Детски извиднички камп криел дувло на малолетничка злоупотреба?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас сега како родител ќе зборувам...
Згрозена и ужасната сум...
Ако нешто сум сакала, тоа биле извидници и тие извиднички кампови...
И син ми го поттикнуваме да ги сака тие кампови каде може да научи животни вештини...
Сега би се замислисла дали воопшто да го пратам на тренинг, а камоли во некој си камп...
Што му се прави со ова на децата?
Ние како родители ги правиме параноични , зашто треба како родител да го заштитиш од секое зло на планетава (ако можиш нормално), му скратуваме многу работи баш од овие причини, зашто не е само овој камп, има и многу случаи на секуално злоставување од страна на тренери, наставници итн.
Значи ако не зборуваш константно со детето, ако не успееш да имаш блискост за да ти се довери за вакви работи, си потфрлил како родител...
Не е само пушти го во некој камп и нека се дружи таму...
Да, сакам да има слобода, да оди секаде, да се дружи, да искуси се` во животот, ама мора да се разговара и да се извлече од него се` што треба ти како родител да знаеш... Па дури и да го проверуваш малку, телефонот, профилите, пораките... Особено во тие некои критични години...
Сакале или не, колку и да му ја нарушуваш приватноста, едноставно мораш да знаеш во која насока оди твоето дете...
Мене не ми е јасно, станува збор за тинејџери во случајов, а денешниве деца па и не се нешто срамежливи...
Зошто повеќе од нив не кажале, зошто останало само на две три деца?
Се срамеле? Мислеле дека е нормално?
Барем денешниве деца се доволно информирани за се`... Се` им е на тацна...
Мислам дека најклучна е комуникацијата со детето...
Јас барем од мал се трудам да му дадам до знаење дека без оглед на се`, нас може да ни каже се`, дури и да направил нешто лошо, секогаш да ни каже првин нам, за да може да му помогнеме и да го решиме проблемот...
Не сакам да се плаши од нас, не сакам да се срами од нас, сакам да не` има и да не` доживува како поддршка, ништо друго... Да знае дека во секое време, за било што сме тука за него...

А за кокретниов инцидент... Не дај Боже да се работеше за мое дете таму...
Не знам на што се` сум спремна да направам...
Едноставно не сакам да паднам во такво искушение...
Дефинитивно би ја зела правдата во свои раце(па макар и да го лежам), зашто овде правда тешко дека ќе истераш на прав начин.
Не можам ни да замислам како им е на родителите....
Нешто што треба да се долови како чин на љубов, на интимност и на блискост, тие да со `сквернават` со отпечатоци од полови органи на хамер :cenzura:mad
Ми се гади...
И за жал, вакви работи не се дешаваат само кај нас...
Се случуваат секаде, само што кај нас НИКОЈ НИШТО НЕ ПРЕВЗЕМА!!!
E тоа е најболно од се`.
А да се работи за нивни чеда, ќе имаше `Смилковско езеро` втор дел?? :cenzura:cenzura:cenzura

А поентата ми беше ова:1634629245573.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ви текнува на ова?
Ни на надлежните не.
Прееска ми излезе на Твитер прашањето до каде е со случајов и реков да пребарам, ама не најдов ништо поново од 6-ти октомври и тоа една иста копирана вест од 5-6 реченици низ повеќе порталчиња.
Не знам и што е со нас ко народ, што воопшто веќе не реагираме никако на вакви ствари. Дали на луѓево им се сведе дека со aide odma na besilka пишано на Фејсбук, истеруваат правда? Толку ли стана превалентна окупацијата со сопствените маки, што не се ни свестуваме за колективните? Надвлада ли себичноста толку, што?
Побитно, родителите каде се? Ги замолчија ли со нешто? Зошто не се организира некаков протест или нешто каде ќе може и другиве некако да помогнеме можеби?
Беше ли навистина нечиј обид да оцрни некого? Што и да е, имаме премногу неодговорени прашања на толку озбилна тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Да се потсетиме пак дека со ова ништо не бидна.
Ќе наминам за два месеца пак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Никој не сака да знае за сексуалното предатоство, тоа е табу. И така и ќе остане за жал. Не може да се направи ништо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Аха, епа добро.

Само 40 прегледи овде. Не знам на ТВ дали имало нешто воопшто.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Важно е да се заташка.
Треба некој ден да напишам што има по свет и зошто е тоа присутно, откако започнав да истражувам по тој рабит хол поради лични причини дознав стравични нешта, молкот на сите, и добрите и лошите во една средина како да имаат консензус за сексуалното предаторство, нешто сосема неочекувано.