Тест за мајки:
Се шетав со мојата 4-годишна ќерка. Таа зеде нешто од земја и почна да ја приближува раката за да го стави во уста. Го зедов тоа од нејзините раце и` кажав дека не смее да прави така.
Зошто? – праша ќерка ми.
Бидејќи тоа беше на земја, валкано е и веројатно има бактерии – реков.
Тогаш ќерка ми ме погледна со големо восхитување и ме праша:
Мамо, од каде ги знаеш сите овие работи? Толку си паметна!
Размислував кратко и одговорив брзо
Сите мајки ги знаат овие работи бидејќи полагаат тест за мајки. Мораш да научиш и да знаеш инаку нема да ти дозволат да бидеш мајка.
Одевме во тишина уште две три минути, во кое време таа ја обработуваше информацијата
Оооо, ми текна – рече. Значи ако не го положеше испитот, ќе мораше да бидеш татко.
Точно така – одговорив, со огромна насмевка на лицето.