Многу честа појава на нашиве ни напатени улички.
Речиси и да нема Македонче кое не се соочило со сочни муабети и дофрлања.
Знаат да бидат смешни, но некогаш и иритирачки или навредливи.
Постои ли некоја фраза која ви останала запаметена?
Како се справувате со таквите појави? Ве засегаат ли? Враќате или си продолжувате како да не сте слушнале?
Јас и онака на се’ реагирам темпераментно, а недај Боже кога ќе ми дофрли некоја фаца на улица.
Доколку нема никој наоколу, типот обавезно добива еднократна до Пиринска или Канарски острови + уште некој пофален епитет и автоматски е шупак мераклија. Знам, може е лошо и не доликува на женско, ама па не можам да премолчам на таков дебилизам, кога веќе ме предизвикале.
Ако има народ, знам да се исконтролирам за да не се спуштам на нивно ниво (барем пред народ де), или пак ако е некоја стара, сенилна будала, исто не обрнувам внимание.
Ако има ваква тема или не и’ е тука местото, ју ноу ват ту ду.