Дела на добрина

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,530
14,439
1,683
Таму каде што треба
Да им помогнеме на нашите сограѓани во најтешките мигови, кога ги губат своите домови и се што имаат.

Броеви за донирање за настраданото население од поплавите - донирате 100ден.
T-Mobile 070 143 400
ONE 075 143 400
VIP 077 143 400

Донација на средства во денари: СМЕТКА
Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија
жиро сметка: 300000001327966
даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка

10917838_10153110080398395_461399302759271160_n.jpg
10915156_10153110079163395_2506400869852227747_n.jpg
10947295_10153110078688395_915414296073266580_n.jpg
1499613_10153110078823395_2503190078351119654_n.jpg
10959443_10153110078678395_7674615790240604301_n.jpg
10612791_10153110078923395_3675666696684780147_n.jpg
10934087_10153110079048395_2791112963259973516_n.jpg
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,530
14,439
1,683
Таму каде што треба
Црвениот крст на Република Македонија денеска информира дека е потребно да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.

Согласно направената проценка, информираат од Црвениот крст во моментот, има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција).

Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, со адреса ул. „Момин Поток“ бб, телефон за контакт: 3114 – 355.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош – жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка – донирање 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400. Хуманитарната акција започнува од денеска и ќе трае до 15 февруари.

Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување конкретна материјална помош.

Од Црвениот крст упатуваат благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Потенцираат дека согласно сопствените капацитети тие веднаш се вклучиле во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им била дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење.

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата.

Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Можете да донирате и на следниве места
  • Денес пред споменикот на Мајка Тереза се донираат облека, ќебиња, конзервирана храна, вода и слично во организација на студентскиот пленум.
  • Денес, а и секој работен ден може да донирате облека, ќебиња, конзервирана храна, вода и слично во хуманитарните пунктови отворени низ општината Карпош.
  • Можете да донирате во сите основни училишта и градинки на територијата на Општина Карпош.
  • Денес може да донирате облека, ќебиња, конзервирана храна, вода и слично и во ООУ „Александар Македонски“ во општина Аеродром.

    Да бедеме хумани и да помогнеме!
 

I love you

Полноправен Член
12 јануари 2015
29
17
8
25
Да бидеме хумани и да помогнеме на луѓето од поплавите.
Јас донирав неколку пати и донесов храна на училиште.
Тоа е да се биде хуман.
Донирајте и вие :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka and JaMi

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Донирав 100 денари преку телефон, и што ме изнервира уште повеќе, испадна дека сум донирал 118 денари со се ддв.
Ненормална работа.