Навивачи на Босну гу промашиле државу : )
Харис Трешњо шумар од Овчаре заедно со неколку пријатели заминал во Летонија наместо во Литванија, со намера да го гледа мечот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина.
„Заедно со неколку пријатели тргнавме на натпревар да навиваме за Босна, но наместо во Литванија ние завршивме во Летонија. Направивме грешка кога ги купивме билетите, воопшто не забележавме дека одиме во погрешна држава. Кога стигнавме таму, беше многу тивко, никаде немаше наши навивачи. Прашавме некои луѓе каде се сите и каде се игра натпреварот. Им кажавме дека сме дошле од БиХ, но сите ни се смееја и ни кажуваа дека сме многу далеку од стадионот. Тогаш едно момче ни објасни дека сме во погрешна држава и дека мечот се игра во Литванија, а не во Летонија“, вели Трешњо