Дигитализација на учебници

Дали дигитализацијата на учебниците ќе биде корисна?

  • Да

  • Не

  • Не сум сигурен/на


Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,565
7,174
1,153
Big Sur
Да не пишувам вовед, ќе ги вметнам овие извадоци копирани од порталот mkd.mk
Дигиталните учебници во образованието ќе се воведуваат етапно, а целосно ќе бидат воведени за пет години. Од учебната 2021/2022 ќе се применуваат само во четврто одделение, најави министерката за образование и наука, Мила Царовска.
-------------------------
Царовска соопшти и дека училиштата во текот на летото ќе се опремуваат со библиотеки со дигитални уреди за учениците кои ги немаат. Ученик кој не ќе може да користи дигитален учебник ќе може да има печатен, ако е од ранлива група на семејство ќе го добие од училиштето, а ако не е, самостојно ќе го отпечати.
Како и секогаш, мислењата се поделени, што на партиска основа, што по логика.

Од една страна, лично сметам дека е сосема потребно учебници и други македонски книги да се достапни во дигитални верзии пошто тоа е пракса насекаде, освен кај нас, па треба да се намачиш добро да дојдеш до информација. А за голем плус го сметам тоа што ќе нудат и книги со Брајово писмо и/или аудио книги (нели, ако навистина планираат да го истераат ова до крај).

Од негативното: толку сме веќе слепени за мониториве, што ова ќе дојде ко капак на сите капаци. Башка што нема логика она „ако не ви се допаѓа или немате услови за дигитално, ќе се испечатат.“ Иде ко „ако немате леб, јадете колачи.“
Трето е што прво имаме многу, мноооогу други работи за средување во образованието, што ова треба да дојде некаде сосема на крај, кога веќе учебниците ќе се со истражувања понови од '86та и нема да се полни небулози и непроверени факти.

Навистина не знам на која страна да завлечам повеќе. Ваши мислења?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,286
1,910
1,133
Јас сега ќе зборувам како родител на школско дете...
Прво и основно, учебнициве кои се по програмата Кембриџ се чисто срање, затоа што од нив само детето не може да научи апсолутно ништо...
Нашите учебници си немаа мана...Се знаеше како треба да изгледа една лекција, опишана со примери со дефиниции, објаснето, образложено...и затоа ние немавме потреба од помош од родител или било што друго.
Овие не се затресоа да ги коригираат сегашните учебници па ќе воведуваме дигитални...
Јас мислам дека ако децата имаат асолни учебници пред нив, нема да имаат потреба од ништо друго.
А, од друга страна не сум против, нека ги има, нека постојат, само што образованието во Македонија има поприоритетни работи за решавање отколку дигитализација на учебници...ама како и се во оваа држава...се нема вредности, се нема прироитети и тоа е тоа...
За жал, последиците ќе ги сносат нашите поколенија, а и ние покрај нив...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,565
7,174
1,153
Big Sur
Јас можам да зборувам од професорска гледна точка, иако моментално не предавам.
Зборувавме баш со професорките што ми беа на факс на темава и заклучокот е дека моментално не е баш најдобра и најпотребна опција. Разговорот ми помогна да увидам некои работи.
Првин треба да се истренираат професорите да работат онлајн бидејќи некои уште не знаат да ракуваат со апликации ко Зум, Гугл Мит или што и да користат за онлајн предавања, а не па друго.
Побогу, се сеќавам во средно кога ги воведоа компјутерите и онлајн дневниците, постариве не знаеја што е куќиште, па имавме професорка седиште што го викаше :)rofl), ама жената беше пред пензија, не може да очекуваш да го хакне Пентагон. Така да, првин треба малку тренинг и едукација и кај едукаторите, не само од децата да се очекува да владеат со интернетот и да се снаоѓаат како знаат.

Башка, од она што имам видено од денешни учебници, ептен се на некое глупаво ниво... Не знам дали децава ги сметаат толку уназадени или едноставно е до мрза и тоа што партиски пиуни ги пишуваат, но некои не заслужуваат да се во никаква форма, освен пеплосана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy