Децата и религијата

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Прво и основно, ако се нафатиш да објаснуваш, треба да кажеш дека постојат повеќе од една религија (гледам зборите за Библија). Веќе ако самото дете се интересира и прашува, тогаш ќе дадеш прост и искрен одговор. Мене лично како дете ниту ме интересирала религијата ниту пак дома била тема на зборење, едноставно никој не бил претерано религиозен. Со тек на време, имам создадено свое мислење и продолжувам да учам за религиите, затоа што општо ме интересираат, но не од духовна смисла. Како и да е, не гледам некаков проблем да претставува да одговориш на одредени прашање и да те фаќа (можеби) нервоза за како да објасниш, затоа што немаш ваљда намера да лажеш? Па да се двоумиш како да го изведеш тоа најдобро.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Јас незнам како да започнам со објаснување на мојата вера религија а камоли да му објаснувам на детето дека постојат и други религии.Мора да се започне некако со полесно и поинтересно објаснување......сега кога беше празникот Голема Богородица бев бомбардирана со прашања:А зошто не си денес на работа,која е Богородица или кога ке го кршиме лепчето со паричката зошто оставаме едно парче за Бога итд. Одговор на одредено прашање повлекува низа други,затоа прашав за мислење,дали е паметно и од кога да се започне со верска едукација на децата.....ништо друго.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Моите деца не се крстени. Јас не славам празници и слави, не вапцам јајца за велигден... но често зборуваме за бог. Им кажувам дека бог не е личност, животно... дека не е тело, туку душа, енергија, љубов.
Им кажувам дека бог е добар и не казнува, но среќен е кога и ние сме добри. Им кажувам дека тој го створил животот. Им кажувам дека тој не се гледа или допира, дека тој се чувствува...
Нешто разбраа, нешто не, но и мали се уште, но позитивното е тоа што размислуваат, си даваат свои заклучоци, поставуваа прашања, па си создваат своја верзија на бог.
Инаку им кажував и за религиите, разликите и сличностите помеѓу истите. Зборуваме и за Исус, заедно гледавме некои такви филмови...
Не се трудам да им наметнувам, ги оставам сами да си одберат во што ке веруваат. Сметам дека должност ми е да им објаснам во што верува светот, потоа и во што верувам јас, но во што ке веруваат тие си зависи само од нив.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Порничот е експлицитен приказ на сексуален чин, а деца се прават преку секс нели.
Ај добро е,се изнасмеав....само ти не го прочита моето мислење дека јас знам да објаснам како се прават деца,туку ова со религииве,вериве и невериве некако ми е тешко да го најдам почетокот (:|
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јас воопшто не се сеќавам моиве кога и како ме запознале со религиите, едноставно природно дошло, преку празници, адети, итн. иако и тие самите не се нешто религиозни, туку ете, ми бојадисувале јајца на Велигден да се радувам и да споделувам со другите деца, за поголемиве празници полнеле трпеза чисто да се одбележи и пошто иделе гости...притоа чат-пат сум потпрашувала зошто, но не сметам дека на едно дете му се интересни мотивите зад тој празник, туку битна им е еуфоријата. Моиве никогаш не ми наметнувале никаков Бог како најдобар/најправеден/„наш“ итн. или како некој кому треба да се покорувам, уште помалку пак да ме учат како други не се прави верници т.е. не се „наши“ и со самото тоа демек не чинат.
Ми помогна и тоа што израснав во мултиетнички (а со тоа и мулти-религиски) маала каде за секој празник меѓусебно се делеле балкави, јагнешко, јајца, ово оно, а притоа и ни се објаснувало зошто е тоа кај другата религија така.
И тоа е сето „практично“ учење кое го имам стекнато ко дете. Останатото било по сопствена иницијатива т.е. интерес со тек на време.
Што и како во иднина, не знам...веројатно ако некогаш имам деца, мислам дека нема да ги седнам со цел да им објаснувам за религиите, туку тоа ќе дојде спонтано - ако видат филм, икона некоја, поминат покрај црква/џамија, па прашаат што е.
Понатака, сакале или не, од самото опкружување учиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *Hera* and Saladin

Бидејќи и јас сум подучена-ненаучена од моето опкружување сега ми е потешко како да ја објаснам религијата или верата.....знам само,ако бев прав верник и цврсто верував во постоењето на Исус ,дека ќе ми беше полесно.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ај добро е,се изнасмеав....само ти не го прочита моето мислење дека јас знам да објаснам како се прават деца,туку ова со религииве,вериве и невериве некако ми е тешко да го најдам почетокот (:|
Поентата ми е дека слична е проблематиката. Ако несакаш да навлегуваш во детали, едноставно ќе му кажеш дека има време за да го разбере тоа кога ќе биде голем и решен проблем. :)
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Бидејќи и јас сум подучена-ненаучена од моето опкружување сега ми е потешко како да ја објаснам религијата или верата.....знам само,ако бев прав верник и цврсто верував во постоењето на Исус ,дека ќе ми беше полесно.
Што знам, јас вербата во било кој Бог ја сметам ко стимул за подигање на сопствената самодоверба. Таа верба ми доаѓа ко некој вид психолошки поттик дека личноста може да го направи зацртаното затоа што верува дека зад неа стои, ѝ помага и ја поддржува некој (еве Исус, во случајов) во намерата. Ако не успее, пак е тука Бог за утеха дека тој така сакал и не било судено...некој вид на психолошко ослободување од стресот/неуспехот, но тоа е веќе друга тема.
За другово, опкружувањето може, но и не мора да влијае, до личноста е.
Син на пријателка на мајка ми, кој денеска е владика, уште од мал, без никакво подучување или било какво наметнување, шетал по дома со секакви врвки и чуда што си ги замислувал ко кандилца, одел често сам до локалната црквичка, па кога веќе го научиле таму, му давале иконички, свеќи, итн. и го подучувале за сѐ што прашувал. Кај него прв бил интересот, а потоа дошле учењето и определбата, од родителите нема добиено апсолутно никаква основа.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Поентата ми е дека слична е проблематиката. Ако несакаш да навлегуваш во детали, едноставно ќе му кажеш дека има време за да го разбере тоа кога ќе биде голем и решен проблем. :)
Оди ти објасни му на дете зошто мајкаму не фарба јајца а мајките на другите деца фарбале,и се треска од земја.......ќе му дадеш дрвено да се крши? Ова така ми истекна безвезе набрзина ама разбираш што сакам да кажам.