Децата и религијата

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Оди ти објасни му на дете зошто мајкаму не фарба јајца а мајките на другите деца фарбале,и се треска од земја.......ќе му дадеш дрвено да се крши? Ова така ми истекна безвезе набрзина ама разбираш што сакам да кажам.
Епа сега и ти.....што ако на некое дете му купат играчка од 1000 евра? Ќе му купиш и ти затоа што ќе се треска од земја за да ја добие?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Епа сега и ти.....што ако на некое дете му купат играчка од 1000 евра? Ќе му купиш и ти затоа што ќе се треска од земја за да ја добие?
Ее....пак ти со контри....едноставно ке му речам дека мама нема пари.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Оставете ги децата да бидат... и помогнете им да го извлечат најдоброто од себе... може сте христијани а децата да ви бидат атеисти, или јас како Телемит, мојот син да биде христијанин... Се си бидува, универзумот е полн со парадокси и зафрканции на секој чекор.
Ќе имаме барем одлични вечерни дискусии за верувањето и различните ритуали по светот and beyond :)
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
доволно е детето да израсне во куќа
каде луѓето ја почитуваат својата вера
веруваат
ги празнуваат Христијанските празници
одат со детето во црква
и детето со самото растење ќе се распрашува што е ова зошто е така родителот ќе му објаснува односно ќе го учи на некој начин
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Може да израсне и во куќа каде што се празнуваат муслимански празници и се почитува Аллах. Тоа е небитно каде расте детето. Битно е каде се развива и како! Ако постојано му се зборува за „вистината“ на религијата на родителот, што сте направиле?
Големот НИШТО од детето, во однос на светот.

Научете ги децата да прашуваат секој и сешто. Не само вас, како родител.
Ќе го излажете сигурно за нешто детето или нема добро да му одговорите. Не сте сезнајни, си имаме по некоја предрасуда која несвесно му ја пренесуваме на детето, а тоа... не е добро. Треба да се разобличуваат тие работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Јас незнам како да започнам со објаснување на мојата вера религија а камоли да му објаснувам на детето дека постојат и други религии.Мора да се започне некако со полесно и поинтересно објаснување......сега кога беше празникот Голема Богородица бев бомбардирана со прашања:А зошто не си денес на работа,која е Богородица или кога ке го кршиме лепчето со паричката зошто оставаме едно парче за Бога итд. Одговор на одредено прашање повлекува низа други,затоа прашав за мислење,дали е паметно и од кога да се започне со верска едукација на децата.....ништо друго.
Се извинувам на дрскоста, сигурно сте 20 години повозрасна од мене, можеби не ми личи, ама морам да го кажам.
Ова е иронијата на нашиот 21ви век. Неукоста за религијата и светот навистина е оправдана за време на ренесансата и во време кога не постоеле училиштата кои се достапни за сите(барем основното(каде те учат да читаш и пишуваш)) и средното. Ама кое е вашето оправдување денес?
Мрза? Многу е голема Библијата да се прочита па ќе одиме во црква незнаејќи ништо за христијанството...
Уште ги има таквите што Христос го сметаат за презиме на Исус... а се крстени, постат за Велигден...
Што се однесува за воспитувањето на децата... сметам дека треба да им се зборува многу малку, а да им се покажува многу. Библијата е психички тешка книга, мене ми беше досадна за читање... Ама затоа ја има таа Црвената Библија со слики... што се продава секаде по црквите и манастирите, се купува ми се чини за некаде 300 денари и во неа имаш кратки четива од две странички максимум. Ама заедно ќе ги научи и стариот и новиот завет. Јас на неа научив да читам, кога ме крстиле кумовите ми ја подариле...па може некако да се смета дека таа ми е прва книга што ја прочитав.
Ништо посебно. Еден куп нереални приказни кои ако ги читаш со малку поотворен мозок, ќе сфатиш дека носат добра порака. Потопот со дедо Ное... ако дождот се сфати како дожд од осуди што ќе ти ги испратат луѓето ако си премногу злобен, дрзок, алчен... и ако потпот се сфати исфрлање од заедницата во која живееш...тогаш поуката е дека треба да бидеш како Ное, праведен, транспарентен, искрен, мирен...да почитуваш за да те почитуваат.
Она што татко ми секогаш ми го правеше кога бев мала беше туткање под нос на некое книгиче да го прочитам, а потоа цел ден разговарање за тоа.
И мислам дека направи добро дело, сега кога нешто не знам, првото што го правам е барање дали има книга за тоа, дали има некоја статија, студија...ако не ми е јасно и тогаш, почнувам да прашувам наоколу.
Да не бегам од темата.
Според мене детето прво треба да спознае сѐ, па потоа самото да се насочи. Моите згрешиле што ме насочиле кон христијанството затоа што воопшто не ми ја исполнува душата. Уште кога го прочитав тоа дека црквата јавно се извинила за спалувањето на сите жени, а во Библијата има правила и едното од нив е Не убивај... значи крај.
Мислам дека родителите треба да одбегнуваат да го прават тоа... да не го насочуваат детето што да биде и како да биде. Во ред е дека треба да му се даде правила за морал и бла бла бла... ама дали мене ме прави лош човек тоа што не верувам во Богот што моите блиски веруваат? И не само за религија, истото го мислам за сите работи каде што родителите претеруваат: детето знае да црта овие го запишуваат на градежен или електро...просперитетен факултет и детето со ненормален талент за цртање станува вечен студент оти врска си нема од математика. Детето сака да игра фудбал, овие го запишуваат на курс за Англиски, што ќе ти е фудбал трчај во слободно време, англискиот го дрма светот.
Пак забегав, ама тоа е :)
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Да, треба да се поучуваат за Бог,Бидејки религијата нема негативно туку позитивно влијание врз развојот на детето, религијата и духовноста играат голема улога во животот на многу деца и дека се многу важни во семејните односи. Умот на детето е како празен лист хартија. Значи, родителите треба да одлучат дали да го испишат тој лист дома со морални начела и верувања што сметаат дека се исправни или, пак, да дозволат срцето и умот на детето да бидат преплавени со идеи од улица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Да, треба да се поучуваат за Бог,Бидејки религијата нема негативно туку позитивно влијание врз развојот на детето, религијата и духовноста играат голема улога во животот на многу деца и дека се многу важни во семејните односи. Умот на детето е како празен лист хартија. Значи, родителите треба да одлучат дали да го испишат тој лист дома со морални начела и верувања што сметаат дека се исправни или, пак, да дозволат срцето и умот на детето да бидат преплавени со идеи од улица.
Се живо испомеша, турли тава направи. Религија е едно, богови се друго (ма за било кој бог да зборуваме), духовност сосем трето а морални начела сосем четврто, кои врска немаат едно со друго.
Не ми е јасно само кај најде врска меѓу религијата и улицата.
 
Последна промена:

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Се живо испомеша, турли тава направи. Религија е едно, богови се друго (ма за било кој бог да зборуваме), духовност сосем трето а морални начела сосем четврто, кои врска немаат едно со друго.
Не ми е јасно само кај најде врска меѓу религијата и улицата.
Многу убаво кажав, само ти дали сакаш да го разбереш тоа!!!;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Многу убаво кажав, само ти дали сакаш да го разбереш тоа!!!;)
Ништо убаво не кажа ти. Не верувам дека ни ти самата разбра што кажа. Јас сум тој кој кажа убаво ама ти не сакаш да разбереш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena