Девојките и метал музиката

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Дали стварно ќе ја оставите темава со ваков вовед да функционира?
Значи ситуацијава на форумов станала повеќе од очајна.
Инаку, за девојките што слушаат метал музика го мислам истото што го мислам и за девојките што слушаат реге, турбо фолк.
Девојки се на крај на краиштата, не се монструми ниту пак марсовци.
Само, сметам дека стилот на облакање нема никаква врска со музиката која ја слушаш...
Јас сакам да слушам фламенко? Да одам ли со кондурчиња за тропкање низ град?!
:)
Има и нема...
Ако на дете му сервираш одреден стил на музика кој провлекува и одреден стил на облекување, и ако тоа го прифати истиот како лесно приемчив, музиката му лежи на увце, секако дека и ќе го практикува и стилот. Затоа што тоа и не знае поинаку.
Фламенкото не повлекува кондурчиња за тропкање, но ако уште од млади години детето го „репрограмираш да не сака да слуша ништо друго, тоа и ќе тропка со чевлите, ќе потскокнува.

Сакале или не, донекаде и стануваме робови на музиката. Затоа преопрачливо е да се експериментира во различни возрасти, различен стил, за да не се стане целосно неразбран и отфрлен од светот.
Оној кој од инает не сака да промени малку повеќе од дијапазонот и шареноликоста на музичкиот опус, го прави тоа само затоа што неговиот ограничен вкус му диктира така.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153

Види, кажувам дека нема врска стилот со облекување, со музиката која ја слуша, затоа што сѐ повеќе сум сведок на девојки облечени во црни маици од Металика, со 20 пирсови и кожни пантолони, кои често ќе ги најдеш на Пиво Фест во вечер кога гостува Здравко Чолич, или конкретно(најпресно такво искуство), на свирка од Кисми :)
Децата почнаа да се трудат да бидат она што не се, само за да бидат поинакви, впечатливи и тоа не е поради стилот на музиката, туку е поради што веќе не знаат што да праат со себе.
Само 30% (дали се и толку) од децата што тераат некаков стил, слушаат и таква музика.
- Ова е моја статистика, произведена од моја перцепција.

А инаку, дури и тоа облекување на тие што слушаат таква музика, мислам дека е само адолесценција(и немој тука со контра аргумент дека има луѓе што и на 50 години го тераат тој стил, знаеме дека пубертетот на некои „деца“ никогаш не завршува).
 
Angie28

Нов член
26 мај 2014
17
4
3
25
Никој не може да ти наметне мислење ако имаш цврст карактер и став. Јас слушам метал ама не сум ограничена. А тоа што некои се облекуваат само за да бидат "покул", а баш и не се, тие само докажуваат дека веќе не знаат што да прават со својот живот. Иако сум во пубертет не ми лудуваат хормоните и точно знам што сакам.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Никој не може да ти наметне мислење ако имаш цврст карактер и став. Јас слушам метал ама не сум ограничена. А тоа што некои се облекуваат само за да бидат "покул", а баш и не се, тие само докажуваат дека веќе не знаат што да прават со својот живот. Иако сум во пубертет не ми лудуваат хормоните и точно знам што сакам.
You're one of a kind! Неограничена + болдот + веќе знае што да прави со животот.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Никој не може да ти наметне мислење ако имаш цврст карактер и став. Јас слушам метал ама не сум ограничена. А тоа што некои се облекуваат само за да бидат "покул", а баш и не се, тие само докажуваат дека веќе не знаат што да прават со својот живот. Иако сум во пубертет не ми лудуваат хормоните и точно знам што сакам.
Уф :) Ќе сфатиш за некоја година, колку всушност ти лудуваат хормоните :) И колку всушност си имала погрешни сфаќања кои ограниченоста на самољубието не ти дозволувала да ги видиш.
Сите сме ги минале тие етапи, нема исклучоци. Можеби некое дете ќе успее повеќе од другото да ја контролира својата прекумерна енергија, ама дека потполно ќе се ослободи „од проблемите со хормоните“... не верувам :)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Никој не може да ти наметне мислење ако имаш цврст карактер и став. Јас слушам метал ама не сум ограничена. А тоа што некои се облекуваат само за да бидат "покул", а баш и не се, тие само докажуваат дека веќе не знаат што да прават со својот живот. Иако сум во пубертет не ми лудуваат хормоните и точно знам што сакам.
Уште си млада и мислиш дека животот ти е дефиниран од самата ти, што е одлика за твоите години.
Но не е баш така. Да не навлагаме во психоанализа на членови, кога и самата тема не е за тоа.
 
Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Мене ми се чудни сите металци :) Не ги разбирам и не припаѓам во тој свет..така да незнам шо да кажам друго во врска со темава.
Е како тоа чудни ти се а не ги разбираш. Чудно нели. Како разбра дека ти се чудни,на кој начин се чудни, во облекувањето?
И ја не ги разбирам металците од Јапан, Непал, Мароко... не ги разбирам ни збор, ама баш ништо :pusi

Секој си има свој вкус за музика, без разлика дали е нигерски рап или дерење на цел глас до засипнување и се тоа преплетено со електрична гитара која брзо и лудо свири или во превод таканаречено метал, дет метал, полужив метал. Ти што слушаш?
Да видиме дали си чуден,на кој свет припаѓаш ти, како да те сватиме пријателе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Види, кажувам дека нема врска стилот со облекување, со музиката која ја слуша, затоа што сѐ повеќе сум сведок на девојки облечени во црни маици од Металика, со 20 пирсови и кожни пантолони, кои често ќе ги најдеш на Пиво Фест во вечер кога гостува Здравко Чолич, или конкретно(најпресно такво искуство), на свирка од Кисми :)
Децата почнаа да се трудат да бидат она што не се, само за да бидат поинакви, впечатливи и тоа не е поради стилот на музиката, туку е поради што веќе не знаат што да праат со себе.
Само 30% (дали се и толку) од децата што тераат некаков стил, слушаат и таква музика.
- Ова е моја статистика, произведена од моја перцепција.

А инаку, дури и тоа облекување на тие што слушаат таква музика, мислам дека е само адолесценција(и немој тука со контра аргумент дека има луѓе што и на 50 години го тераат тој стил, знаеме дека пубертетот на некои „деца“ никогаш не завршува).
Здебеленово е клучно.... Тие повеќето слушаат music for the masses... но има и такви кои за да бидат уникатни, од инат слушаат нешто што не е толку популарно. И едните, и другите (хипстери) вкусот им е “изграден“ од чист инат/летаргија/претенциозност, you name it.Оние кои музиката им претставува задоволство, изградуваат вкус по свој терк. И не се ограничуваат исклучиво на анонимуси/music for the masses.
 
Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Е како тоа чудни ти се а не ги разбираш. Чудно нели. Како разбра дека ти се чудни,на кој начин се чудни, во облекувањето?
И ја не ги разбирам металците од Јапан, Непал, Мароко... не ги разбирам ни збор, ама баш ништо :pusi

Секој си има свој вкус за музика, без разлика дали е нигерски рап или дерење на цел глас до засипнување и се тоа преплетено со електрична гитара која брзо и лудо свири или во превод таканаречено метал, дет метал, полужив метал. Ти што слушаш?
Да видиме дали си чуден,на кој свет припаѓаш ти, како да те сватиме пријателе
Не му го сфаќам однесувањето, облекувањето нити музиката и убо си кажав дека не ги разбирам, бидејќи не спаѓам во тој свет а са ти као си свате то е твој проблем :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Outrider

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Исто ко emo-сите на времето. И јас се чувствувам несфатен кога во работничка облека пеам романска песна. Никој не ме разбира.
***
Моето мислење за девојките кои слушаат метал?
Само да се црвени.