Можеби и не сум некоја преголема за да ја осетам тешкоста за снаоѓање со пари, ама сепак знам дека е тешко да се преживее во денешно време во земјава. Оскудација што би рекол Манулач.Каква независност, какви глупости.
Јас немам никаква причина да се радувам и славам. А зошто воопшто е потребно славење? Што е Македонија, поточно што остана од неа? На раб на втора војна, плати помали и од основниот минималец, луѓе што научија да се задоволат со „има и полошо“. Ама има и подобро.
Луѓето се гризаат, се јадат меѓу себе, се уништуваат.
Славеничкава наша ни нуди само допир на дното, иако мислам дека и тоа го заминавме.
Да, го сакам парчево земја, ама тоа што го сочинува истото... Па скоро и да ми се повраќа.
Како да се радувам на 21виов роденден, кога некој нема пари да истера од први до десетти во месецот. А камоли до наредниот први.
Смачено ми е од овој лажен, тотално непостоечки патриотизам и заблуди. Пеењето на Бисер балкански и сличните, не значи дека си патриот.
А ти мислиш дека Македонија е независна? У голему заблуду си...Можеби и не сум некоја преголема за да ја осетам тешкоста за снаоѓање со пари, ама сепак знам дека е тешко да се преживее во денешно време во земјава. Оскудација што би рекол Манулач.
Ама па прв пат гледам ваков коментар околу Независноста на Македонија па морав да ти одговорам. Каква е - таква е земјата мора да се живее во неа.
Ова што е болдирано - сакаш да кажеш се јадат домаќините и гостите? Да ги немаше гостите или да седеа мирно кај што му е местото сигурно немаше да се јадат и уништуваат. Омраза се поголема и поголема постои меѓу нив со причина. Ни убиваат, ни палат, ни прават пакости па сега уште мирни да сме, да му се гледаме и смееме, епа нормално дека ќе му вратиме. Ако мислеше за тоа океј, ако не, објасни поубаво.
Плус, го плукаш денот на Независноста на Македонија, зошто е потребно славење а цела Арена беше преполна.
Епа браво за мислењево твое, од таквите тони земјава.
А зошто не одиш надвор од неа да пробаш каков ќе ти биде животот?!