Да не пишувам вовед, ќе ги вметнам овие извадоци копирани од порталот mkd.mk
Од една страна, лично сметам дека е сосема потребно учебници и други македонски книги да се достапни во дигитални верзии пошто тоа е пракса насекаде, освен кај нас, па треба да се намачиш добро да дојдеш до информација. А за голем плус го сметам тоа што ќе нудат и книги со Брајово писмо и/или аудио книги (нели, ако навистина планираат да го истераат ова до крај).
Од негативното: толку сме веќе слепени за мониториве, што ова ќе дојде ко капак на сите капаци. Башка што нема логика она „ако не ви се допаѓа или немате услови за дигитално, ќе се испечатат.“ Иде ко „ако немате леб, јадете колачи.“
Трето е што прво имаме многу, мноооогу други работи за средување во образованието, што ова треба да дојде некаде сосема на крај, кога веќе учебниците ќе се со истражувања понови од '86та и нема да се полни небулози и непроверени факти.
Навистина не знам на која страна да завлечам повеќе. Ваши мислења?
Како и секогаш, мислењата се поделени, што на партиска основа, што по логика.Дигиталните учебници во образованието ќе се воведуваат етапно, а целосно ќе бидат воведени за пет години. Од учебната 2021/2022 ќе се применуваат само во четврто одделение, најави министерката за образование и наука, Мила Царовска.
-------------------------
Царовска соопшти и дека училиштата во текот на летото ќе се опремуваат со библиотеки со дигитални уреди за учениците кои ги немаат. Ученик кој не ќе може да користи дигитален учебник ќе може да има печатен, ако е од ранлива група на семејство ќе го добие од училиштето, а ако не е, самостојно ќе го отпечати.
Од една страна, лично сметам дека е сосема потребно учебници и други македонски книги да се достапни во дигитални верзии пошто тоа е пракса насекаде, освен кај нас, па треба да се намачиш добро да дојдеш до информација. А за голем плус го сметам тоа што ќе нудат и книги со Брајово писмо и/или аудио книги (нели, ако навистина планираат да го истераат ова до крај).
Од негативното: толку сме веќе слепени за мониториве, што ова ќе дојде ко капак на сите капаци. Башка што нема логика она „ако не ви се допаѓа или немате услови за дигитално, ќе се испечатат.“ Иде ко „ако немате леб, јадете колачи.“
Трето е што прво имаме многу, мноооогу други работи за средување во образованието, што ова треба да дојде некаде сосема на крај, кога веќе учебниците ќе се со истражувања понови од '86та и нема да се полни небулози и непроверени факти.
Навистина не знам на која страна да завлечам повеќе. Ваши мислења?
rofl), ама жената беше пред пензија, не може да очекуваш да го хакне Пентагон. Така да, првин треба малку тренинг и едукација и кај едукаторите, не само од децата да се очекува да владеат со интернетот и да се снаоѓаат како знаат.
Историја да не правиме муабет, не за џабе Ниче Македон и Дардан Венетски хараат. Биологија не знаат ништо, хемија, физика помалку од ништо.

а ако се земе "знаењето" кое ученици го стекнуваат после 13-18 години учење по други предмети, може да се претпостави како ќе биде и со сексуално васпитање. А тоа ќе биде лошо. Има еден скеч од Монти Пајтон на оваа тема ама е +18