Прво и основно, ако се нафатиш да објаснуваш, треба да кажеш дека постојат повеќе од една религија (гледам зборите за Библија). Веќе ако самото дете се интересира и прашува, тогаш ќе дадеш прост и искрен одговор. Мене лично како дете ниту ме интересирала религијата ниту пак дома била тема на зборење, едноставно никој не бил претерано религиозен. Со тек на време, имам создадено свое мислење и продолжувам да учам за религиите, затоа што општо ме интересираат, но не од духовна смисла. Како и да е, не гледам некаков проблем да претставува да одговориш на одредени прашање и да те фаќа (можеби) нервоза за како да објасниш, затоа што немаш ваљда намера да лажеш? Па да се двоумиш како да го изведеш тоа најдобро.