Дискусија за Apple iPhone

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Новиот iPhone ќе има порт со 19-пинови, наместо со 30 пинови. Ова е конекторот преку кој се поврзува телефонот со компјутер за да се наполни или да се синхронизира со iTunes. Информацијата доаѓа од Reuters кој пишува и дека новиот супер телефон од Apple ќе се појави во октомври.
Конекторот ќе биде намален за да се направи место за слушалките кои ќе се вклучуваат на најдолниот дел од уредот, велат извори блиски до компанијата. Промена на дизајнот ќе биде корисна за плејадата iPhone додатоци како звучници или аларми.
Промената на конекторот нема да им значи многу на корисниците на постари iPhone уреди, ниту на тие што ќе го купат iPhone 5, можеби само ако некој го заборави својот кабел. Но, проблем може да имаат корисниците што користат разни додатоци на кои сега нема да можат да го закачат својот нов телефон.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Рестриктивната политика на Apple за апликациите кои можат да се најдат во App Store долго време успешно ги штитеше корисниците од злонамерни апликации. До неодамна.
Апликацијата наречена „Find and Call“ која е достапна и за Android наводно го поедноставува комуницирањето преку пораки, но всушност ги копира контактите на корисниците и ги испраќа до сервер, а потоа ги спамира сите контакти со е-маил и смс пораки, открија истражувачите на Kaspersky, пишува Forbes. Како некој да ја претворил вашата луда бивша девојка во апликација.
Ова не е прв пат апликација за iOS да добива пристап до контакт листа на корисниците, всушност многу апликации работат вака, на пример Facebook имаше неволја со копирањето на контактите и испраќањето до сервер, но сите се валидини апликации на кои корисниците им го дозволиле тоа. Со други зборови, Facebook ви кажал што ќе направи и вие сте се сложиле на тоа.
„Ова не е прв пат да видиме инциденти поврзани со личните податоци на корисниците и нивно протекување. Но, за прв пат имаме малициозна употреба на овие податоци“,пишува Денис Маслеников од Kaspersky на неговиот блог.
Запомнете, инсталирањето софтвер е како одбирање девојка. Мора да го направите со вкус, со грижа и да не се изложите на ризик.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Новата генерација на софтверот за iPhone и iPad нема да доаѓа со вградена апликација за пристап на популарниот видео сервис YouTube кој беше дел од iOS од 2007 година и претставувањето на iPhone.
youtube-izostaven-od-ios-6-95774.jpg

Откако Google влезе на пазарот со Android, најкористениот оперативен систем на мобилните уреди во моментот, односот меѓу Apple и Google се влоши. Apple, откако ги исфрли Google Maps и ги замени со сопствено картографско решение, најавува дека ќе го исфрли и YouTube од претстојната верзија на нивниот оперативен систем - iOS 6.
Компанијата едноставно нема да ја обнови лиценцата која овозможува вклучување на YouTube во нивниот оперативен систем, што значи дека корисниците веќе нема да ја добиваат апликацијата на идните телефони, таблет компјутери и медија плеери на Apple, а ќе ја нема ни кај оние што ќе ја инсталираат шестата генерација на iOS на веќе постоечките уреди.
Во иднина корисниците ќе го користат Safari за да ги гледаат видеата или пак ќе мораат да ја преземат апликацијата од App Store.

Да ми останат здрави и живи. Од глупи, поглупи испаднаа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
315
440
1,063
иам 4с ми стои у фиока три месеци за декодирање ми бараа 150е. боље нека стои у фиока :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Точно е дека се користи Сафари
и наместо Youtube има апликација за
I- Tube.
Не ми се допаѓа што сите информации
се меморирани на апликации,
и во случај да снемаш мрежа( Интернет )
губиш и дел од информациите кои ги имаш.
Се разви дискусија во јавноста што е подобро за граѓаните и воопшто што е поквалитетно,
Samsung Galaxy или I-Phone,
и повеќето се за Samsung Galaxy,
има постабилна мрежа и мислам дека е без апликации како кај i-phone.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што има да се дискутира коа се удираат пари само на бренд. Корисник сум на iPod touch 2g купен во почетоците на 2009 година, за грдна сума на пари и како некој најнов геџет штотуку искочен на пазарот. Тоаш бев запален по такви геџети, интересно вамте тамте. Го зедов и топ, првата година да речам ми правеше мерак. Но тоа беше само една година. Jailbreak му правев, го вратив после пак на фабрички, напраив дури и акаунт на iTunes за бесплатни или по евро програмки. Но цела оваа бенефиција траеше само гидинат дена. После излезе 3G, па 3GS (iPhone) кои беа со пософистициран процесор и можеа појак iOS да подржат. Некаде последниот апдејт го направив година ипол од купувањето (пошо понатака не можеше да се направи ништо). И си седеше со тој iOS 4.12 се до моментот кога самите апликации почнаа да се бунат и да си бараат понов апдејт - iOS 4.23 итн. Значи мојот iPod кој пред неполни 4 години беше чудо од технике за 2 години испадна најнекомпатибилната сптава која осим за сурфање и музика, не може апсолутно ништо дa и` правам. Направив пак Jailbreak ама ќе кажам пак сум во една неповолна ситуација со апликации кои не можам веќе ништо да им правам. Поентата ми е, за тие грдни пари што ги лупнав комотно можев да си зеам некое сромно лап топче кое и ден денес ќе си ја вршеше работата како што треба.
Политиката на Епл е безмилосна кон консумерот. Ти купуваш нешто што е навистина квалитетно, но поради некомпатибилноста која се појавува после година две, ти си обврзан да го фрлиш продуктот комплетно на буниште. Притоа фрлаш непоимиво огромна сума на пари - као под изговор еј да квалитетно е ова, ќе те служи ако не до цркнувачка ама барем 5 години како што треба. Контрадикторност во поимот на користење на долгорочен план