка со стекнатото знаење по тој предмет. Која е гаранцијата дека тој истиот нема да го направи истото и со државниот испит? Од друга страна, воведувањето на овој испит ќе овозможи прогрес на тоталитарноста која владее кај нас и поголема контрола врз кадрите во факултетите, ништо повеќе - Кадија те тужи, кадија те суди.
Јас одговорно кажувам дека утре да ми речат да полагам - без проблем ќе полагам. И на економски и на филозофски. Но знаеш, рационалноста го убива егоизмот. Не ми е важно дали јас ќе поминам друг не колку што ми е битно ни помалку ни повеќе, одземањето на право на избор спакуван како ,,реформа" која ниту малку не е производ од тоа што се случува во нашето образование.